Почнува биеналето на млади уметници со наслов „Будења“ во Музејот на современа уметност Скопје

05.04.2023 12:24
Почнува биенале на млади уметници со наслов „Будења“ во Музејот на современа уметност Скопје

 Музејот на современата уметност – Скопје Ве поканува на отворање на 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) на 6 април (четврток), во 20 часот.

Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија, и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска во Скопје и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

ОкоБоли главаВицФото