Боли глава

Есма - пејачка или политичарка?

Од сцената дури и слушнав поздрав до Претседателот... Упс, си реков. На Фејсбук се обидуваат да ми објаснат дека тоа бил само поривот и стилот на Есма, а не бил официјален став на организаторите. ОК, но за да го прифатам ова, треба да ми објасни некој и зошто никој не се огради од поздравот на Есма?

Џабир Дерала, активист; civil.org.mk, 19.03.12.

19.03 2012
ВМРО-вски очила

Со ВМРО-вски очила ништо не гледам.

Стевче Јакимовски, гра­до­на­чал­ни­к на Општина Карпош, откако ги позајмил очилата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски; Вест, 17.03.12.

17.03 2012
Му обеле косата

Не му е лесно на 41-годишниот Никола Груевски, кому забележливо почнаа да му белеат зулуфите. Сериозноста на проблемите со кои се соочува државава се одразува и на косата на претседателот на Владата.

Дарко Андоновски; Нова Македонија; 13.03.12.

15.03 2012

За пронаоѓање длабинската смисла и за лична апологија на „Скопје 2014“ пред нападите од страна на албанското малцинство, предлагам секој Македонец достоинствено да застане пред спомениците на тие грандиозни Македонци кои треба да ни претставуваат холистички модел за субјективна и колективна идентификација, која денес ни е потребна повеќе од кога било во нашата македонска историја – и да започне молитвен дијалог со нив. Да ги праша како и зошто, и од каде им е таа енергија да се борат беспоштедно за Македонија, за Македонците; да ги замолат да кажат како успеале да најдат сила да умрат за Македонија...

Tони Науновски, „Дневник“, 13.03.12.

14.03 2012
2
„Самопридонес“ за СК014!

Соодветно на севкупната симболика на „Скопје 2014“ и компатибилно со комплексот од значења на спомениците како суштински дел од овој проект, предлагам Владата да предложи, а Собранието да изгласа закон со кој на сите вработени во државната и јавна администрација во текот на една година ќе им се намали платата за десетина евра месечно, и истите да ги пренамени за проектот „Скопје 2014“ – и ете ги парите!

Tони Науновски, „Дневник“, 13.03.12.

14.03 2012
Издржливост

Груевски не може да тепа толку многу колку што може да издржи Али Ахмети, но врз наш грб.

Ким Мехмети, ТВ емисија „Во центар“, „Плусинфо“, 12.03.12.

13.03 2012

Зошто Албанците во Скопје се непожелни во дискотеки, кафеани, на стадиони... зошто Македонците ги одбегнуваат, плашејќи се од нив, и не се добредојдени како Турците, Грците, Бугарите, Ромите, Власите, Србите... Одговорите за ова се кај албанските политички лидери. Тешко им е да признаат одговорност за уништување на сопствената нација. Крив им е друг.

Драган Павловиќ - Латас, „Вечер“, 12.03.12.

13.03 2012
1
Бабо Надо, прибери си го детето

Апелирам до сите да се воздржат од такви работи и да влијаат на младите луѓе и нивните родители и наставници да делуваат во правец на разумно однесување на младите луѓе. Знам дека тие имаат вишок енергија, но добро е неа да ја трошат во позитивни, креативни работи, а не во нарушување на мирот и спокојството на граѓаните.

Никола Груевски, премиер на Македонија; Плусинфо, 10.03.12.

11.03 2012

Живеам на улицата 7 Јули, ден што го слават Србите. Па, си велам, подобро да ја сменам улицата отколку да ја продадам куќата.

Изет Меџити, градоначалник на Чаир; „Нова Македонија“, 09.03.12.

09.03 2012
3
Барокна Ева

На 3.2.2012 беше објавена веста дека објектот на ЕВН (Електростопанство) изграден во 1962 година како првонаграден на анонимен конкурс, дело на арх. Бранко Петричиќ – прв објект на модерната архитектура со стаклена завеса во Скопје, ќе добие барокна фасада! Навистина тешко е човек да се оттргне од помислата дека тоа може најсликовито да се доживее исто онака кога голото тело на Ева во рајот пред да го гризне јаболкото ќе ја облечете во народна носија украсена со битови везови изработени од шајак!

Георги Константиновски, архитект; „Утрински весник“, 06.03.12.

07.03 2012
Славење родендени на пиратски бродови

Мене ми се допаѓаат. Многу граѓани уште отсега ме прашуваат кога ќе бидат готови, бидејќи сакаат да слават роденден таму. И јас би го славел таму роденденот.

Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, го брани проектот за сплавови/бродови на Вардар; Утрински весник, 06.03.12.

07.03 2012
Подобро диктатор отколку геј

Тоа е апсолутна хистерија. Кога го слушнав, што и да е, геј или лезбејка, како зборува за диктатура, си помислив - подобро да бидеш диктатор отколку геј.

Александар Лукашенко, белоруски претседател и диктатор, реагира на соопштението на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле дека Германија го повлекува својот амбасадор во Минск; Вест, 04.03.12.

06.03 2012

Се оградувам со цело срце, душа, емоции, со сета крв во себе, со сета иднина на своите деца од душманката на македонскиот народ, изродот и предавник Снежана Лупевска. Заради нејзините неколку оргазми во текот на месецот, нè направи сите нас Македонци крвожедни зверови. Сите други што палеа живи луѓе, резбареа по човечка кожа, врзуваа за столб со динамит, вадеа на живо човечки органи за препродажба се мирољубиви - само ние, што ги прифативме сите желби на сите наши соседи (од запад, југ, исток и север), сме зверови. Гад над гадовите.

Миленко Неделковски не запира во прогонот на „душмани, изроди и предавници“; од негов Фејсбук коментар пренесено на „Плусинфо“, 05.03.12.

05.03 2012
1
Патот до самоосознавањето

Градоначалникот Керум ќе разговара со претприемачот Керум. Ќе добиете одговор во пишана форма.

Сплитскиот градоначалник Жељко Керум одговара на прашањето за градското покритие на претприемачките измами; index.hr, 27.02.12.

04.03 2012

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото