ГРАДОТ - книга 1 - НЕРЕД И ГРОТЕСКА

30.11.2010 13:42
036-Gradot-1-Nered-i-groteska.jpg

Кога Гилгамеш, легендарниот сумерски принц и авантурист, се враќал од своите опеани талкања, најпрвин се симнувал во водата на одбранбениот круг околу тврдините и ја завлекувал раката во калта за да провери дали добро се држат темелите на градот.

Веројатно се плашел од тонењето на својот мил град, Урук.

Оваа нова едиција, чии први три книги ги претставуваме, има намера, меѓу другото, да ги преиспитува и чува темелите пред сѐ на нашиот сопствен град, но и духовните темели на градот сфатен како цивилизација, пристојност и толе­рантност. Како што потсетува големиот архитект, урбанист и писател, Богдан Богдановиќ, зборот урбанитет од 14 век па сѐ до денес во повеќето европски јазици го означува истото: артикулираност, стокменост, усогласеност на мислата и зборот, зборот и чувството, чувството и движењето...

За Книга 1: НЕРЕД И ГРОТЕСКА; разговори и сатири за проектот „Скопје 2014“, од 13 автори: Георги Константиновски, Борис Чипан, Јасмина Силјаноска, Ана Ивановска, Минас Бакалчев, Јован Ивановски, Владимир Петрушевски, Небојша Вилиќ, Сузана Милевска, Копач, Арвидас Кртина, Ирена Цветковиќ и Пандалф Вулкански;

Другите книги од едицијата можете да ги видите тука:
ГРАДОТ - книга 2 - КРАДАТ ГРАД!
ГРАДОТ - книга 3 - АРХИТОРТУРА И ГРОБАЛИЗАЦИЈА

Бесплатно преземете ја од линкот подолу:

ПрилогГолемина
036-Gradot-1-Nered-i-groteska.pdf3.75 MB

Слични содржини

Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото