Боли глава

Геноцидот беше подобар

Знаете како велат, Сараево е вториот српски град во онаа Југославија. Сега веќе не е. Кога Сараево онака добро би се претресло, она што би се нашло по подрумите и на таваните би било ужас. Тој однос на соседите муслимани, и тоа, за жал, повеќето од нив, под изговор дека доаѓаат да ги заштитат своите соседи ги земаа нивните клучеви и пуштаа вооружени луѓе во становите. Сараево е еден ужас.

Билјана Плавшиќ, воена злосторничка, на годишнината од опсадата на Сараево, се правда себе си и своите крволочни шефови; Glas Srpske, 06.04.12.

10.04 2012
Вистина е смрт

Тој е Бог жив и Бог на животот, и покрај индустријата на смртта која под маската за борба за човекови права, го озаконува и оправдува уништувањето на човечкиот живот на самиот негов почеток.

Загрепскиот надбискуп Јосип Бозаниќ ја искористи Велигденската честитка да ја разоткрие вистинската природа на женското право за располагање со своето тело; Informativna katolička agencija, 07.04.12.

09.04 2012
Цврста соработка

Уместо уласка у овакве „интеграције“, држава Македонија треба обнови и развије интегративне процесе са државом Србијом. Потпуно сам убеђен да једино чвршћа сарадња са суседном државом попут Србије може донети бројне позитивне ефекте и доприносе за нас као државу и за нас као Македонце. Након повлачења признања Косова како независне државе – шта је била једна од многих погрешних политичких одлука владе ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ (УЧК) који су потпуно анти-македонски односно у супротности са потребама и интересима Македонског народа.

Д-р. Тони Науновски; srpskapolitika.com, 22.01.2011

06.04 2012
Агресија врз македонскиот народ

Како да се полемизира со идеолози - волунтаристи, фалсификатори впрегнати ревносно да го завршат она што некои други надворешни сили не успеале да го направат во блиската историја, а против кои се бореше ВМРО? Со нив не може да се полемизира, затоа што и едните и другите настапуваат од позиција на сила/агресија врз македонскиот народ!!!

Донка Барџиева-Трајковска, претседателка на ЗГ „Центар за културно наследство“; Утрински весник, 03.04.12.

05.04 2012
Поздрав за апсењето на мажот

Иа­ко сум изненадена од акцијата „Детонатор“, и не наоѓам никаква по­вр­за­ност со мојот сопруг, ја поздравувам.

Бети Кузмановска, пратеничка на ДПМНЕ, ја поздравува полициската акција во која е уапсен нејзиниот маж познат под прекарот „Фукле“; „Вест“, 03.04.12.

03.04 2012

Доколку шеталиштето во центарот на Скопје го наречеме Ванчо Михајлов, тогаш бикот што е поставен на истата улица, карши шмизлата, конечно ќе си добие смисла. Нели Михајлов за Македонците велеше дека се македонистички говеда?

Владо Апостолов, новинар; Фокус, 30.03.12.

02.04 2012
1
По-глед-не-те го се-ма-фо-рот

Јас сум дете на асфалтот, па повеќе сум на улица од семафор!

Здравко Мамиќ, извршен и доживотен ко-претседател на загребскиот ФК Динамо; HRT, 28.03.12.

30.03 2012
Накратко за Иво Санадер

Kako mi taj čovjek ide na kurac.

Чедо Продановиќ, адвокат на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, си ја олеснува душата во судницата, каде што на неговиот клиент му се суди за воено профитерство и тешки злоупотреби на должноста, не знаејќи дека микрофонот е вклучен; 24 sata, 25.03.12.

29.03 2012
Подобрување

Со министрите разговарав за подобрување на невработеноста.

Жељко Керум, градоначалникот на Сплит, ја објаснува својата оригинална економска стратегија; Index.hr, 26.03.12.

28.03 2012
Премногу кохезија

Бидејќи во државата, меѓу Македонците, има премногу кохезија, мора да се измисли нешто што ќе внесе барем малку раскол. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, за инает на сите, поднесе нов закон за лустрација. Уште подрастичен од претходниот, кој падна на Уставен суд. Практично, до 2006 година, кога со Груевски, конечно, пристигна демократија-та во Македонија, буквално секој граѓанин ќе подлежи на лустрација. А кодошите ќе бидат јавно објавувани на веб сајтот на Комисијата. А зошто само на тој веб сајт? Зошто прво да не се објавуваат на Фејсбук? И онака досиејата се веќе таму. Зошто таа информација да се сподели само на Интернет? Сите за кои комисијата ќе изгласа дека се кодоши, нека носат црвена лента кога ќе одат на работа. Да може секој да ги истепа на улица.

Горан Михајловски, новинар; Вест, 23.03.12.

27.03 2012
Шпанско село

Сигурно е дека барем во поглед на невработеноста и стандардот разликите денес и не се толку драстични помеѓу една Шпанија и, да речеме, Македонија.

Мирка Велиновска, новинарка; Нова Македонија, 24.03.12.

24.03 2012
Скопјаните конечно освестени

Сметам дека конечно проработе свеста меѓу скопјаните, меѓу населението дека работиме за доброто на сите во Македонија.

Паско Кузман, „Утрински весник“, 21.03.12.

23.03 2012
А1 е мртва, да живее слободата на говорот

Слободата на говорот во Македонија е жива и добра, и новинарите на А1 телевизија кои ја изгубија својата работа, повторно работат во професијата. Некои ... добија пари од странски поддржувачи и отворија сопствени медиуми; други се вработија во домашните медиуми. Каде е тука ограничувањето на слободата на говорот?

Мирка Велиновска, новинарка; setimes.com, 21.03.12.

22.03 2012

Ако мене лично ме прашате и јас како и секој друг Албанец се надевам на обединување, сакам обединување, сонувам за обединување на сите Албанци, но прашањето е како тоа да се направи? Дали постои платформа за тоа, манифест, некаков документ. Тоа е прво. Друго што сакам да кажам е реално како може тоа да се направи.

Ермира Мехмети-Деваја, пратеничка, во изјава за ТВ „Клан“ од Тирана; „Плусинфо“, 20.03.12.

21.03 2012
5

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото