Медиум на друм (72): Културата и технологиите за контрола (2)

18.04.2020 16:49
Медиум на друм (72): Културата и технологиите за контрола (2)

 

Културата на иднината

Ситуацијата станува потенцијално поопасна со оглед на фактот дека во новите медиуми сѐ повеќе доминира драматична концентрација на капиталот на приватниот интерес, како и отсуство на заштита на јавниот интерес од страна на политичките претставници на општествената заедница во целина. Јавната сфера може најдобро да се развива независно од државата и доминантните бизнис интереси. Логиката зад контролата над медиумскиот пазар моќно се противи на негувањето и формирањето на јавната сфера, а дисфункционалноста на медиумскиот пазар го создава клучниот недостаток на соучесничката медиумска култура. Општеството обликувано со технолошките системи и дигиталната комуникација би требало да го задржи гледиштето во кое слободата во сферата на културата може да се користи активно, а употребата и вредностите не се исклучиво подредени на профитот.

Се чини затоа е потребно да се прошири основата на разбирањето, да се поддржи широка дискусија за политичките импликации на информатичките и комуникациските технологии и да се подигне нивото на свеста за спорните прашања. Потребно е со големо внимание да се набљудуваат настаните кои се однесуваат на нападите на приватноста и базите со податоци, дигиталната дискриминација, зависноста од Интернет и влошувањето на условите на работното место, исчезнувањето на јавната сфера во дигиталниот свет, проширувањето на авторското право кое ѝ носи корист на индустријата со содржини и на IP (интелектуална сопственост) лобито кое е против јавниот интерес, воспоставувањето еднострани технолошки стандарди, милитаризирањето на сајберспејсот и новите можности за ширење дезинформации.

Во светло на овие мошне обесхрабрувачки факти, постојат изненадувачки голем број примери за еманципирана употреба на информативната и комуникациската технологија која може да се најде ширум светот и која несомнено стана основно оружје во рацете на активистите за човекови права во сферата на политиката и културата. Тие групи и поединци го одржуваат духот на општествената употреба на комуникациските мрежи и даваат пример за ополномоштување преку новите технологии.

 

Речник на тактичката реалност:

Двосмислени информации
Услужна релевантност
Модели на однесување
Мрежа на верувања
Принуден континуум
Когнитивно окрупнување
Постојани илузии
Шеми за контролирање
Корпоративна разузнавачка дејност
Критички хедонизам
Контраразузнавачка дејност во сферата на културата
Разузнавачка дејност во сферата на културата
Разузнавачка дејност за управување и контрола на сајбер заговори
Измамничка комуникација
Измамничка разузнавачка дејност
Декогнитивна обука
Дигитална екологија
Дигитални човекови права
Димензионално врамување
Нација од соништата
Електрични чувства
Вградени команди
Проширен е-скапизам
Експертски системи
Принудување на објаснување
Климава логика
Наследство за иднината
Хиперполитика
Хипертопологија
Индукциски кодови
Напад на инфотелата
Модулација на биолошката реакција на инфотелата
Интелигентен Пандемониум
Невидлива разузнавачка дејност
Претстава на знаењето
Левијатански суперсистеми
Магнетно месечарење
Мекврување
Манипулативни модели
Робови на памтењето
Конструирање сеќавања
Состојби на памтење
Хипнотизирани податоци
Микрибранова дискомуникација
Модификација на умот
Модели на умот
Врежани слики
Несмртоносна акција
Откривање модели
Препознавање модели
Управување со забележување
Забележување шаблони
Убедувачко влијание
Убедувачка интернализација
Проект на пропаганден погон
Психотроничка симулација
Инженеринг на реалноста
Сетилно-лингвистички програми за инфилтрација
Социјален стајлинг
Проверка на правопис
Државна контрола
Структурална измама
Симболичен поредок
Синхрониски Изопраксис
Синтетички култови
Синтетички светови
Тактичка вистина
Тактички синреализам
Телеприсутни заразни состојби
Голем, активен и жив систем на разузнавачка дејност
Виртуелна патрола
„Кој е кој“ анонимност

Извадок од книгата „Речник на тактичката реалност“

(продолжува)



Избор: Никола Гелевски
Превод: Алек Кузмановски
Гифови: Nicolas Monterrat
Извор за текстот: Konrad Becker – Culture and Tecnologies of Control (2004)

Медиум на друм (71): Културата и технологиите за контрола (1)

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото