Боли глава

Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините

Замагленото сведоштво дека Грците ја примиле писменоста од некакви загадочни малоазиски или дури северноафрикански Феникијци ни кажува дека всушност се работи за балканските Сло-Вени, т.е. за Јужните Венети. Додека во глаголицата местото на буквата го дава нејзиниот број на вредност, во грчкиот алфабет и во кириличната азбука тоа не е така. Словенската писменост е постара од грчката, односно Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините.
Милош Линдро, поет; „Нова Македонија“, 23.05.13.

нема
24.05 2013
Срамота е што секој може да објави книга

Сега во новите економски односи кој сака може да објави книга и да ја продава. Нема никаков филтер, а тоа е срамота за една културна средина.
Венко Андоновски, „Утрински весник“, 22.05.13.

нема
23.05 2013
И педерите се против Македонија

Ова е нечуено! Само пе..ри! Оваа манифестација ја организираат истите оние кои ги организираат геј парадите ширум светот. Јас досега слушав сè и сешто, но ова е прв пат со свои очи да се уверам штo се случува со ова некогаш прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што не поминавме, бидејќи се гледа кој овде оди понатаму. Мојот колега Лозано не смееше да излезе од хотелот, а камо ли да отиде до Евроклубот. Таму веднаш го штипкаа за задникот.
Есма Реџепова, српски „Курир“, 21.05.13.

нема
22.05 2013
Традиционална српска тепачка

Даниловиќ е повреден во традиционална српска тепачка меѓу пријатели.
Ивица Дачиќ, премиер на Србија, го коментира повеќекратното прободување со нож на славниот српски кошаркар; Политика, 21.05.13.

нема
22.05 2013
Од бирач вработен не бива

Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места.
Спиро Ристовски, непребирлив млад човек со министерска работа; НоваТв

21.05 2013
Турбо борба за културата и името

Имам впечаток дека ова министерство работи турбо на промоција на Македонија. Ние често говориме за проблемот со името на РМ и се разбира дека тој проблем ќе се турка во рамки на институциите. Меѓутоа, оваа иницијатива на Министерството ја гледам пред се како легитимен начин на борба за името. Нема ништо повредно од тоа кога на литературна вечер во странство ќе ви пристапат луѓе и ќе ве прашаат каде е Македонија или до каде сте со проблемот со името. Ова не е само културна акција за која ние имаме огромна желба и огромна поддршка од ова Министерство, туку ова е и дел од таа борба за нашиот идентитет и име. Огромна благодарност до министерството, ретко имаме министерката во Владата која толку се труди за културата на својата земја.

Венко Андоновски, писател и борец за името, на прес конференција ѝ се заблагодарува на министерката за култура; НоваТв

18.05 2013
Крчат цревата по Косово

Напорите на меѓународната заедница за понижување на српските земји нема да застанат само на Косово. Мислам дека странците овде нè понижија, и не ни дадоа никаква сатисфакција, и поради тоа имам лошо чувство во стомакот.
Милорад Додик, претседател на Република Српска; ТВ Б92, 13.05.13.

нема
17.05 2013
Израелци, не Палестинци

Сакаме да станеме Израелци. Доста бевме Палестинци.
Емир Суљагиќ, босански политичар, во изјава за „Економист“

нема
15.05 2013
Со време, мирно и крволочно

Најсмешни ликови на неделата се оние неколку морони-уредници на провладини медиуми кои се чуделе зошто странските експерти не ги консултирале нив кога составувале извештаи околу состојбата на слободата на изразувањето и медиумите кај нас? Па ова не се дпмневски избори, глупани, сè да се мести со време, мирно и крволочно!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Либертас“, 13.05.13.

нема
14.05 2013
Овде е друго време, античко

Ние како интелектуалци треба да сфатиме дека 21-иот век кај нас не е ист и не треба да биде како 21-иот век на друго место.
Вангел Божиновски, архитект; „Зебра“, 10.05.13.

нема
12.05 2013
Скопскиот плоштад со бугарските херои

Бугарите и Македонците се еден народ. Доказ за тоа се и спомениците. Централниот плоштад во Скопје е посеан со споменици на бугарски херои и национални личности.
Марин Рајков, премиер на Бугарија; „Телма“, 08.05.13.

нема
08.05 2013
Жените или ќе спасат или ќе уништат

Јас тврдам дека жените или ќе ја спасат или ќе ја уништат нашата македонска нација и нашата црква зашто она што ќе се зачне во утробите на мајките треба да се роди ако сакаме да опстоиме и како нација и како народ и како држава и како црква. (...) Браковите, за жал, кои се заклучиле кај нас православните, дури и оние што се венчале во црква, се разведуваат. Голем дел од нив се разведуваат заради тоа што не сакале да се покажат смирени, заради горделивоста, заради тоа што сака секој да командува заборавајќи на тоа дека глава на куќата е мажот, а жената е повластена на мажот, но не во смисла да и се одземени правата, таа има поголеми права од мажот.
Владика Петар, 24 Часа, 06.05.13.

нема
07.05 2013
Живот, игра и наука

Се надевам дека своите војнички вештини нема да морате да ги применувате во стварниот живот, и дека и понатаму ќе си играте врз научно засновани методи.
Томислав Николиќ, претседател на Србија, на приемот по повод Денот на српската војска; „Време“, 25.04.13.

нема
06.05 2013
СДСМ - Белград - Атина

Реакциите на СДСМ и неговите сателити дека со проектот “Скопје 2014“ власта врши “културен инжинеринг“, хеленизација, десловенизација, демакедонизација и промена на идентитетот на македонскиот народ, со промоција на “букефал и хунза-политика“ како “политичко-пропаганден манифест“ на ВМРО-ДПМНЕ, претставува дел од антимакедонската стратегија на оската Белград-Атина после окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година, а со цел промена на државното име Македонија, што постојано и суптилно ја извршуваат српските и грчките инсталации во партијата СДСМ преку државните и јавните институции, дури и не криејќи го тоа!

Тодор Петров, „Мактел“, 01.05.13.

нема
04.05 2013

Препорачуваме

Фанта-финта со Преспанскиот

Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото