„Човек се троши неусетно“ – самостојна изложба на Тони Попов

08.09.2022 01:09
„Човек се троши неусетно“ – самостојна изложба на Тони Попов

Во петок, на 9 септември, со почеток од 18 часот, во Уметничката галерија Метаноја ќе биде отворена изложбата изложбата со наслов ,,Човек се троши неусетно” на уметникот Тони Попов.

Тони Попов е уметник што твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Во јули 2020 година, во Охрид, Попов ја започна летната сликарска школа за деца „Пробај уметност“, а од минатата година е член на ДЛУБ.

Кураторот Никола Пијанманов за овие дела ќе каже „Овие, како и сите значајни дела на сликарската уметност се видени во огледало. За да бидат запаметени. Секоја уметност е крик предизвикан од ужасот на заборавот. Суштината на ова кристално јасно сликарство се состои токму во нејасноста на огледалото да ги запамети нашите ликови.“

Според него, сликите на оваа изложба се самоспознание на еден човек. Откритие кое се случило во одразот на едно огледало, понекогаш заматено од патината на времето, понекогаш напукнато од притисокот на нетрпеливоста и маката на свесноста дека ќе бидеме заборавени, можеби засекогаш.


Слични содржини

Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото