Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во „Лабораториум”

08.02.2024 10:09
Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во „Лабораториум”

Едукативниот културен центар „Лабораториум” објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

Повикот е отворен од 1 фебруари до 20 февруари 2024 година.

„Лаб дизајн маркет” е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, кој ќе биде отворен во среда, 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум”, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота, од 12 до 18 часот.

Идејата на маркетот е на македонските дизајнери да им се понуди најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн.

Проектот е поддржан од Fashion Revolution Macedonia.

Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет”. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата и да се пријават на линкот до апликацијата.

Извор: https://sites.google.com

ОкоБоли главаВицФото