Боли глава

Култура, која ја нема

Оваа антиквизација е всушност потсвесна желба на една култура (македонската) да го компензира културниот израз, кој го нема... Без оглед на анахроноста на процесот на антиквизацијата, таа станува актуелна со правото на глас на граѓаните.

Александар Станковски, во текстот „Психоанализа на антиквизацијата“, „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ, 31.05.12.

08.06 2012

За жал, и во последните години, под влијание на нереализирани политички личности со сомнително минато, успеавме да влеземе во нов вител со поделбата по основа на набрзина скованата граница помеѓу т.н. антички и словенски Македонци. Kатастрофа. Полоша и поштетна политичка пропаганда во овие дваесетина години не се појавила.

Илија Димовски, „Дневник“, 05.06.12.

07.06 2012
1
Распетието на средношколската (не)писменост

Македонскиот народ ја имал несреќата да се наоѓа и да живее на распетието на оваа најжестока почва во Европа.
(...) Секогаш сум се спротивставувал на незаинтересираноста и на индиферентноста кон нашето наследство.
(...) Историјата не почнува денес, но и не завршува денес.
(...) Македонската приказна е богата со поуки.
(...) Некако се навикнавме вештачки да се отуѓуваме. Итн. Итн.

Илија Димовски, „Дневник“, 05.06.12.

06.06 2012
Последните атоми на умствена енергија

Чудните принципи на мислење што сè повеќе доминираат во македонската политика и што го блокираат секој изблик на продлабочена анализа и проектирање на негативните консеквенции кои многу настани и одлуки, вклучително и овој договор, ги имаат врз состојбите и процесите во нашата држава, повеќе не може да се поднесе, да се издржи. Доминантниот политички дискурс е толку исцрпувачки за Македонците, толку брутален, што ги уништува и последните атоми на умствена енергија која природно не може да ги поднесе овие процеси на обезличување и уништување на нашата тешко и со многу крв извојувана држава.

Тони Науновски, „Дневник“, 05.06.12.

06.06 2012
Поглед

Фала Богу, низ Плоштадот и околу него останаа уште многу мадиња и газиња. Така што, не пречи толку тоа што само Прометеј доби пелена.
Имаме среќа што сè уште никому не му текнало да го спушти коњот врз кој е јавнат Воинот што личи на Александар. Добро е што Букефал е исправен на задните две нозе. Така е поставен што, кога ќе го дигнеме погледот кон него најубаво се гледа за кој кур толку пари ни потрошиле.

Горан Михајловски, новинар; „Вест“,01.06.12

05.06 2012
Одговорност

Не одговарам за она што сум го рекол пред 15-20 години. (...) Јас одговарам за она што почнав да го работам откако станав претседател на Републиката.

Томислав Николиќ, претседател на Србија; „Блиц“, 29.05.12.

04.06 2012
Табло за вашето стебло?

Уживате ли кога слушате дека Вашите братучеди си ги покачуваат крвните зрнца на Малдиви? За Вашето стебло нема да објавите вакво табло? Не Ви доаѓа мачнина Вие да обвинувате дека некој е нечиј братучед? Ако подобро размислам и сосема природно е што не се ставате себе си на табло. Има ли што да напишете? Или би се повторувало: „Прво вработување пратеник или министер“.

Јани Макрадули во текст му се обраќа на Никола Груевски; „Плусинфо“, 31.05.12.

03.06 2012
И Геро ќе прави сунет

Ај да опнам и јас една изјава за Мечкин Камен после сто години - попрво Геро ќе направи сунет, одошто Груевски и Ахмети ќе го решат спорот за името!

Бранко Героски, неделен „Фокус“, 01.06.12.

02.06 2012
Мора да престане

Со последните постапки, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, не само што ја деградира професијата политичар, туку и демонстрира една крајно несовесна и неодговорна постапка, која нѐ загрижува и која мора да престане.

Зоран Ставрески, член на ИК на ДПМНЕ; „Плусинфо“, 30.05.12.

нема
01.06 2012

Гледано од дистанца, овој навидум хаос е всушност мачен емпириски процес на приближување на културниот дискурс на новите политички елити со оној на народните маси. Отпрвин анархичен, заканувачки и ентрописки, овој процес на хармонизација помеѓу волјата на масите и на политичките елити почна да поприма форма на кооперативност, посебно на ниво на десницата која се уште во себе ја немаше онаа елитистичка и рафинирана визија за културата како авангарда (од „западен“ происход). И тука почнува антиквизацијата во Македонија. За првпат политичката елита и широките народни маси имаат идентични културни преференции и визија.

Александар Станковски, идеолог на антиквизацијата; „Глас“, 31.05.12.

31.05 2012
3
Фонтанички со црквички

Не го обликуваат тие новото лице на градот, туку нè обликуваат нас. Тоа е клучот. Ако тебе не те интересира Фекалоносецот, а те интересира неговиот кур или, дури, ниту тоа, ти си кооптиран во царството на идиотите по силата на законот, твојата волја престанува во моментот кога не си решил да ја урнеш фигурата на Аџиевски или макар да се измочаш како куче што не ја дига едната нога. Оние што дозволуваат во дваесетипрвиот век да им го инфицираат јавниот простор со одвратни, неподносливи, страшни, има ли некој да ни помогне, фонтанички со црквички и крстчиња кои навечер светат и ѝ ја покажуваат авенијата на иднината на стоката македонска, тие се во политичка и во културна смисла, мртви луѓе.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 29.05.12.

30.05 2012
Глави и тела

Зад сите овие возбудувања остана скриена веста дека под џиновските глави на Велигденските острови се пронајдени исто толку џиновски, ама закопани, тела. Тоа се оние острови што во оригинал се викаат „Папокот на светот“, а џиновските глави, моаи-скулптурите, се одраз на нивното сфаќање на одбрана на нивниот идентитет. За волја на вистината, идентитетот го одбранија, само што тие – исчезнаа. Токму поради големите глави, во кои нема мозок, и закопаните тела – за да не се соблазнуваат нивните морални сопрузи.

Ѕвездан Георгиевски, „Глобус“, 29.05.12.

29.05 2012
Кастрираниот Прометеј

Откако ќе го кастрираат Прометеј, гордите Македонки ќе можат достоинствено да ги шетаат децата во центарот на Скопје и слободно ќе можат да гледаат лево десно. Нема да има ниту еден пенис што ќе може да им го расипе задоволството. Освен тој на Букефал. А министерката Бети кога ќе оди во Фиренца, нека се подготви за културен шок. Оти Давид на Микеланџело сè уште не е кастриран. Еве едно шест века никому не му текнало да му стави наметка.

Горан Михајловски, „Вест“, 26.05.12.

28.05 2012
Весела математика

Има две личности што нè поврзуваат нас со Рим, една е светите Кирил и Методиј а втората е Мајка Тереза.

Никола Груевски, во обраќањето кон папата Бенедикт XVI; дневен „Фокус“, 26.05.12.

26.05 2012

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото