Дојди

22.07.2020 12:50

Дојди да водиме љубов, а не стварност.
Не ми остана ни трошка сила за да умирам
и да умрам.
Оваа другост, твоја и моја,
е помалку опасна (или јас
барем така мислам).
Не, не обидувај се
да ме разбереш.
Напротив,
сметај ме за непријател,
следи ме притаено,
биди на штрек.
Набележи ги
сите стражарници,
сите тајни премини,
соучесници,
атентатори.
Накусо,
подготви се колку што можеш.
Подоцна,
коцката ќе е фрлена –
и не ќе е веќе јасно
кој е двоен агент
и кој е мотивот за убиство
и кој
ја искина
таблата за не-лути-се-човеку.

Ниту, пак, ќе е јасно
чиј е
извештајот погоре. Точка.
Прочитај го пак. Читај меѓу редови.
Прекодирај. Уништи го секој доказ.
Спремна?
Тогаш дојди,
ќе водиме љубов.


Превод: Зоран Анчевски
 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото