Боли глава

Расизам

„Според мене, проблемот со расизмот е измислен, инаку зошто ниеден црнец никогаш не е казнет заради навредување на белец?“

Душан Савиќ, легендарниот центарфор на Црвена Ѕвезда („Политика“)

07.09 09:42
Спортско самозадоволување

Во моментите кога спортистот се самозадоволува, тој често на следниот натпревар не успева да го оствари успехот кој го посакува.
Зоран Михајлов, спортски коментатор, на „Наша ТВ“, коментирајќи го атлетскиот митинг во Брисел, 04.09.09

04.09 22:22
Серија референдуми

„Стравуваме дека еден референдум може да биде почеток на серија референдуми во градот Скопје, и низ целата Македонија, кои можат да нè доведат до работ на сериозни меѓуверски и меѓуграѓански судири“,

Насе Хот, советник на ДОМ во општина Центар.

03.09 09:54
Златно молчење

„Не смеам да давам изјави.“

Шефки Дураку, портпарол на Владата на прашање за воведување на македонски јазик кај учениците Албанци во прво одделение.

02.09 09:44
Жив е?!

Него никој не го видел мртов. Дали кога било во весник или на телевизија сте виделе некоја фотографија на мртвиот Слободан Милошевиќ? Па белки некаде досега ќе се појавеше некоја снимка.

Бата Живоиновиќ, славниот глумец, верува дека С. Милошевиќ сè уште е жив

01.09 09:40

Таа фрка што последниов месец се дигна околу мојата наводна кандидатура за претседател е плод на фантазија втемелена во Ничеовата теорија за незнаењето коешто раѓа страв, а мојата баба Ката отиде чекор подалеку од Ниче па рече дека на стравот очите му се големи. И тоа е сè што ќе речам за тоа. Без потпрашања, ве молам.

Милан Бандиќ, градоначалник на Загреб, за можната кандидатура за претседател на Хрватска; Јутарњи лист, 25.08.09

31.08 12:58
1

Владата се бори за надминување на последиците од 19-годишното владеење на Црвенковски.
Зоран Ставрески, Министер за финансии
*попатна статистичка белешка: од последните 11 години, ВМРО ДПМНЕ е 7 години на власт

27.08 10:55
2
Го допревме дното

Нашата држава боледува од сиромаштија и невработеност. Го допревме дното.
Никола Груевски, премиер, на 2 август 2009 година, на иселеничката средба во Трново

26.08 11:31
Еден до друг

Сега ќе бидеме уште поблиску еден до друг.
Бранко Црвенковски, експретседател, ја коментира локацијата на својот кабинет, кој е во непосредно соседство на премиерот Груевски

21.08 11:52

Од сите нив, некако најмногу ми легна Орхан Памук, инаку најголем турски писател по Иво Андриќ.

Алекс Букарски во колумна во „Дневник“

20.08 13:53
5

Се бориме, правиме сè... Имаме големи напори, ама некако гледате и она што требаше да биде радост, без лезет е. Имаме нов стадион, нова трибина.... Некако, како некој да фрлил клетва...

претседателот Ѓорге Иванов им се обраќа на фудбалските репрезентативци на РМ

17.08 12:00
2
Рачна кочница

Власта го спроведува Рамковниот договор со дигната рачна кочница.

Љубомир Фрчкоски во вестите на А1 ТВ, 14.08.09

14.08 10:04

Забраната за продажба на алкохол во вечерните часови, е заштитна мерка која ги поставува основите за односот кон ова зло, не смееме како заедница и понатаму да го потхрануваме култот на пијанството.

Алекс Букарски, Дневник 11.08.2009

11.08 17:05
5
Благодарност до родителите

Неспорно стекнав одредено искуство работејќи во секс индустријата. Имам предвид дека од секогаш сум се интересирала за сексот. Мислам цел живот. Им благодарам на родителите поради тоа.

Фиона Патен, претседателка на Секс партијата, цела година се бореше за официјално регистрирање на партијата од страна на австралиските власти

10.08 10:19

Препорачуваме

Десет перформанс уметнички што треба да ги знаете, а не се Марина Абрамовиќ

Мендиета, Пајпер, Бругуера, Експорт, Џонас, Мармолејо, Вилсон, Боусе, Лисон и Шнимен.

Балада за Когобил

Имало некој пргав тип, пргав тип, со опасен чип. Кој и да му дошол под бесните шаки веднаш станувал корисник на штаки.

Северна Македонија – именка и придавка

Провокацијата на Борисов, кој Пендаровски го нарече северномакедонски претседател, не помине незабележано.

Роботот што им носи утеха на старите и болните

Роботи што се грижат за луѓето во самракот на нивните животи? Можеби делува како дистопија, но многумина сметаат дека тоа е неизбежно. Во Јапонија ова е пракса од 2015 година.

ОкоБоли главаВицФото