Парите сепак можат да купат среќа

12.03.2021 01:36
Парите сепак можат да купат среќа

Пред повеќе од десет години истражувачите укажаа дека среќата може да се купи со пари и дека тоа чини околу 75 000 долари годишно. Оваа комплицирана студија доби Нобелова награда, а економистите истражувачи успеаја да го објаснат начинот на кој парите ја зголемуваат среќата, но и каде се наоѓа платото, после кое повеќе пари не влијаат на уште поголемата среќа што ја чувствуваме. Ова истражување покрена дискусија во јавноста, но и на илјадници блогови.

Очигледно е дека парите можат да купат среќа така што ќе можеме да си обезбедиме сè што ни е потребно за да бидеме стабилни, но ако имаме за многу повеќе од тоа, тоа не значи дека ќе бидеме среќни. Мултимилијардерите Илон Маск и Џеф Безос можеби се многу побогати од нас, но не се посреќни. Единствено што е проблематично е што многумина мислат дека би биле многу посреќни ако имаат милиони. Едно ново истражување објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences вели дека бројката од 75 000 долари во принцип е срање, и дека среќата продолжува да расте и после оваа заработена сума.

Ова истражување, насловено Experienced well-being rises with income, even above $75,000 per year, јасно ги истакнува своите сознанија: „Немаше докази дека постои одредено ниво на богатство кое влијае на помалата среќа, што укажува дека поголемите приходи често се поврзани со подобро чувство во секојдневието и поголемо задоволство во животото генерално.“

Ова ново истражување го спроведе Мет Килингсворт, соработник од бизнис школата Вортон при Универзитетот во Пенсилванија. Неговото исстражување имаше 1 715 994 примероци добиени од 33 391 вработено возрасно лице во САД. Примероците ги собрал преку апликацијата Track Ypur Happiness. „Апликацијата функционира така што бара од луѓето да се изјаснат како се чувствуваат во одредени моменти од секојдневниот живот“, рече Килингсворт за Motherboard преку апликацијата Зум. „Одговараат на неколку прашања за своето искуство, како и како се чувствуваат, што работат и уште некои други прашања.“

Исто така, Килингсворт собрал основни податоци за приходите на корисниците на апликацијата. „Бев навистина заинтересиран да дознаам каква е врската помеѓу приходите и задоволството во животот.“

Како се чувствувале испитаниците во моментот е сосема субјективно и вкоренето во моментот во кој испитаникот го добива прашањето како се чувствува. Моменталното задоволството се разликува од задоволството во животот.

Истражувањето од 2010 година ги истражи двата вида задоволство. Моменталното задоволство, за разлика од задоволството во животот се зголемува кога имаме повеќе пари, дури и кога ќе се надмине сумата од 75 000 долари.

Истражувањето на Килингсворт беше фокусирано на искуството на среќата, така што повеќето негови податоци се совпаѓаат со претходното истражување на оваа тема.

„Пронајдовме одредени шаблони додека ги истражувавме добиените податоци“, рече тој. „Постои значајна конзистентност“. Сепак, неговите откритија покажуваат дека, кога зборуваме за среќата, во однос на парите, платото не е на 75 000 долари. Задоволството се зголемува заедно со заработката.

Тој верува дека различните резултати се последица на различниот примерок и начинот на собирање на податоците. „Податоците кои ги прифатив се најдобрите, зашто вистински луѓе зборуваа како се чувствуваат во своето секојдневие“, рече тој.

Килингсворт смета дека оригиналното истражување направи поголем бум отколку што навистина беше значајно, како и дека разбира зошто стана важно во рамки на поп-психологијата. „Убаво е да се мисли дека кога ќе почнеш да заработуваш одредена сума, нема да мораш да се грижиш за пари“, рече тој. „Мислам дека тоа е привлечно. Дури и ако откриев дека тие 75 000 долари се крајната цел, на некои луѓе овие податоци им се важни, зашто на тој начин се постигнува основно ниво на финансиска сигурност.“

Тој исто така укажува дека не е сè во парите, и дека патот до богатството сам по себе не е пат до среќата. „Богатството објаснува мала варијанса“, рече тој. Постојат мноштво други нешта кои се подеднакво, ако не и повеќе значајни. Ги прашав луѓето колку им се важни парите. И ако ги посматраме само оние кои велат дека парите не им се претерано важни, тие едвај ќе бидат знак дека тие се среќни. И натаму е можно да не се заработува толку, а да се биде мошне среќен... едноставно, и натаму не ги разбираме сите овие нешта.“

Начинот на кој личноста ги посматра парите во голем дел зависи од тоа колку важна улога играле тие кога зборуваме за нивната среќа. „Како изгледа животот на некој што не заработува многу, но вели дека парите и не му се толку важни?“ се прашал тој. „На тоа прашање немаме конечен одговор. Сепак, знам дека постојат такви луѓе и дека уживаат во животот исто како и оние кои заработуваат многу повеќе“, рече Килингсворт.

Сепак, едно тврдење се покажа точно. Во животот не е среќен оној што ги изедначува парите со личниот успех. „Ова е особено лошо доколку личноста не заработува многу“, рече тој. „Сепак, тоа не значи дека финансискиот успех и личниот успех можат да се изедначат... да се има повеќе пари е добро, но да се биде фиксиран на тоа и самодовербата да се гради околу тоа дали и колку сте способни да заработите никако не е добра идеја.“

Превод: Алек Кузмановски

Слики: Robert Wechsler

Извор: https://www.vice.com/