Неспасливо

07.10.2021 10:32

Убавината ќе го спаси светот. Некојси идиот кого таа дури не го ни познаваше, ѝ го имаше всадено тоа. И секогаш се наоѓаше некој да го повтори тоа, да ја укори. А како да се случи тоа, никој не кажуваше. Не дека не сакаше, но како, како... Седеше и колку повеќе си ја трескаше главата над тоа, толку повеќе лицето ѝ се збрчкуваше, кожата ѝ се опушти, носот ѝ свисна и ѝ се искриви, а телото ѝ се здебели... И веќе немаше никакви обврски кон овој свет што продолжи да се врти неспасливо.

Превод: Душко Крстевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото