Дигиталното знаење во време на корона

21.04.2020 15:22
Дигиталното знаење во време на корона

Извадок од интервјуто на Јосипа Лулиќ со теоретичарот, уредник и професор Петар Јандриќ, за знаењето и образованието во „дигиталната доба“ и контекстот на пандемијата, за „Културпункт“.

Слободниот пристап до книгите и прилозите е еден од основните пристапи на образвованието. Сведоци сме дека претплатите на списанија денес толку се скапи што ниту големите институции не можат да ги плаќаат, додека ценат на научните монографии неретко се пресметува во стотици евра. Разговаравте со Марсел Марс и Томислав Медак околу идејата за слободни бибилиотеки – можете ли да ни кажете нешто повеќе околу тоа?

Во денешното постдигитално општество слободниот пристап до информации и знаење е од клучна важност за општествениот развој. Меѓутоа, создавањето знаење и неговото обликување во книги и прилози некој исто така треба да го плати – како произведувач на знаење и како уредник, за својата работа треба да примам адекватен надоместок. Сегашните издавачки модели во кои произведувачите на знаење живеат речиси од ништо, а корисниците плаќаат огромни цени за пристап до знаење, го погодува сѐ помалиот број посредници помеѓу произведувачите и корисниците. Овој однос додатно се комплицира со фактот дека произведувачите и корисниците на знаење често не може лесно да се раздвојат – во својата научна работа, односно во процесот на развој на знаење, директно зависам од користењето порано објавени извори на знаење.

Академското издаваштво е комплексен процес што има бројни фукнции. На пример, во процесот на објавување академски списанија предадените прилози главно подлегнуваат на процес на двојна ( некогаш и тројна) анонимна рецензија, во текот на која текстот се одбива или прифаќа за објавување. Прифатените прилози се даваат на усовршување, а рецензијата служи како своевидна потврда на нивната веродостојност. „Postdigital Science and Education“ во просек го прифаќа секој шестти примен прилог; како младо списание сѐ уште сме релативно „нежни“ кон авторите. Работата на уредувањето на списанието, изрботката на рецензии и други академски работи врзани за објавувањето во научните списанија проучувачите ги објавуваат без материјален надомест. Сите истовремено сме и автори и рецензенти – јас денес бесплатно ќе го рецензирам твојот текст, ти утре бесплатно ќе го рецензираш мојот текст. Меѓутоа, останатите работи врзани за објавување на научните трудови не се организирани волонтерски, па издавачите пронаоѓаат различни модели на наплата на пристапот на научните работници.

Во последната деценија академските издавачи преживуваат слични трендови како и бројни други индустрии. Малите и средните академски издавачи пропаѓаат или едвај преживуваат; оние поуспешните главно ги купуваат поголемите пазарни играчи. Таквото окрупнување довело до ситуација во која олигопол од пет најголеми академски издавачи (Elsevier, Springer, Wiley-Blackwell, Taylor & Francis i Sage) ги поседуваат повеќе од половина од сите академски бази на податоци, а пристапот до тие бази на податоци го наплаќаат по безобрано високи цени. За разлика од малите издавачи кои главно се фокусираат на напредок во своите локални средини, големите издавачи не враќаат профит во производството на знаење. На тој начин, плодовите на работата на научната заедница завршуваат во џебовите на ионака пребогатите сопственици на мал број издавачки компании. Тој модел е исклучително штетен за општеството во целина и потребно е итно да се менува.

Секако, треба да се напомене дека оваа критика се однесува на глобалната академска издавачка индустрија и не може да се примени на издавачите кои објвуваат други видови содржини (поезија, белетристика итн.) и на издавачите што објавуваат на малите јазици како хрватскиот. Нашите домашни издавачи не се никакви профитери – тие се културни рботници без кои нашата култура не би постоела и кои главно работат во прекарни услови на раб на преживување. Во време на коронавирус, кога весниците пишуваат надолго и нашироко за херојството на нашите доктори, пожарникари и продавачи во борбата против заразата, тешко е да се говори за долгорочни теми како развој на културата. Сепак, морам да инсистирам: нашите локални издавачи, кои со години ја градат хрватската култура во недостојни услови, спаѓаат во бројните невидливи херои на нашата земја.

