Како ѓубрето може да се претвори во туристичка атракција

26.08.2011 14:47
Како ѓубрето може да се претвори во туристичка атракција

Иако ваквите ситуации се ретки, понекогаш природата нè учи дека некои човечки грешки можат да се исправат. Ова е приказна за едно од неколкуте места во светот каде што човечките погрешни одлуки по десетици години природата ги претворила во туристичка атракција.

Имено, кон средината на минатиот век кај жителите на гратчето Форт Брег (Fort Bragg) на калифорнискиот брег се воспоставила една апсолутно непристојна, но тогаш прифатлива навика своето ѓубре и отпад да ги фрлаат во океанот или во клисурата на работ од градот, па тој простор бил наречен „The Dump“ и бил прифатен како јавно ѓубриште. Освен секојдневниот отпад кој вклучувал и значителни количини стакло, луѓето фрлале и стари коли, апарати за домаќинство и друго. На почетокот на 1960-те кај градските власти конечно се разбудила еколошката свест па (за почеток) било забрането фрлање на секаков токсичен отпад. Во 1967 г. одговорните професионалци од North Coast Water Quality Board сфатиле каква грешка направиле со повеќегодишното допуштање на таквото одлагање на сметот, па таа пракса била забранета, а депонијата била преместена далеку од океанот.

И откако било забрането фрлањето отпад, автомобилските каросерии и останатиот крупен отпад биле отстранети. Но, шишињата насобрани со години трупање, т.е. парчињата скршено стакло морските струи и бранови ги преобликувале во стаклести камчиња. Милиони бели, кафени и зелени стаклени каменчиња сега го исполнуваат речиси целиот простор на плажата, создавајќи ја неверојатно убавата „Glass Beach“.

Сега, кога туристите навалија да го посетуваат овој необичен простор, тој беше ставен под заштита, а посетителите можат само да се капат, но не и да земаат со себе од измазнетите стакленца.

Извор: pogledaj.to