Боли глава

Славење родендени на пиратски бродови

Мене ми се допаѓаат. Многу граѓани уште отсега ме прашуваат кога ќе бидат готови, бидејќи сакаат да слават роденден таму. И јас би го славел таму роденденот.

Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, го брани проектот за сплавови/бродови на Вардар; Утрински весник, 06.03.12.

07.03 2012
Подобро диктатор отколку геј

Тоа е апсолутна хистерија. Кога го слушнав, што и да е, геј или лезбејка, како зборува за диктатура, си помислив - подобро да бидеш диктатор отколку геј.

Александар Лукашенко, белоруски претседател и диктатор, реагира на соопштението на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле дека Германија го повлекува својот амбасадор во Минск; Вест, 04.03.12.

06.03 2012

Се оградувам со цело срце, душа, емоции, со сета крв во себе, со сета иднина на своите деца од душманката на македонскиот народ, изродот и предавник Снежана Лупевска. Заради нејзините неколку оргазми во текот на месецот, нè направи сите нас Македонци крвожедни зверови. Сите други што палеа живи луѓе, резбареа по човечка кожа, врзуваа за столб со динамит, вадеа на живо човечки органи за препродажба се мирољубиви - само ние, што ги прифативме сите желби на сите наши соседи (од запад, југ, исток и север), сме зверови. Гад над гадовите.

Миленко Неделковски не запира во прогонот на „душмани, изроди и предавници“; од негов Фејсбук коментар пренесено на „Плусинфо“, 05.03.12.

05.03 2012
1
Патот до самоосознавањето

Градоначалникот Керум ќе разговара со претприемачот Керум. Ќе добиете одговор во пишана форма.

Сплитскиот градоначалник Жељко Керум одговара на прашањето за градското покритие на претприемачките измами; index.hr, 27.02.12.

04.03 2012
Реалноста е како задник, секој ја има

Не сакам да ја коментирам вашата реалност. Секој има право на сопствена реалност.

Вук Јеремиќ, министер за надворешни работи на Србија, во Берн одговара на прашањето на новинарка од Косово, да го прокоментира фактот дека во истата сала неодамна зборувал и министерот за надворешни работи на Косово и дека обете посети биле на ниво на суверени држави, што значи дека тоа е реалност; „Курир“, 01.03.12.

03.03 2012
Жал по полиција

Жал ми е што Србија нема полиција на Косово, оти да има, не би се случувало ова што се случува од Албанците спрема Србите, а ни она што Србите си го прават самите на себе.

Ивица Дачиќ, заменик премиер на Србија; „Нин“, 01.03.12.

02.03 2012
Тешка недела

Ова е недела на срцеви и мозочни удари. А оние битангине се безбедни. Тие се без срце и без мозок.

Бранко Героски, „Фокус“, 29.02.12.

02.03 2012
Не се разбирам во техника

Љубчо кажа многу јаки работи и јас бев многу задоволен. Не можам да тврдам како и зошто тонот бил неквалитетен, но јас сум новинар и не се разбирам од техника.

Роберт Поповски, новинар, се обидува да објасни зашто од „Канал 5“ е симнато интервјуто со Љубчо Георгиевски; „Плусинфо“, 27.02.12.

01.03 2012
Забрана на фразата

Во тој контекст, прва задача која мора да се реализира е забрана за јавнополитичка употреба на фразата „Македонија е мултиетничка држава“, фраза која без исклучок е присутна во сите настапи и говори на претставниците на споменатото малцинство. Дури и со закон да се забрани употребата на оваа празна флоскула (како клевета и ширење на говор на омраза кон Македонците).

Тони Науновски, колумнист на „Дневник“; 27.02.12.

29.02 2012
Копилиња сред барок

Коце Трајановски, без да поцрвени од срам, сега сака да ја смени стаклената фасада на поранешната Стоковна куќа и на скопското ремек-дело на модерната, зградата на „Метропол“, изградена во 1933 година. И тие требало да имаат барокна фасада како околните згради за да не се делеле. Види мајката - прво им ги менуваат фасадите на зградите околу нив и потоа архитектонските убавици ги нарекуваат копилиња.

Љупчо Поповски, „Утрински весник“, 27.02.12.

28.02 2012
Јунанистан и Грујовистан

Ако можат Турците да ја викаат Грција Јунанистан, тогаш може и Грците да ја викаат Македонија - Грујовистан!

Наслов на колумната на Стојан Андов во „Фокус“, 24.02.12.

27.02 2012
СДСМ: нема идеи - нема проблеми

Сега е јасно зошто сите разни отцепени ВМРО-вци кои глумеа опозиција повторно си ги прибраа назад. Немале искусни кадри. СДСМ нема проблем со кадри. А богами ни со идеи. Нема идеи, нема ни проблеми.

Горан Михајловски, „Вест“, 25.02.12.

25.02 2012
Подарок

Ако сакаме да бидеме во тренд со грчкиот по­да­рок, би можеле и ние на Расмусен да му дадеме нешто од времето на Алексан­дар. На пример, реплика од мадињата на Букефал. Мал­ку е кабасто за транспорт, ама ќе дојдат легалистите од Брисел и ќе му помогнат. До­ду­ша, ќе има мал проблем со името на подарокот. Оти тоа не се мадиња на Букефал туку мадиња на коњот на воинот. Во која држава главниот споменик на најглавниот плоштад во главниот град го викаат под псевдоним, наместо со вистинското име? Во држава која под псевдоним ја примиле во Обединети нации.

Горан Михајловски, „Вест“, 17.02.12.

24.02 2012
Бумеранг

Напорен си, човече! Бумеранг да пуштиш, нема да ти се врати!

Трендо му се обраќа на Саше Политико; „Нова Македонија“, 23.02.12.

23.02 2012

Препорачуваме

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

ОкоБоли главаВицФото