Македонски

22.10.2022 11:31

Да родиш мечка
Та песна да напишеш
На македонски
Јазик на прогонуваните
Јазик на негираните
Јазик на присвојуваните
Јазик на раздвојуваните
Јазик на пребројуваните
Јазик на обезименуваните
Јазик на со митови дрогираните
Јазик без падежи
Јазик за лелеци, клетви, лажни надежи
Јазик на кој, спиј мирно Анте,
Ѕвездите и натаму шепотат
Да не чуе Злото
Долу на земјата

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото