Безобразна кармакашија во Изборниот законик

29.07.2021 18:12
Безобразна кармакашија во Изборниот законик


  Се заинатив и го прочитав целиот
предлог за промени на Изборниот законик

И еве, уште собирам сили да бидам пристојна. Во одредени граници, се разбира.

Прво, ова е безобразна кармакашија која е направена вон препораките на ОБСЕ, без да се имаат предвид веќе направените истражувања, без да се води грижа за воочените проблеми кои ја дезавуираат изборната процедура.

Второ, со ставањето на дневен ред на овој предлог се прекршени законските одредби кои се однесуваат на неменувањето на Изборниот законик непосредно пред избори и законските одредби кои многу јасно кажуваат кога и во кои услови може и смее да се примени институтот скратена постапка (што никако не може да се однесува на обемни промени, промени од суштинско значење и на законска регулатива од голем интерес за граѓаните на Македонија).

Трето, со огромен број формални, бесмислени, и квази промени, се создава магла во која големите политички партии сакаат да протуркаат законски решенија со кои се зацврстува нивното опстојување на политичката сцена, а помалите партии и независните кандидати се бришат или пак се ставаат во вазалски однос.

Четврто, суштинските членови кои со промените се туркаат а кои треба да обезбедат трајно и непречено самовластие на неколку постоечки политички партии (а кои се губат во мноштвото глупости) се:
  - Членот 15 со кој се менува членот 62, а со кој се определува недостижен процент за поднесување независни листи.
  - Членот 21 со кој се брише ставот (5) од членот 75-д со што се овозможува директно вклучување на медиумите во поддршка на партиите
  - Членот 23 со кој се додава нов член 75-е со кој се намалува можноста малите партии да ги користат социјалните мрежи
  - Членот 25 со кој се менува ставот (4) од членот 76-д ставот (3) со што буџетските издвојувања дополнително се насочуваат кон веќе устоличените партии
  - Членот 26 со кој се менува ставот (4) од членот 78-a со што и во закупот на билбордите се зголемува ограничувањето на малите партии
  - Членот 27 со кој се менува членот 84-б со што се создава таков обем на административни дејствија кој не може да го издржат малите партии и посебно не независните кандидати
  - Членот 29 со кој се брише членот 87 како контролен механизам

Заклучок:
  - Направени се промени кои не се барани
  - Направени се промени на начин кој најмалку од се' е демократски
  - Не се запазени процедури
  - Се создава магла за затскривање на упадот на големите партии во демократските избори


Извор: Фејсбук профилот на авторката