Заедно со политиката и економијата, технологијата е третиот клучен аспект на развојот на издавачката индустрија – електронските списанија и книги го променија начинот на кој пишуваме, читаме и објавуваме. Политичката економија на главнотековното академско издаваштво оттаму произлегува од комплексни меѓугри на голем број актери, вклучително и академските издавачи, произведувачите на знаење, и активистите односно хакерите. Издаваштвото е облик на општествено производство кое се одвива во сферите на економијата, политиката и културата, кои во поголема или помала мера применуваат и развиваат стари и нови технологии. Работата на Марсел Марс и Томислав Медак е добар пример за вонинституционални проекти кои значајно влијаат врз глобалното академско издаваштво – директно, со споделување содржини, и индиректно, со работа на формулирање нови идеи и политики. Разговорот со Марсел и Томислав со голема гордост во вброив во „Знаењето во дигиталното доба“ – тој покажува дека дома, во загрепскиот клуб „Мама“ кој се наоѓа на неколку стотини метри од мојот стан, имаме луѓе кои значајно влијаат врз глобалната политика и пракса на академско издаваштво. Пред само неколку дена, Марсел и Томислав објавија вредно ново интервју кое секако го препорачувам за читање.Пресекот на дигиталното и педагошкото најјасно се отчитува кога се разгледува темата за онлајн подучувањето. Ја интервјуирвте Сиан Бејн, која соделуваше во пишувањето манифест за онлајн подучување; таа говори како физичката оддаеченост може да стане позитивно начело. Со карантинот воведен после епидемијата на вирусот корона подучувањето на далечина наеднаш стана норма во голем дел од светот, вклучително и во Хрватска. Можете ли да го дадете своето видување за подучувањето на далечина во ваква ситуација?

Пред сѐ сакам да кажам дека Манифестот е преведен на хрватски јазик – секако препорачувам да го прочитате.

Со учењето на далечина се бавам речиси 20 години, а прашањето што го поставувате во целиот тој период е во основа непроменето. Дали е подобро да се учи, односно подучува, лице в лице или преку компјутер? Одговорот е исто така непроменет: кога како. Една комбинација на ученици, учители и наставна содржина ќе биде поуспешна онлајн, а некоја друга (понекогаш многу слична) комбинација на ученици, учители и наставна содржина ќе биде поуспешна лице в лице. Најчесто ниту онлајн наставата лице в лице нема во потполност да одговори на нашите барања, туку оптималното решение ќе го пронајдеме во некоја комбинација на физика и виртуелна работа.

За жал оние кои се надеваат на едноставни одговори, брзи и/или евтини решенија за успешноста на учењето и подучувањето – без оглед на медиуот – зависи од едно многу едноставен, но исклучително скап и захтевен рецепт: континуирано стручно усовршување на учителот, наставникот и професорот; квалитетна административна, техничка и друга инфраструктура; адекватна општествена положба на учителите, наставниците и професорите; општествена клима во која знаењето е на цена - тоа се некои од најважните елементи за долгорочен успех на системот за воспитување и образование. Пред неколку години го доведов колегата Јуха Суорант од Универзитетот во Тампере во Финска на тркалезна маза за обрзованието во склоп на 11-от Субверзив фестивал. Темата на дисксусијата беше „Дали може да се воведат образовни реформи – лекции од Финска“ а одговорот на Јуха беше болно едноставен. Вложувајте во стручно усовршување на наставниците, нивната општествена положба, и нивните плати. Издржете во тоа вложување едно 30-40 години и резултатите нема да изостанат!

Како што веќе и врапчињата знаат, според нејзиниот БДП, Хрватска е една од најсиромашните земји-членки на Европската унија. Но бројот на домаќиства со интернет пристап кај нас е поголем отколу во земјите како Грција, Португалија и е ецелосно споредлив со една Унгарија, Полска или Италија. Значи, кај нас повеќе домаќинства имаат интернет пристап отколку што тоа би се очекувало според нашиот БДП. Според моите искуства, слични заклучоци важат и за нашето образование. Нашите школи и факултети се полни со проблеми, но и понатаму пружаат повеќе отколку што предвидува нашиот БДП. Погледнете го здравството! Хрватскиот БДП е меѓу најмалите во Европа, но Хрватска е моментално една од успешните европски земји во борбата со коронавирусот. Поедноставено – хрватските капиталисти и претприемачи да работеа толку добро колку што работат хрватските информатичари, учители и лекари, Хрватска би била далеку побогата отколку што е денес.

Хрватските школи и факултети одговорија на пандемијата на коронавирусот компетентно и одговорно. Во овој одговор имавме многу среќа, бидејќи пандемијата изби во екот на опсежни образовни реформи што школите ги исполни со опрема, а учителите, наставниците и професорите ги запозна со теориите и праксите на учењето на далечина. Ова секако не значи дека итниот премин на онлајн настава секаде мина глатко. Говориме за речиси милион ученици, студенти, учители, наставници, професори, административен и технички персонал, и родители – би било чудно во тој процес да нема проблеми! Во овој миг, меѓутоа, потребно е да се фокусираме на позитивните аспекти на тој процес и проблемите да ги решаваме во од. По звршувањето на пандемијата ќе имаме години и години за анализа, пронаоѓање грешки и оптимизација на процесот за во иднина.

Во оваа ситуација одредени здруженија и поединци станаа уште погласи во заговарањето на можноста за школување од дома. Астра Тејлор во својата книга донесува некои од своите искуства – рашколување, низ призмата на идејата за ослободување на детето; од друга страна, постојат и примери на конзервативни родители, кои на пример, не сакаат да ги изложат своите деца на учење за еволуцијата.

Темата рашколување, одшколување, односно школување од дома, се провлекува низ литературата и политиката од древна Грчка. Во дваесттиот век развиени теории се појавиле во делата на Еверет Рајмер, Иван Илиќ, Пол Гудман, Џон Холт, Мет Херн и други. За татко на современата теорија на рашколувањето (dechooling) главно се смета Иван Илиќ. Во познатата книга „Deschooling Society“ (1971) Илиќ заговара концепт на рашколување кој се однесува на напуштање на традиционалниот школски систем како составен дел на поголеми општествени реформи. Утопискиот пристап на Илиќ инспирирал бројни наследници, кои понатаму го развиле на различни начини.

Одшколувањето (unschooling) е традиција која се темели на работата на Иван Илиќ, Џон Холт, Ема Голдман и различни анархистички пристапи. Во „Знаењето во дигиталното доба“, Астра вели: „Одшколувањето се темели на многу едноставен поглед на човековата природа: дека човечките суштества се родени да учат, дека ние сме животни што учат и дека возрасните треба да овозможат олеснување на таа тежина. Бебињата учат да говорат без да одат во школа за говорење, учат да чекорат без да одат во школа за одење. Секако, луѓето преземаат вештини од окружувањето, не живеат во вакуум, туку со самото постоење во светот, со тоа што сме луѓе, имаме природен порив за тие активност. Визијата на одшколувањето на децата е обид да се пушти да се развива тој вроден нагон за учење.“ Откако некои познати личности ги одшколуваа своите деца, популарноста на одшколувањето во Америка и Европа расте со појавата на хипи-движењето.

Школувањето од дома (homeschooling) е попопуларна традиција која дели некои заеднички црти со рашколувањето и одшколувањето, но нуди радикално поинакви одговори. Школувањето од дома обично го практикуваат оние кои се плашат дека „школите“ ќе ги расипат нивните деца низ учење теории како еволуција, сексуално образование итн. Школување од дома исто така спроведуваат оние кои своите деца сакаат да воспитаат во духот на некоја специфична религија или пак сакаат од нив да направат врвни спортисти, музичари итн. Според Тејлор, „заговорниците на таквото школување истовремено ја реплицираат основната структура на училиштето, дома. Имаат план на настава, работат домашни задачи, полагаат стандардизирани тестои, а родителите – често мајката – дејствуваат како учители“.Каде гледате проблеми и можности на школувањето од дома? Прашањето на обврзните јавни школи во локален контекст не можеме да го набљудуваме надвор од наследството на социјализмот, како ниту поголемиот дел од јавниот сектор. Како гледате на улогата на јавните институции?

