Чудо

17.07.2020 17:26

Месечина зрее во гранките од тополите.
Зората им отвора рани во очите на рибарите –
им се брануваат рацете –
ластовици се од крв
што се мачат да полетаат.
Зората им отвора рани во устите.
Радио.
Да фатат барем една риба
ќе може да се смета за чудо.

Исус чекори по водата,
свет ветер му ги гали брадавиците,
светиот дух му го пуши прозрачниот, жалослив фалус
Водата си има свој живот.
Калуѓерки, обли камења,
слегуваат на капење меѓу гугутките.
Птиците се грижат за нивната голотија.
Утрото е чисто.

Дамка од вино се шири врз езерото,
плутаат залаци леб
Утрото е чисто.


Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото