Една година по забраната за абортус во Полска, барањата за помош се се’ почести

31.01.2022 13:29
Една година по забраната за абортус во Полска, барањата за помош се се’ почести


Пред една година Полска го воведе еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа. Истата вечер на телефонот во една од највидливите организации за планирање на бременоста во земјата, „Федера“, се јавиле повеќе од 20 испаничени жени кои одеднаш дознале дека нивните термини за абортус за следниот ден биле откажани.

Еден од повиците бил од вработена во болница која не знаела што да стори со жена која доживеала нервен слом откако била известена дека нема да може да изврши абортус.

Вработените во организацијата „Федера“ биле увежбани да им помагаат на жените да навигираат во непријателскиот здравствен систем во кој легалните прекинувања на бременоста и дотогаш биле речиси невозможни. Но новата легислатива воспостави целосна забрана на абортусот, довзолувајќи им на жените да абортираат само ако бременоста е резултат на силување или на инцест, или ако претставува закана по животот или по здравјето. Во времето кога била воведен законот во Полска се извршувале околу 1000 легални абортуси секоја година, од кои 98% биле поради абнормалности на фетусот. Сега, оваа опција не била возможна.

Од прогласувањето на забраната, најмалку 34 000 жени во Полска успеале да направат абортуси и покрај забраната, и стотици патувале во странство за абортуси во подоцна фаза.

Многу од жените што сега се јавуваат за помош во „Федера“ се во напредната бременост, поради откриен проблем при скеновите во второто тримесечје. Бременостите со кои сега „Федера“ работи во поголем дел се планирани. Порано било реткост да добиваат повици од жени во ваква ситуација. Годинава тоа е 80% од нивната работа.

Во изминатава година вработените и волонтерите во „Федера“, како и многу други жени кои работат како советнички, адвокатки и активистки се соочиле со закани по живот, застрашувања и правни битки. Многу од нив изјавиле дека се преоптоварени со се’ пообемната работа поради зголемениот број жени кои се обидуваат да добијат безбеден абортус.



Камила Ференц, адвокатка во „Федера“ во Варшава, вели дека не се плаши од заканите туку од опасноста да се отвори истрага против нив. Порано мал број луѓе во Полска биле соочени со судски обвиненија врзани за абортус. Државата во голема мера ги оставала намира илегалните сервиси за абортус, додека во весниците била објавувани еуфемистички реклами за приватни клиники кои нуделе „обновување на менструалниот циклус“. По новиот закон тоа се променило.

Една членка на групата „Abortion Dream Team“ станала првата полска активистка за абортус која во септември се соочила со можноста за судење, откако маж ја известил полицијата дека неговата сопруга нарачала апчиња за абортус на интернет.

Ференц смета дека последните промени не ја задоволиле во целост религиската гласачка група на владејачката партија Право и правда: „Порано абортусот не беше тема, никој не сакаше да зборува за тоа. Сега, антиабортус групите на чија поддршка смета Право и правда, се крвожедни“.

Марта Лемпарт, коосновачка на движењето Ogolnopolski Strajk Kobiet (Протест на жените во цела Полска), која е вклучена во 86 судски случаи со различни обвиненија, вели дека новите закони ги таргетирале женте кои имаат најголема потреба од здравствена грижа и поддршка.

„Полјакинките со несакана бременост сега се во подобра ситуација отколку оние со посакувана бременост но соочени со компликации, бидејќи за првите постои разработен систем целосно надвор од системот на здравствена грижа. Но системот воопшто не обезбедува услуги за вториве“.

Обидот за целосна забрана на абортусот и за доживотно затворање на жените кои би абортирале беше одбиено од полскиот парламент, но владата оттогаш објави дека ќе започне да компилира датабаза на сите бремености низ земјата, потег кој се брани како дигитализација на постојната документација. Групите за права на жените сметаат дека се работи за уште една политика дизајнирана за контрола на животите на жените и знак дека нештата ќе се влошат.

Во меѓувреме, Ференц вели дека на жените лажно им се кажува од докторите дека контрацептивните апчиња ќе им предизвикаат рак, или дека интраутеринската влошка е опасна за жени кои немале деца. Таа започнала да ги советува жените да ги сминаат разговорите со докторите. Една жена изјавила дека докторите што ја третирале за рак на дојка повеќепати ѝ велеле дека болеста била предизвикана од абортус што го имала месеци претходно.

Но многумина сметаат дека легислативата ги преплашила и докторите кои не знаат како да се снајдат во законите. Кацпура вели дека пред 2021 ретко била контактирана од доктори, но во изминатава година секојдевно ѝ се јавуваат. „Никој од одговорните не им објаснил на докторите што да прават.“ Понекогаш, докторите се јавуваат да споделат број од пациентка на која не можеле да ѝ помогнат легално.

Агата Бздин, авокатка која претставува голем број жени кои започнале судски процеси пред Европскиот суд за човекови права, вели дека има известувања дека болницата „Биелански“ во Варшава, која „има репутација дека овозможува абортуси“, е под притисок од владата да предаде документите за овозможените абортуси.

Покрај владата, католички групи продолжуваат да вршат притисок за целосна забрана на абортусот. Групата Ordo Iuris (Законски ред) од 2016 дејствува како официјален советник на владата во областите врзани за репродуктивни права и образование. Организацијата неодамна објавила дека ќе обезбеди правна репрезентација за маж кој покренал обвинение против својата сопруга бидејќи имала абортус, за што оваа организација тврди дека претставувало нарушување на правата на семеен живот на мажот.

Најшокантниот случај во изминатите 12 месеци беше оној на жената по име Изабела, која почина во ноември од септички шок во својата 22-ра недела од бременоста. Докторите во болницата во југозападна Полска не извршиле абортус иако, според адвокатот на семејстото, фетусот немало да преживее. „Засега, поради законот за абортус, не можат ништо да направат“, Изабела ѝ пратила порака на маја си кратко пред да почине. Истрагата покажала дека „несовесно практикување медицина“ довела до смртта на Изабела и болницата била парично казнета.

Бартоломеј Вроблевски, еден од најгласните претставници на Право и правда за промените во законот, изјавил дека тој смета дека не постои врска помеѓу смртта на Изабела и новиот закон за абортус, фрлајќи ја вината врз докторите.
Но, случајот поттикна нови протести низ земјата. Неколку анкети покажале дека мнозинството луѓе во земјата се противат на измените.

Граѓанска иницијатива за поднесување закон за целосна достапност на абортусот зема замав. За разлика од порано, кога иницијативите за собирање потписи биле организирани главно од групи и политички партии, сега околу 60% од потписите се собираат од страна на поединци. Организаторите велат дека граѓанската иницијатива за поднесување закон ги собрала потребните 100 000 потписи и бројот се зголемува.

Извор: Гардијан