Проучувајќи ја таа пробематика, првенствено низ призмата на работата на Иван Илиќ и реконцептуализацијата на неговите идеи за нашата постдигитална доба, може да се види дека дискусиите околу школвуањето дома, одшколувањето и рашколувањето секогаш се вртат околу пет широки и меѓусебно поврзани теми: слобода, автономија, индивидуални социјализации, групни социјализации и привилегии.

Слобода. Школувањето од дома се темели на слободарското уверување дека луѓето треба да имаат слобода на одлучување што, како и кога ќе учат. На спротивната страна на аргументите се наоѓа поглед на школувањето од дома како особдување од образовните, општествените и други облици на репресија. Слободата која овозможува школување од дома донесува лична самоопределба. Меѓутоа, слободата секогаш доаѓа во пар со одговорноста, па критичарите на рашколувањето тврдат дека погрешните одлуки што ги донесуваат рашколуваните поединци стануваат одговорност на целото општество (на пример, преку надоместоците за невработени).

Автономија. Автономијата на поединецот е поврзана со начините на кои го минуваме времето. Некои временски аранжмани директно се поврзани со начините на работа во индустриските и постиндустриските општества – на пример, работното време на школите главно одговара на работното време на родителите. Школите значи не се само институции за воспитување и образование – тие се во подеднаква мера и институции за грижа за децата додека родителите се на работа. Личната автономија на поединците, во обликот на учење кога сакаат, директно влијае на семејството и општеството. Тоа доведува две паралелни линии на критика: (1) рашколувањето негативно делува на пошироки општествени односи и (2) рашколување може да си приуштат само привилегираните.

Индивидуална социјализација. Рашколуваните типично учат сами. Се поврзуваат со други луѓе користејќи различни алатки и технологии, и нивното учење типично се одвива во семејно опкружување, но рашколуваните сепак губат многу аспекти на социјализацијата со врсниците што ги нуди училиштето.

Групна социјализација. Целта на школите не е само индивидуална социјализација.Таа има и важна улога на подучување на заедничкиот јазик, општествените норми, знаењето и вештините, во некој општоприфатен курикулум. На тој начин, школите развиваат свесни граѓани кои се однесуваат на општествено прифатливи начини и кои можат да одлучуваат за сопствената иднина и иднината на општеството. Еден од најважните американски философи на дваесеттиот век, Џон Дјуи, оттука го поистоветува школувањето со демократијата. Во контекст на рашколувањето, Астра Тејлор тврди дека „слободата и автономијата влегуваат во судир со демократијата“.

Привилегија. Веројатно најчестата критика на рашколувањето е дека се работи за привилегиран проект, кој е ограничен на оние родители кои можеле да си приуштат децата да се школуваат дома. Најчесто споменувани аспекти на оваа критика се дека : (1) Многумина не можат да си приуштат да останат дома, а таа привилегија често е ограничена на побогатите и пообразовани родители; (2) Во семејставата кои можат да си приуштат рашколување, родителот кој останува дома обично е мајката; (3) Родителите кои можат да си приуштат рашколување различно се образовани, што се рефлектира на нивната способност да ги одгледаат децата; (4) Школувањето на сиромашните и рашколувањето на богатите потекнува од општествената нееднаквост и општествената репродукција.

Пред имплементацијата, секоја пракса на школување од дома, рашколување и одшколување треба да се обезбедат уверливи одговори на овие пет прашања. Социјализмот даде еден вид одговор, капитализмот даде друг, а посткомунистичките земји како Хрватска живеат во некаква комбинација на тие одговори. Меѓутоа, од минатото многу повеќе ме интересира иднината. После сегашната криза предизвикана од коронавирусот, стана критично јасно колку се важни јавните служби како јавното здравство и јавното образование. Одеднаш сите бројат респиратори, повиците за приватизација речиси целосно исчезнаа од јавиот простор. Меѓутоа, заканата од приватизација само привремено спие, и одново ќе се разбуди штом почувствува дека е тоа можно. Мислам дека како општество треба да го искористиме просторот што настана во кризата, и завршувањето на кризата да го искористиме за зајакнување на јавниот сектор.

Извор: Културпункт

ОкоБоли главаВицФото