Две години од смртта на најосамената птица на светот

03.03.2020 14:24
Две години од смртта на најосамената птица на светот


 Кон крајот на јануари 2018, на новозеландскиот остров Мана пронајдена е мртва птица покрај својата бетонска реплика. Зошто оваа смрт го привлече вниманието на голем број светски медиуми? Се работи за Најџел, помеѓу екологистите познат како најосамената птица на светот, а кон трагичниот тон на приказната придонесува и неговата невозвратена љубов кон една бетонска птица. Минал неколку години на овој остров без ниту еден припадник од својот вид, но со 80 вештачки птици направени од бетон, една од кои за него имаше посебно значење. Најџел беше австралиски ганет, голема морска бела птица со жолтеника глава.

Како и многу други новозеландски видови птици, тие се загрозени, а тоа во голема мера е во полза на предаторите, како стаорците. Државата презема различни мерки за да го намали бројот на штетни предатори и да воспостави состојба што послична на онаа пред населувањето на Нов Зеланд за кој се претпоставувало дека претставувал рај за птиците. Островот Мана е своевиден научен резерват и многу погоден за обновување на видот бидејќи на него нема штетници, а во последните години се посадени околу 500 000 стебла. Многу загрозени видови птици, но и рептили и билки преминале на овој остров кој во 14 век го населувале Маори, но на кој шумите главно се расчистени во 19 век по пристигањето на Европјаните.

Најголемите конзерваторски напори ги презема новозеландскиот Департман за конзервација, како и бројните здруженија како „Пријатели на Мана“. Еден од потфатите на крајот од деведесеттите години било и поставувањето 80 бетонски ганети и звучници на соларен погон низ кој се пуштаат звуци од овие птици со цел да привлечат што поголем број единки на островот. Планот бил единките привлечени на овие мамци да создадат одржлива колонија, но било многу тешко да бидат излажани. Ретки биле случаите на птици кои навраќале и набрзо заминувале не обраќајќи внимание на бетонските имитации, сѐ додека пред неколку години не пристигнал Најџел, првиот ганет кој се доселил на овој остров во последните 40 години.

Не само што Најџел помислил дека тоа е навистина колонија птици, туку и посебно внимание му привлека една бетонска птица која ја избрал за своја партнерка. Истражувачите често преку интернет ги споделувале снимките од неговите безнадежни обиди за додворување и забележувале карактеристично дотерување па дури и правење гнездо. Со години живеел како единствен ганет на островот, минувајќи поголем дел од времето покрај својата замислена партнерка сѐ додека еден ден не бил пронајден мртов покрај неа.

Меѓутоа, Најџел не го завршил животот како единствен припадник од својот вид на овој мал остров, бидејќи неколку недели порано пристигнале уште три птици. Се претпоставува дека освен усовршените звучници, најголема улога во нивното довиквуање имал токму Најџел, кој сепак не остварил никаква релација со овие птици. Од друга страна, овие три птици меѓусебно комуницирале и конзерваторите полагаат надеж дека во иднина тие би можеле да создадат колонија, во што значаен придонес би имал и Најџел, најосамената птица која знаела само за пријателство со бетонот.

Колониите ганети живеат на острови и плажи, а паровите најчесто имаат едно сино јајце кое го греат со своите стапала. Две третини од популацијата на овие птици живее во Велика Британија а најголемата колонија се наоѓа во Шкотска и во 2014 година имала 75 000 парови.

Извор: www.nationalgeographic.rs