Самогласки

27.10.2021 11:34

А црно, Е бело, И црвено, У зелено, О сино, дознав
самогласки, јас многу за сите ваши тајни;
А, црн и влакнест обрач од мушички сјајни
што брмчат стрвно околу смрдеата грозна,

заливи на сенки; Е, вкус што в пареи збран е,
леднички копја, трепет што врз цвеќе се лее;
И, исплукана крв, прекрасна уста што се смее
во пијанство на каење, во бес или занес;

У, божествени лулеења на мориња шумни,
мир на пасишта и стада, на брчките умни
низ кои алхемија во чело се впила;

О, врвна Труба што се гласи со стравотна врева,
тишина полна Светови и Ангели плева;
– О, Омега, на Очите проблесокот лилав!

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото