Понекогаш е во ред да си изгубен

05.03.2020 15:45

Го сонував дедо ми Руфче, и напишав песна за него. Ѝ кажувам на мајка ми и таа веднаш: во сабота е Задушница, некому дај му чорапи и цигари, дедо ти сакаше добри чорапи и цигари.

понекогаш е во ред да си изгубен

го сонував дедо ми, со сина кошула како море
читаше весник, задлабочен како да нурка
сакав да го прашам како се чувствувал
кога му умреле две ќерки
NADMASIO STENLI METJUSA
стоеше исечок од весник во дневната
дедо ми бил фудбалер
од небесата

 

ОкоБоли главаВицФото