Боли глава

Не знам само како дозволуваме оние манијаци од институт сталинистичко општество, кое се чини, на 5 мин. власт, би ни ги запалиле сите цркви и би нè затвориле сите нас, небањатите, ванчомихајловци и бугараши, целосно да го узурпираат јавниот простор до таа мера што сите ние постојано би се повлекувале под нивните агресивни налети и нивната отворена и веќе обилна омраза и одбивност кон конститутивната есенција на сопствената земја.

Алекс Букарски, во колумната во Дневник, 15.09.2009

16.09 11:39
1
Узорот на Ѓоле

Знам што мислам. Ќе продолжам да го зборувам она што го мислам, а она што го мислам - мислам дека е точно она што го мислам.

Џорџ Буш, екс претседател на САД и шампион на конфузното изразување (види линк)

14.09 13:41
Стабилни само со ДПМНЕ

Македонија не смее да си го дозволува луксузот да дозволува страшни осцилации во политичката клима во еден вака клучен период.

Илија Димовски, пратеник на ВМРО, во колумна во „Утрински весник“, 07.09.09

11.09 09:35
За себе ли си збори

Што губат кога не се власт? Сигурно многу. Сигурно е нешто што го немаат кога не се. Сигурно е нешто што не треба да го имаат ниту кога се на власт.

Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

10.09 11:20

Трагедијата на Охридското Езеро, во која загинаа 15 наши државјани, е Божја казна. На 29 август повеќепати повикував да биде откажан концертот на пејачката Мадона. На тој ден била отсечена главата на Јован Крстител и одржувањето концерти и други големи настани не е во духот на христијанската традиција.

Николај, митрополит пловдивски

07.09 12:35
8
Расизам

„Според мене, проблемот со расизмот е измислен, инаку зошто ниеден црнец никогаш не е казнет заради навредување на белец?“

Душан Савиќ, легендарниот центарфор на Црвена Ѕвезда („Политика“)

07.09 09:42
Спортско самозадоволување

Во моментите кога спортистот се самозадоволува, тој често на следниот натпревар не успева да го оствари успехот кој го посакува.
Зоран Михајлов, спортски коментатор, на „Наша ТВ“, коментирајќи го атлетскиот митинг во Брисел, 04.09.09

04.09 22:22
Серија референдуми

„Стравуваме дека еден референдум може да биде почеток на серија референдуми во градот Скопје, и низ целата Македонија, кои можат да нè доведат до работ на сериозни меѓуверски и меѓуграѓански судири“,

Насе Хот, советник на ДОМ во општина Центар.

03.09 09:54
Златно молчење

„Не смеам да давам изјави.“

Шефки Дураку, портпарол на Владата на прашање за воведување на македонски јазик кај учениците Албанци во прво одделение.

02.09 09:44
Жив е?!

Него никој не го видел мртов. Дали кога било во весник или на телевизија сте виделе некоја фотографија на мртвиот Слободан Милошевиќ? Па белки некаде досега ќе се појавеше некоја снимка.

Бата Живоиновиќ, славниот глумец, верува дека С. Милошевиќ сè уште е жив

01.09 09:40

Таа фрка што последниов месец се дигна околу мојата наводна кандидатура за претседател е плод на фантазија втемелена во Ничеовата теорија за незнаењето коешто раѓа страв, а мојата баба Ката отиде чекор подалеку од Ниче па рече дека на стравот очите му се големи. И тоа е сè што ќе речам за тоа. Без потпрашања, ве молам.

Милан Бандиќ, градоначалник на Загреб, за можната кандидатура за претседател на Хрватска; Јутарњи лист, 25.08.09

31.08 12:58
1

Владата се бори за надминување на последиците од 19-годишното владеење на Црвенковски.
Зоран Ставрески, Министер за финансии
*попатна статистичка белешка: од последните 11 години, ВМРО ДПМНЕ е 7 години на власт

27.08 10:55
2
Го допревме дното

Нашата држава боледува од сиромаштија и невработеност. Го допревме дното.
Никола Груевски, премиер, на 2 август 2009 година, на иселеничката средба во Трново

26.08 11:31
Еден до друг

Сега ќе бидеме уште поблиску еден до друг.
Бранко Црвенковски, експретседател, ја коментира локацијата на својот кабинет, кој е во непосредно соседство на премиерот Груевски

21.08 11:52

Препорачуваме

Душан Чежек – Гифови

За пикселната уметност на уметникот што потекнува од Србија а живее во Прага.

Amazon.com: анатомија на една доминација

Смешно е што Трамп е најгласниот критичар на Амазон.

Кризата во Италија ќе има последици и за ЕУ

Шефот на деснорадикалната Лега, Матео Салвини, планира да ја собори владата во која и тој коалицира. Ако победи на изборите, претстојат непријатни времиња за Брисел, зашто Салвини за сѐ ја обвинува ЕУ.

Снегови

Авторката е гостинка на претстојниот книжевен фестивал Друга приказна (5-8 септември, МКЦ).

ОкоБоли главаВицФото