Job Blues

27.07.2020 16:58

Со брзи скокови дотрча до паркот. Сипеше дождец.
Скина некој широк лист и си ја покри главата.
Потоа се ослободи од кошулата.
Па од чевлите.
Застана на брегот од езерцето, се загледа во водата,
ги закопа стапалата во црна тиња и се заниша на ветрот.
Беше отпуштен од работа и слободен.

Нема ништо, ниту имало, ниту ќе има.
Облаци и уште облаци.
Љубопитна пајка му ги клукна стапалата. Раката му се стори молња,
ја вчопи и ја стегна. Потоа со обете раце
ѝ ја свитка шијата, како што селски деца скубат кокошки.
Пајката претрча речиси десет метри
без глава
и се струполи на работ
од езерото.

Водената површина се разбранува, помодре.
Стоеше така божем навалена одводна цевка
и мочаше ли мочаше.
Без кошула.
Изѕемнат.


Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото