2010 низ слики

20.12.2010 14:43
2010 низ слики

Птица потопена во нафта, три месеци по експлозијата на нафтената платформа на Бритиш петролеум во Луизијана, САД.

11 луѓе загинаа, и 17 други беа повредени во експлозијата која предизвика една од најстрашните еколошки катастрофи на морскиот брег на САД.

Авганистанец оди по улица додека сонцето заоѓа, јужен Авганистан.

Катастрофалниот земјотрес кој во јануари ги погоди Хаити остави стотици илјадници загинати и хаос зад себе.

Човек внимателно гази врз купишта мртви тела во Порто-принс. Во земјотресот официјално загинаа 230 000 лица.

Сноубордист скока преку олимписките кругови на церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Ванкувер.

Посетителки на карневал позираат на парадата во Сао Паоло, Бразил.

Илјадници лица присуствуваа на церемонијата во Варшава во која му се оддаде почит на полскиот претседател Лех Качински, кој загина во авионска несреќа со уште стотина други патници и членови на неговата влада и кабинет.

Киргистански полицајци се обидуваат да се заштитат додека се судираат со опозициски демонстранти во април.

Урната зграда во градот Консепсион, откако земјотрес со јачина од 8,8 степени, најсилен досега регистриран, го погоди Чиле.

Припадник на братството „La Sed“ оди накај црква за процесија во Севилја, Шпанија.

Израелски полицајци во цивилка се справуваат со осомничен за фрлање камења врз израелските сили за време на судирите во Источен Ерусалим.

Фотографија од изложбата „Мравки“ на колумбискиот уметник Рафаел Гомез Барос. Фасадата на Националниот конгрес во Богота е прекриена со стотици вештачки мравки кои го симболизираат насилното преселување на луѓето во конфликтните области на Колумбија.

Молња се протега низ небото над исландскиот вулкан Ејафјалајокул чија ерупција предизвика невиден метеж и збрка во авионскиот сообраќај над Европа.

Навивач на Јужна Африка го вее знамето на оваа земја во пресрет на почетокот на СП во фудбал.

Две години стариот октопод Пол ја предвиде победата на Шпанија, бирајќи го шпанското знаме во аквариум во Обернхаузен, Германија. Пол стана медиумска ѕвезда, но за жал, минатата година почина.

Германски полициски офицери креваат жена од толпата која се создаде надвор од еден тунел за време на Парадата на љубовта во Берлин. Стампедо уби 19 лица откако се случи масовна паника во тунел.

Пилотот Брајан Бјус се катапултира безбедно откако неговиот авион CF-18 се урива за време на еден авио-митинг во Летбриџ, Канада.

Сокреун Мин, 36 години, позира за Фондот на Камбоџанските жртви од напади со киселина. Сокреун била нападната надвор од својот дом, а киселината предизвикала слепило и изобличување на нејзиното лице.

Дете се радува на пороен дожд за време на тропска бура во Хавана, Куба.

Летото 2010 централна Русија беше зафатена од невидено високи температури кои предизвикаа стотици шумски пожари и милијарди долари штета.

Пакистански селани пружаат раце по помошта која им следува откако нивната област беше погодена од поплави.

Посетителка стои врз уметничкото дело „Под“ на јужнокорејскиот уметник До Хо-сух, на Саемот за меѓународна уметност во Хонг Конг.

Огромна и страшна дупка се создаде како последица на поројните дождови во Гватемала сити. Дупката беше 30 метри широка и 60 метри длабока.

Жена го бакнува телото на нејзината 4-годишна внука која беше убиена во бомбашки напад во Багдад.

Џулијан Асанж, еден од основачите на Викиликс, одржува прес конференција во Женева, Швајцарија на 4-ти ноември.

Чилеанскиот претседател Себастиан Пињера покажува порака на која пишува „Ние сме безбедни во засолниште, сите триесет и тројца“, порака која ја испратија рударите заробени во рудникот за злато.

Унгарски војник носи заштитна маса по катастрофата во која поради поплавите се излеа отровен отпад во неколку унгарски села и гратчиња.

Аунг Сан Су-Ки, продемократскиот водач од Мјанмар, е поздравена од своите поддржувачи во Јангон, Мјанмар. Два дена по оваа фотографија таа е ослободена од куќниот притвор каде што помина седум години.

Жена со симптоми на колера е задржана во јавна болница на Хаити.

Израелски возач прегазува неколку палестински деца кои фрлаат камења врз израелски коли.

Бразилски полицаец поминува покрај бразилско знаме изрешетано од куршуми за време на процесот на „чистење“ на фавелата Complexo do Alemão во Рио де Жанеиро од дилери на дрога.

Средношколци протестираат во Париз против реформите во пензискиот систем.

Извор: www.boston.com

ОкоБоли главаВицФото