Да не се лажеме, луѓе, земјава е во очајна состојба!

27.08.2020 19:02

Се восхитуваме на фотошопираните и филтрирани фотки од убавините на Македонија.

Да, убава е, прекрасна е оваа земја и има безрој чуда на толку мал простор собрани. Но просторот кој води до нив е како пеколна отсечка.

Што гледаме по патиштата ова лето? Бескрајни депонии, искасапени шуми, обраснати патеки, затнати чешми, уништена инфраструктура, распаднати стари историски градби, испокршени патокази и инфо табли...

На пример само по патот кој води до двата најскапоцени бисери на средновековната уметност, водочкиот и вељушкиот манастир морате да поминете низ сцени од апокалипсата.

Раскопани патишта, километри депонии и речно корито кое наместо вода е полно со пластика и стар мебел.

Да не се лажеме луѓе, земјава е во очајна состојба!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 27.08.20.