Изведба на перформансот „Срам“ на Ангела Стојановска

10.05.2022 12:53
Изведба на перформансот „Срам“ на Ангела Стојановска

Во среда (11.05.2022) во Public Room со почеток од 20 часот ќе се одржи перформансот „СРАМ“ на независната уметница Ангела Стојановска. Темата на перформансот симултано обработува неколку аспекти на односот на општеството кон женското тело, храната и сликата за самите себеси која ваквиот општествен амбиент ни ја наметнува.

Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО - ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“ – вели Стојановска за делото.

---
Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург 

Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Техничка поддршка: Филип Христовски
Времетраење: 60 мин
___
Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски
поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist
Fund и се реализира во соработка со Фестивалот MOT

Билети на каса во Public Room и продажната мрежа на МК Тикетс