Боли глава

Пречек

Идните информатичари што ќе освојат злато или сребро лично ќе ги пречекам на аеродром.

Панче Кралев, министерот за образование не ги дочека македонските информатичари што се вратија со медали од три натпревари; Утрински весник, 22.08.11.

22.08 2011

Поп пејачката Каролина Гочева ќе се спушти со кран до споменикот на Александар на скопскиот Плоштад, на свеченоста на 8 Септември, по повод 20 години независност. Со тоа, дознаваме, ќе заврши официјалниот дел на прославата, и ќе почна забавата која ќе биде крунисана со отворање на споменикот, пуштање на фонтаната и со спектакуларен огномет.

вест во „Вест“, 19.08.11.

нема
19.08 2011
1
Среден прст за Грците

Ова е нашиот начин да им речеме „еве ви го средниот прст“.

Анотонио Милошоски, пратеник

Извори: Guardian, 14.08.2011; + Инфо, 15.08.2011

18.08 2011

Деновиве дознаваме работи кои само ги претпоставувавме. Особено тоа се однесува на иницијалната фаза на создавањето на тн. „нон-пејпер“ од кој што подоцна произлезе Рамковниот договор. Вистината кога тогаш излегува на виделината, а историјата е таа што ќе суди.

Ѓорге Иванов, претседател, во својот препознатлив стил тера конспирации и интриги; „Утрински весник“, 16.08.11.

16.08 2011
6

Нам ни треба дикција и меѓусебен натпревар. Од квалитетот на тој натпревар зависи нашиот прогрес. Но ако немаме никаков натпревар, макар бил глупав каков што го имаме сега овој и безидеен бидејќи опозицијата ја нема идејата, на сите инсистирања во полемиките, бидејќи дека ако сакаш да победиш како што се случи смената на власта во Велика Британија - понуди нешто, а не вели ние ќе чекаме да видиме тие да згрешат, еклатантен пример е името.

Слободан Чашуле, изјава за „Канал 5“; 07.08.11.

12.08 2011
1

Тоа би било како да ме прашаат да се откажам од едниот или од другиот син.

Томислав Николиќ, претседател на СНС, одговара на прашањето каков би бил ставот на Српската народна партија ако ЕУ го постави условот - да се направи избор помеѓу Европската Унија и Косово; Б92, 04.08.11.

10.08 2011
2
Сепак по закон?

Нејсе, во правната држава која се обидуваме да ја воспоставиме, лустрацијата сепак мора да се одвива по законски пат, значи и со формално правни „заврзлами”.

Зоран Димитровски, главен уредник на „Дневник“, 06.08.11.

08.08 2011

... Македонија нема никогаш и никому да припаѓа, кога го создавав светот неа ја создадов за себе, за да има каде да се исполнам со радост.

Господ Бог, линк до изворот

05.08 2011
4
Сo двете нозе

Сакам да потенцирам дека мојот ангажман останува силно и недвосмислено врзан за Премиерот, и тоа со двете нозe.

Мартин Протоѓер, 02.08.2011, линк до изјавата

04.08 2011
Забрзување на слободата

И еснафот и владата треба да придонесат за дигнитетот на новинарството и да превенираат забрзување на слободата, етиката и професионалните стандарди.

Никола Груевски, говор во Собранието; „Капитал“, 28.07.11.

03.08 2011
Слични нешта

Имав можност да раководам со министерството за образование и наука, кое мислам по многу работи е слично со министерството за здравство.

Никола Тодоров, новиот министер за здравство; „Плусинфо“, 29.07.11.

01.08 2011
Зoшто гласам за новата влада

Мандатарот Никола Груевски кон сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ испраќа СМС-пораки во 1 и 2 часот наутро. Министерот за надворешни работи Никола Поповски брзо одговара на електронската пошта. Челникот на Труд и социјала Спиро Ристески кон крајот на минатиот век зборувал за иднината на државава. Првиот економист Валон Сарачини, се поздравува. Македонецот од Охрид, Бил Павлески, пак, сака да се вклучи во изградбата на родната земја. Раководителот на ресорот образование, Панче Кралев, изодел над 200 километри во кампањата за парламентарните избори. Наследникот на Михајло Маневски во правда - Блерим Беџети - победи на локални избори.

Влатко Ѓорчев, пратеник, ги наведува причините поради кои ќе ја поддржи новата влада; редакција на тезите на Ѓорчев: www.plusinfo.mk; 28.07.11.

29.07 2011
Менување име

Предлагам да го промениме името и да не се вика Источно Сараево, туку да се најде некое пооригинално за со тоа да ја покажеме нашата сериозност.

Милорад Додик, претседател на Република Српска, „Срна“, 20.07.11.

27.07 2011

Разговарајте за тие хашки случаи, проверете ги законите и ако има можност, решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Знае народот што беше татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред. Овие случаи треба да ги стопираме и да ги испратиме во историјата, да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме.

Јохан Тарчуловски, хашки осуденик, во писмо го охрабрува Никола Груевски да ги амнестира хашките случаи; „Утрински весник“, 20.07.11.

25.07 2011
1

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото