Гетинген дозволи топлес пливачи во јавни базени, по дебата поттикната од небинарна личност

19.09.2022 09:56
Гетинген дозволи топлес пливачи во јавни базени, по дебата поттикната од небинарна личност

Потегот беше поздравен како чекор напред кон родова еднаквост, при што сите родови ќе можат да ги користат објектите за рекреација на вода топлес.

Комитетот за Спорт во централниот германски град Гетинген одлучи да се дозволи пливање топлес во јавните базени секој ден во текот на целата недела. Оваа одлука следуваше како резулт на дебата која беше поттикната во август 2021 година кога личност која себеси не се идентификува ниту како маж, ниту како жена, дојде да плива топлес во еден од базените во Гетинген. Персоналот на базенот, кој посетителот го доживувал како жена, реагирал дека лицето ги прекршило правилата на базенот.

Овој настан резултирал со дебата после која било дозволено пливачите да ги користат базените во Гетинген без да мора да ги покриваат градите. Дозволата за пливање топлес важела само за викендите во периодот од 1 мај до 31 август, 2022 година, за после тоа да биде донесена финална одлука базените да може да се користат топлес секој ден во неделата.

Извор: EuroNews

ОкоБоли главаВицФото