Антифашистите во Грција ги одбранија бегалците: нацистите завршија со крвави глави

06.03.2020 20:54
Антифашистите во Грција ги одбранија бегалците: Нацистите завршија со крвави глави

На островот Лезбос во Грција утрово дојде до инциденти помеѓу локалните грчки антифашисти и припадници на неонацистички групи пристигнати од европските земји.

Како што јавуваат репортерите, Марио Милер од Германија и Фабијан Русњак од Австрија стигнале на Лезбос со цел „лов на бегалци“ и испраќање порака дека бегалците не се добредојдени во „белата“ Европа.

Меѓутоа, локалните антифашисти и борците за човекови права брзо реагираа и ги одбранија бегалците, протерувајќи ги нацистите од каде што дошле.

На сликите објавени на социјалните мрежи се гледаат и крвави и скршени глави на двајца нацисти.

Синоќа во центарот на Атина беше одржан голем собир на кој учествуваа десетици илјади луѓе кои изразија солидарност со бегалците.

Нивниот слоган беше „Запрете ја војната против бегалците и мигрантите“ а собраната маса извикуваше и пораки како „Добродојдовте во Европа“.

Извор: https://vijesti.ba

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото