Убави, надреални, понекогаш застрашувачки графики

21.11.20 15:54

Џеко Паткер (Jaco Putker) се смета себеси за обичен човек кој само сака да се создава. Тој не е сосема сигурен што значи поимот „уметник“ - освен што сугерира некој што има слобода да создава што сака. Кога Паткер работи, тој се обидува да не размислува премногу за она што го прави, бидејќи размислувањето му ја убива креативноста.

Тој е уметник и графичар од Хаг, Холандија, а во изработката на своите дела користи дигитални и традиционални графички методи. Но претпочита да работи со фотополимер или соларна плоча што му овозможува да произведе извонредни фотореалистични слики.

Неговите дела се чудни, надреални и фантазмагорични. Понекогаш забавни, но почесто застрашувачки.

Паткер не нуди никакво толкување на значењето на неговите слики. Дури и насловите не нудат клуч. Тие се само едноставни описни искази како „Девојчето и печурките“ или „Момчето и маските“. Неговата намера е самиот гледач да го протолкува тоа што го гледа на сликата и да создаде свој наратив.

Добитник е на повеќе награди и ги изложувал своите слики низ целиот свет од Токио до Чикаго, Кина до Велика Британија.

Тој тврди дека никој не влијаел врз него како уметник, освен неговиот постојан интерес за „природата и за тоа како функционира таа, за нејзиното совршенство и моќ за обновување и уништување“.

Извор: flashbak.com

ОкоБоли главаВицФото