Овошје со чувства

11.05.20 13:45

Американскиот илустратор Шон Чармац ( Sean Charmatz) на секојдневните предмети, овошја и растенија  им додава човечки својства. Во неговите илустрации тие добиваат универзални емоции: изненадување, фрустрација и заедништво.

Со додавање на едноставни црни линии на овошјето, растенијата и канцелариските материјали, Чармац ги претвора овие инаку незабележителни објекти во знаци со кои може да се поврземе.

Уметникот од Калифорнија стана популарен на Инстаграм со неговите  цртежи. Но, тој исто така има долга биографија во Холивуд. Чармац работел на неколку филмови на продукциите „Дизни“ и „Дримворкс“, а работел и на шест детски телевизиски филмови. 

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото