Боли глава

Живот и смрт

Овде уствари отсекогаш се работело за борба на живот или смрт, и сите оние кои се обидуваат ова да го релативизираат се наивни и шалабајзери. Се дружам претежно со дечки од опозицијата и овие години гледам само јадови, несреќи, погреби, бегства во странство, банкроти, разводи, депресии, стагнирања... Додека талибанците сите се женат и се множат како зајаци. Што е ова ако не борба на живот или смрт? Талибанциве на пастирот се како оние заебаните калифорниски пастрмки во нашите езера: кога ќе избегаат од кафезите маме ебат у цело езеро ги јадат и чамците и се’ што мрда во езерото. Такви се и нашиве талибанци на власт. Се’ уништија, на се’ се посраа, притоа покажувајќи такви канцерогени нивоа на невкус, на беда, злоба, одвратност и гнасотилак што тоа е просто неописиво. 
Саше Ивановски, Мактел, 02.07.13.

нема
03.07 2013
Братучедска културна политика: руши во Скопје, конзервирај во Ново Село!

При крај е реновирањето на куќата во штипско Ново Село во која се родиле загинатиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и неговата сестра Нада, кои се вујко и мајка на премиерот Никола Груевски, пишува весникот Дневник во репортажата за Ново Село, кое е родно место на голем број истакнати личности. (...) Во Ново Село 16 куќи се ставени под заштита на државата, а нивните сопственици ќе добијат стручна поддршка во конзервацијата и надзорот, објаснува Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј. - Под заштита на државата се ставени 16 куќи. Тие имаат сопственици, кои ја имаат нашата стручна поддршка во конзервацијата, надзорот. Има интерес за обновување, а со таа намера три од тие 16 куќи купи кардиохирургот Жан Митрев. И локалната самоуправа и градоначалникот Захариев се расположени да се забрза решавањето на проблемот. Годинава заеднички ќе конкурираме и за средства за реконструкција и за конзервација на пет фасади на куќите - вели Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј.

Плусинфо го пренесува Дневник, 01.07.13.

нема
02.07 2013
Ало, Камбовски! Ало, МАНУ!

Камбовски, барем пост фестум, за да го обелиш образот на МАНУ огласи се барем пост фестум. Не се плаши, па што ако и тебе сосе институцијата оној шоуменот во мантија ве испрати да ГОРИТЕ во пеколот. Од него и од акмаците од лустрациска, а пред се од Груевски, привилегија е да бидеш во списокот на нивните КОДОШИ.
Ацо Кабранов, Либертас, 29.06.13.

нема
01.07 2013
Израел во Европа?

Точно е дека цела Европа, со исклучок на Ирска, Полска и на Израел, го има овој проблем, но кај нас, во една мултиетничка и мултиверска средина, тој проблем е многу поголем.
Никола Груевски, експерт за демографија и географија; Дневник, 28.06.13.

нема
29.06 2013
Хомосексуалноста и педофилијата се исто

Во САД постои движење кое го озакони хомосексуализмот. Зошто не ја озаконат и педофилијата. (...) Гревот си е грев. Можете да го наречете како сакате, но во суштина е истата приказна. Библиски, евангелски и христијански гледано тоа е сосема иста приказна.
Амфилохие, владика на СПЦ; ТВ Атлас / Б92, 27.06.13.

нема
28.06 2013
Момин поток

Му благодарам на еден фејксбукџија кој на статус напиша ШТО ЌЕ НИ Е ЈУЖЕН ПОТОК КОГА СИ ИМАМЕ МОМИН ПОТОК. Од овој статус, така како што јас го дешифрирам, човекот апсолутно е во право. Момин поток, скопјани знаат што е, но за оние од внатрешноста, место во предградието на Скопје каде годиништа се лоцирани ОТПАДИ. Еден таков чинам најголем кој кога ќе дојде време ќе биде исфрлен таму, е кога ќе треба да се празнат депониите на владините пропагандни медиуми, кои катаден по нарачка или не, на народот му сервираат ЛАГИ, кои според мене, не им е местото, ни во етерот ни на хартија, туку на МОМИН ПОТОК.Како поинаку да разбереме ако денес си го спружил на насловна Ставре да го фалиш а утре кога работата излегла по трета мајка ќор фишек, си ќутиш ко онаква во волна и се правиш на мутав.
Ацо Кабранов, Либертас, 26.06.13.

нема
27.06 2013
Ти пожелувам ќебапите да ти го рацветаат газот

Ќеркичките му се срциња исто и сопругата да се живи и здрави, но му пожелувам ова ропакот пастирски од тоа ќебапите да добие најзаебан пролив газето да му се расцвета како оние зумбулите покрај пругите кога цветаат у пролет...
Саше Ивановски, Мактел, 22.06.13.

нема
26.06 2013
Пред Грујо Скопје личело на Чернобил

Лидерот на оваа власт не шмрка бело, нема ледомат во канцеларијата и во резиденцијата (за да може да пие виски, нормално), не престојува во резиденцијата за време на својот мандат (туку во обичен стан), направи неколку национални обележја (музеј, театар, филхармонија, архив, знамиња на јарболи, фигури на најпознатите)... Направи нешто што ниту Кљусев, најмалку Бранко, ниту Љубчо, ниту Хари и Бучко не го ниту знаеа дека треба да го направат. А, камо ли да имаат идеа, да изнајдат пари, да ја изведат целата работа. Пред ова градителско, неимарско време Скопје личеше на Чернобил.
Миленко Неделковски, Мактел, 20.06.13.

нема
25.06 2013
Бед карма

5. Во стилот на петочниот наслов "На Третиот пат му растат шансите за успех", весникот на Минчо Јорданов неколку броја по ред минатата недела ја започнува својата нова ера. Ера на партиско гласило. Партијата во формирање Алијанса за позитивна Македонија веќе има три члена! Минчо, Бучко и Зиков. Прашање за милион долари е кој е четвртиот член? Ако воопшто го има?

6. АБ ќе стане ЈМ телевизија. Андреевски Бојо ќе му ја шитне телевизијата на Јорданов Минчо. Светлата на ЈМ телевизија ќе ги упали гасачот на светла во А1, светло мајсторот Александар Чомовски. Ауууу, бед карма. Бед, бед карма.
Миленко Неделковски, Вечер, 18.06.13.

нема
21.06 2013
ГТЦ - Радовиш – Струмица

Иницијативите за гушкање објекти во Скопје стануваат интересни за набљудување, но очигледно се многу селективни и политички насочени. Си велам, можеби тие што ги организираат или уште повеќе тие што во нив учествуваат не го гледаат тоа. Затоа еве еден предизвик. Зошто по ГТЦ никој не се обиде да ја гушне Градската болница, или болницата во Јасеново, или Градскиот стадион во Скопје, или стариот пат Радовиш – Струмица, кои, нели, пред да бидат реконструирани, си беа слика и го носеа духот на своето време.
Илија Димовски, пратеник; Мактел, 19.06.13.

нема
20.06 2013
Николиќ и Шешељ

Ако јас сум замешан во воени злосторства, тогаш Томислав Николиќ е мојот директен соучесник.
Воислав Шешељ, обвинет во Хаг, на судењето на Радован Караџиќ рече дека со сегашниот претседател на Србија заедно работел во текот на војните во Хрватска и БиХ; Б92

нема
19.06 2013
Процентот на лешпери више не е заебанција

Види друже, твоиве тачно имат дијагностицирано дефекти у МКД пучанство, па наместо да ги отстрануат, ги зајакнуат, ги одржават у кондиција и цепат ли цепат, без око да им трепне. Мислиш, колку поише споменици поставуат, толку поише лешпери произведуат. Колку поише за национални непријатели ги прогласуат комуњарине од Бихачка, а бе мислиш дупло поише у исти моменат се испилуат психотропни субинституционални патриоти на мирноморонски протести за кои поим немат по кој повод се одржаваат. А њихова девиза, ако тргнеме денар, долар и еуро на страна, е баш овој психолошки моменат у споствено пучанство друже мој, дека, у држаава треба стално да се зголемуе проценат на глупандери и лешпери, која ќе поставуе муволофки кај што ќе се лепат само дресирани муви, да би можела боксерска влас да функционира ко што функционира. И функционира бе братучед, а задњи дешафки укажуат дека проценат на лешпери и муви више не е заебанција, достигнуе максимум левел на што мора да се приступи со адекватни и примена на ефикасни мерки...
Боки Бургија, Плусинфо, 08.06.13.

нема
17.06 2013
Логика?

Го гушкаат #ГТЦ против "барокот и режимот", а обожаваат викенд шопинг во барокниот и демократски Солун!
Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ, на Твитер, 14.06.13.

нема
15.06 2013
Херкул во студиото Чинечита

(...) Втората работа е отсуството на сериозни граѓански напластувања и структурирања, како во социјалната, така и во вредносната стратификација. Тоа, се разбира, е поврзано со отсуството на историја. Тоа многу убаво се гледа на Малиот ринг: саде револвераши, терористи и авантуристи, ебиветри и шалабајзери, нема доктори и научници, уметници, поети и истражувачи, трговци, министри и професори, спортисти и новинари. Нема жени, нема ништо, само една надуена, патетична лага пред потемкиновите кулиси (херкуловски, односно чинечитански, според други) од левата страна на Вардар. Тој граѓански дефицит се покажа фатален кога антимакедонските лаборатории решија да ја ангажираат како материјална сила на контрареволуцијата сета наталожена и нескротлива примитивност.
Бранко Тричковски, „Глобус“, 11.06.13.

нема
14.06 2013

Препорачуваме

Фанта-финта со Преспанскиот

Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото