Боли глава

Нашата намера е да ја воскреснеме Македонија.

Љубе Бошковски; А1 ТВ, 25.04.11

Виц икона
25.04 2011
Квантитетот во квалитет

Ако во минатото суштината беше како да го подигнеме квантитетот во смисла на учеството на граѓаните во образовниот процес, (...) од овој момент главната битка ќе се води за квалитетот на образованието.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ; „Шпиц“, 22.04.11.

нема
23.04 2011
Квантитетот во квалитет

Ако во минатото суштината беше како да го подигнеме квантитетот во смисла на учеството на граѓаните во образовниот процес, (...) од овој момент главната битка ќе се води за квалитетот на образованието.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ; „Шпиц“, 22.04.11.

нема
23.04 2011
Лице и опачина

Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска се блиски соработници и на некој начин се лице и опачина во изминатите 19 години.

Никола Груевски реагира на кандидатурата на Шекеринска за премиер; „Алсат“, 20.04.11.

нема
20.04 2011
Близок по основ

Во МВР работат близу 12 000 луѓе и јас навистина немам информација кој на кого му е роднина ниту, пак, тоа е релевантна информација, и кој со кого е близок и по кој основ.

Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи, одговара на прозивките за непотизам во МВР; „Шпиц“, 16.04.11.

19.04 2011

Автобусот прво тргна по булеварот Партизански одреди и како да го оживеа целиот простор. Таксистите излегоа од своите автомобили и ја озборуваа новата ѕвезда на скопскиот асфалт. Граѓаните што го пиеја пладневното кафе по кафулињата занемеа. Шетачите, пак, застануваа на станиците да се сликаат со автобусот зад нив. На „Рекорд“ воодушевувањето беше уште поголемо. Како за момент сите да запреа.

Им застана залакот во устата на сите што јадеа во пекарниците. Патниците во автомобилите ги креваа главите нагоре, а возачите на постарите автобуси му завидуваа на својот колега. Истото се повтори и кога автобусот влезе во Аеродром, кога ја помина железничката станица. Градежниците ги оставија алатите, вработените во сендвичарниците ги заборавија плескавиците, а луѓето по становите излегоа на терасите и на прозорците да го видат автобусот и да го поздрават.

Сања Јачевска, Нова Македонија, 18.04.2011.

18.04 2011
1
Главокинач

Се вративме за да ви ги скинеме главите.

Имер Алиу, пратеник, го објаснува враќањето на својата партија во собранието; „Шпиц“, 16.04.11.

18.04 2011

Тоа е јасно за „Центарот“, но не ми е јасно за сериозните дневни весници кои ги прифаќаат данајските антиреклами на „Центарот“ и со тоа го трујат својот профил (па не знам какви пари да се во прашање). Весник со четири црни страни плукања и антипропаганда не се фаќа во рака. Тоа ја контаминира и поклопува сета негова дневна содржина.

Љубомир Д. Фрчкоски, „Дневник“, 12.04.11.

14.04 2011
1
Жива материја

Избирачкиот список е жива материја и тоа СДСМ го знае. Секој ден некој умира и секој ден некој навршува 18 години.

Илија Димовски, пратеник, на прес конференција; 06.04.11

13.04 2011
Криминален ум

Криминалецот Зоран Заев вчера со лаги сакаше да се претстави како чесен човек, но комплетно се закопа и се уништи. Од вчера Зоран Заев е мртов политичар. Ниту името му се исчисти ниту образот му се обели, напротив Зоран Заев стана уште поцрн и уште понеморален, тој покажа дека е непоправлив криминален ум.

Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција; 08.04.11.

12.04 2011

Во Скопје се стркала солза... Една македонска фиданка испушти душа. Неретко погибијата ги осамнувала Македонците во Софија. Од Петров и Сарафов до Венко... Доста можеби немаше берданка на рамо да го бие турскиот аскер, ниту пак остро перо за да ја прозива Европа за македонската небиднина, но имаше љубов кон поезијата и литературата и најмногу железна волја да бдее над Македонија, без оглед на својата приватна осаменост.
Зоран Димитровски, нов глодур на „Дневник“; „Публика“, 09.04.11.

Виц икона
11.04 2011
2
Златно доба

За волја на вистината, во Македонија постоеше еден период на нормалност. Тоа беше периодот помеѓу 1988, односно изборот на последното раководство на СКМ кое доброволно се откажа од контролата на медиумите, администрацијата, институциите и текови на стопанството и 1992 година, односно изборот на првата политичка влада на демократска Македонија предводена од Бранко Црвенковски. Во ова „златна доба на македонската демократија“ дури и државните медиуми воспоставија стандарди кои се денес недостижни за современите македонски медиуми, економија и животниот стандард беа највисоки во современата македонска историја, а демократијата не само што се чувствуваше, туку и се живееше.

Ивица Боцевски, „Дневник“,06.04.11.

07.04 2011
Остваруваме дупло!

Само за пет години Владата на Никола Груевски успеа речиси да го дуплира долгот. Никако не смее да се заборави септември 2006 година, кога Владата на Груевски дојде на власт. Тогаш вкупниот надворешен девизен долг на Република Македонија изнесуваше 2,4 милијарди евра. До крајот на јуни 2011 година, по повлекувањето на 220 милиони евра од ММФ, вкупниот надворешен девизен долг ќе изнесува околу 4,5 милијарди евра. Вклучувајќи го и наследениот долг од бившата СФРЈ, сите досегашни влади во самостојна Република Македонија, од 1990 година, па до септември 2006 година, ја задолжиле македонската економија за 2,4 милијарди евра.

Ден Дончев, „Утрински весник“, 06.04.11.

06.04 2011
Силување на јавноста

Тие знаат дека нема да победат, но се надеваат дека со транзициски манипулации ќе успеат да го направат следниот мандат полош од кој било досега. А нема да успеат во тоа, зошто повторно сакаат да ја силуваат целата македонска јавност.

Илија Димовски, пратеник; „Дневник“, 05.04.11.

06.04 2011

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото