Што е Корона/Ковид-19 вирусот и што навистина нè научи?

24.03.2020 15:55
Што е Корона/Ковид-19 вирусот и што навистина нè научи?

Текстов можеби и не го напишал Бил Гејтс, но молневито се рашири под неговото име. Сеедно, пораките се добри. (Окно)

 

Силно верувам дека сè што се случува има своја духовна цел, без оглед дали тоа го сметаме за добро или лошо.

Бидејќи размислувам за ова, сакам да споделам со вас што сметам дека навистина ни прави вирусот Корона / Covid-19:

1.Нè потсетува дека сите сме еднакви, без оглед на нашата култура, религија, занимање, финансиска состојба или колку сме славни. Оваа болест нè третира сите подеднакво, можеби и треба. Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.

2. Нè потсетува дека сите сме поврзани и нешто што влијае на една личност има ефект врз друга. Нè потсетува дека лажните граници што ги поставивме не вредат многу, бидејќи на овој вирус не му треба пасош. Тоа нè потсетува, угнетувајќи нè за кратко време, на оние во овој свет, кои целиот живот се угнетени.

3.Нè потсетува колку е скапоцено нашето здравје и како тргнавме да го занемариме со јадењето преработена храна без хранливи материи и пиејќи вода загадена со хемикалии преку сите граници. Ако не се грижиме за нашето здравје, секако ќе се разболиме.

4. Нè потсетува колку е краток животот и на она што е најважно за нас, а тоа е да си помагаме едни на други, особено на оние кои се стари или болни. Нашата цел не е да купуваме тоалетна хартија.

5. Нè потсетува на тоа колку материјалистичко стана нашето општество и како, кога во време на потешкотии, се сеќаваме на најважните работи што ни се потребни (храна, вода, лекови), наспроти луксузот кој понекогаш непотребно високо го вреднуваме.

6. Нè потсетува на тоа колку е важно нашето семејство и домашниот живот и колку сме го запоставиле тоа. Сето ова нè принуди да се вратиме во нашите домови за да може повторно да ги изградиме и да ги зајакнеме нашите семејни заедници.

7.Нè потсетува дека нашата вистинска работа не е нашата професија, тоа е она што го работиме, но тоа не е целта на нашето постоење.
Нашата вистинска работа е да се грижиме едни за други, да се заштитиме едни со други и да бидеме корисни за другите.

8. Нè потсетува дека треба да го контролираме своето его. Ни кажува дека колку и да мислиме дека сме извонредни или колку другите да мислат дека сме извонредни, вирусот може да го замре нашиот свет.

9.Нè потсетува дека силата на слободната волја е во наши раце. Можеме да одлучиме да меѓусебно соработуваме и да си помагаме, да споделуваме, даваме и меѓусебно да се поддржуваме или можеме да избереме да бидеме себични, материјалисти, да се грижиме само за себе. Навистина, проблемите ги откриваат сите наши бои.

10. Нè потсетува дека може да бидеме трпеливи или може да паничиме. Или можеме да сфатиме дека ваква ситуација во историјата се случила многу пати и ќе помине, или можеме да дигаме паника и да ја гледаме како крај на светот и според тоа да си нанесеме повеќе штета отколку корист.

11. Нè потсетува дека ова може да биде крај или нов почеток. Ова може да биде време на размислување и разбирање, време во кое учиме од своите грешки, или ова може да биде почеток на циклус кој ќе продолжи и понатаму сè додека конечно не ја научиме лекцијата што ни е наменента.

12. Нè потсетува сите нас дека оваа Земја е болна. Нè потсетува дека на брзината со која се сечат и исчезнуваат шумите треба да го гледаме со иста загриженост како и кога гледаме со колкава брзина ја снмува тоалетната хартија од полиците. Болни сме зашто нашиот дом е болен.

13. Нè потсетува дека по секоја потешкотија секогаш станува полесно. Животот е цикличен, а ова е само фаза во тој голем круг. Не треба да креваме паника и ова ќе помине.

14. Иако многумина го гледаат коронавирусот/ Ковид-19 како голема катастрофа јас повеќе сакам да го доживеам како „голем коректор“, испратен да нè потсети на важните лекции што сме ги заборавиле, а од нас зависи дали ќе ги научиме или не.

 Слики: Nate Kitch

Извор: newsparliament.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото