Боли глава

Мајки со синови

Мајката отсекогаш била инспирација за многу уметници, како и за мене. Сакајќи да ја прикажам големината на мајчинството се одлучив за оваа композиција во која се претставени четири мајки со блажена насмевка, неизмерна љубов, безгранична нежност и копнеж за среќен живот на своето дете.

Валентина Каранфилова – Стевановска, авторка на „Триумфалната капија“, „Воинот на коњ“ и на уште еден „грандиозен воин од 13 метри“; Вечер, 12.12.11.

20.12 2011
Перат неиспрано?

Работат против интересите на државата, работат против лустрацијата целосно, даваат некои информации безвезни, се перат од нешто што не е ни извалканo, ни исперено, ни доперено. Не знам што е тоа, дали си ја бркаат мувата, тоа наредниот период ќе видиме што е како е.

Томе Аџиев, лустратор со неиспран мозок; makdenes.org, 13.12.11.

19.12 2011
Каков обвинител таква држава

Ние тука дискутираме и правиме стандарди, а забораваме дека ние сме, да не претерам, најмалку шест-седум генерации зад западните демократии, од аспект на цивилизациско, културолошко, политичко и економско ниво. Ние не сме спремни да го следиме примерот на западните демократии.

Љупчо Шврговски, невидливиот јавен обвинител на држава која ни минимално не ги исполнува неговите „цивилизациски нивоа“; дневен „Фокус“, 15.12.11.

16.12 2011

Алијансата на цивилизациите, дијалогот меѓу цивилизациите, се токму оние нешта кои предолго ни недостигаа.

Ѓорге Иванов, претседател; „Дневник“, 10.12.11.

14.12 2011
1
Западоиди

Во западните земји (Британија предводи), не само Аристотел, туку и Шекспир и Пикасо се технолошки вишок.

Билјана Ванковска, „Нова Македонија“, 12.12.11.

13.12 2011
Женски муабети

Опозицијата имаше можност, право и обврска сите свои забелешки да ги презентира на вистинското место, во рамките на Собранието... Тие таму не се појавија, така што сите разговори надвор од официјалните места личат на женски муабети кои, едноставно, не заслужуваат коментар.

Воислав Зафировски, претседател на Антикорупциска комисија; дневен „Фокус“, 12.12.11.

12.12 2011
Пеце и Љутви во барокната зграда

Замислете си, кога секој ден, пред барокната зграда ќе запре оној големион камион на „Водовод и канализација“ што меѓу вработените го нарекуваат „гомнарката“, па од него ќе излезе Пеце или Љутви, со дневниот налог в рака, од тукушто завршената интервенција на затнатата фекална канализација на Илинденска бб. Со чизми до колена, па кога ќе загази по тоа мермерот, ќе остави иста трага како владата на Груевски со шестгодишно владеење во Македонија. А можеби мајсторите пак ќе си останат понастрана во некоја шупа во Бутел, кај гробиштата, а во 5000 мермерни квадрати ќе се шират лепачите на плакати на ВМРО ДПМНЕ?

Стевче Јакимовски, дневен „Фокус“, 10-11.12.11.

11.12 2011
„Духовит“ градоначалник

А дали може сладолед на стап со волна?

Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, ѝ одговара на колешка од локалната самоуправа која на свеченост побарала парче торта; „Фокус“, 9.12.11.

09.12 2011
Броево писмо

Подмладокот на УМС на ВМРО ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со здружението на слепи лица, а документот беше оверен на кирилично и на броево писмо.

Диме Спасов, претседател на УМС и државен секретар во министерство за правда; дневен „Фокус“, 06.12.11.

07.12 2011
Фолкерите најдоследни чувари на името

Секоја песна има порака, а секоја порака треба да биде упатена во соодветно време. Навистина, ние, пејачите од фолк-естрадата, на своите настапи можеби и најдоследно го докажуваме постоењето на македонското име, односно на сè што се подразбира под тоа - идентитет, нација, јазик.

Сузана Спасовска, пејачка; Утрински весник, 05.12.11.

06.12 2011

Истите тие новинари нè отекоа со муабетот за декриминализација на клеветата, што во превод значи, онака уличарски и народски по мое, бараат легално да серат против кого сакаат, да можат некому и ден да затемнат, и живот да зацрнат, и кариера да упропастат, ама за тоа да не преземаат никаква одговорност пред никого, бараат да им биде дозволено без никаква пречка да лажат и манипулираат, да спинуваат и одработуваат, иако сите знаеме, нивните дела тоа досега го покажале, најголемиот дел од нив го блебетаат само она што партијата-миленичка го побарала, газдата-божество го наредил, па газето што им зинало за кеш го одработило.

Александар Русјаков, режимски хуморист и (ко)автор на некои од највалканите и најподлите прилози во историјата на медиумите во Македонија; „Нова Македонија“, 03.12.11.

05.12 2011
1

Тие се обидуваат очигледно вештачки да создадат некоја сензација со тоа дали координаторот на пратеничката група на ВМРО ме прашува за некое прашање дека ќе биде поставено, или ме известил за некое прашање или не ме известил јас дека сум кажал или не сум кажал дека тоа нема никаков проблем да биде било какво прашање поставено.

Никола Груевски, „Алфа ТВ“, 27.11.11.

01.12 2011
3
Гркоманот и владата

Ако Љубе Бошкоски е осуден на седум години; ако заштитениот сведок е гркоман од селото Бапчор во Егејска Македонија; ако тој гркоман е во одлични односи со грчката држава и тајните служби; ако тој гркоман беше идејниот автор на целата операција со продажба на „Окта“; ако тој гркоман е денес клучен играч на македонската влада во оваа тешка казна за Љубе; ако Љубе беше најсериозен критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - тогаш, драги пријатели, дали тој гркоман, кој е во одлични односи со грчката држава и со грчките служби, би ѝ бил од помош и услуга на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ако пред тоа не добиел согласност од своите газди во Грција?! И која е, тогаш, најголемата грчка инвестиција во Македонија? Сегашната влада на РМ?

Васко Ефтов на Фејсбук; дневен „Фокус“, 30.11.11.

30.11 2011
Семејство замешано во непотизам

-Људмил Спасов- е човек кој што слепо, еуфорично и некритично 20 години ги поддржува политиките на СДСМ. Тој исто така членува во повеќе органи и тела. Неговото семејство е исто така замешено во непотизам...

Соопштение до јавноста од ВМРО ДПМНЕ; 27.11.11.

29.11 2011

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото