Полска ја заврши изградбата на ѕид на границата со Белорусија

30.06.2022 13:43
Полска ја заврши изградбата на ѕид на границата со Белорусија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ќе го посети граничниот дел каде е завршена изградбата на ѕидот, една година откако мигрантите од Блискиот Исток почнаа да влегуваат во неговата земја преку Белорусија за да стигнат до Европската унија.

Утре полските власти ќе ја укинат вонредната состојба прогласена во областа долж границата, која досега не дозволуваше новинари, активисти за човекови права и други да бидат сведоци на кризата на тие права.

Најмалку 20 мигранти загинаа во замрзнати шуми и мочуришта во областа.

Полска ги отвори своите порти за милиони Украинци кои бегаат од руската инвазија, но за тоа изгради ѕид висок 5,5 метри долж 186 километри на нејзината северна граница со Белорусија за да го спречи влезот на мигрантите од Блискиот Исток и од Африка.

Активистите за човекови права укажуваат на двојни стандарди во третирањето на соседните украински бегалци, кои се претежно христијани, жени и белци, и оние од Блискиот Исток и Африка, кои главно се муслимани и мажи.

Белорусија никогаш претходно не била клучна миграциска рута кон ЕУ, додека нејзиниот претседател Александар Лукашенко не почна да ги охрабрува потенцијалните баратели на азил од Блискиот Исток да допатуваат во Минск.

Наскоро, луѓе од Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан и африканските земји се упатија кон источната граница на ЕУ, влегувајќи во Полска и во соседните Литванија и Латвија. Лидерите на ЕУ го обвинија Лукашенко дека води „хибридна војна“ за да се одмазди за санкциите што блокот му ги воведе.

Иако миграцијата е забавена во текот на зимата, луѓето продолжија да се обидуваат да влезат во ЕУ преку Полска, пат кој се смета за помалку опасен од преминувањето преку Средоземното море во кое многумина се удавија во последниве години, рече Геберт.

Во извештајот на на Human Rights Watch овој месец се наведува дека Полска „нелегално, а понекогаш и насилно, ги враќа мигрантите и барателите на азил назад во Белорусија, каде што се соочуваат со сериозно малтретирање, вклучително и тепање и силувања од страна на граничари и други безбедносни сили“.

 

ОкоБоли главаВицФото