Скопје Прајд 2023 (фотографии)

26.06.23 14:15

На 24 јуни 2023 година, под мотото „Гласни и горди“ се одржа четвртата по ред Парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТ+ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која се реафирмираат надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество.

Почетната точка, како и досега, беше во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот започна собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори започна протестниот марш по скопските улици и заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Фотографии: Жарко Трајаноски

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Квир / Око

ОкоБоли главаВицФото