Боли глава

Средство за лична комоција

Ако на сето ова се додадат и хајките што се прават против луѓето кои ќе се дрзнат да кажат макар и по еден збор со резерва или критика, ќе дојдеме до вистинската ситуација. Медиумот како средство за лична комоција. Нема разлика дали тоа е бизнис-интерес, политички интерес или суета. Сè е исто.

Илија Димовски, пратеник, не зборува, се чини, за ДПМНЕ, МТВ, Сител, Канал 5 итн.; „Дневник“, 08.03.11.

08.03 2011

Во последно време лица со помрачени умови продуцираат мрачни сценарија за изборите.

Ѓорге Иванов, претседател; А1 ТВ, 07.03.11

07.03 2011
1
Не прифатил

Ниту сум прифатил промена на името, ниту мислам да прифатам. Ако тоа сум го направил како што велат во СДСМ, тогаш немаше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ да стои дека секоја идеја или предлог за името ќе биде на референдум. Ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред заминувањето за Букурешт ќе пуштеше официјално соопштение во кое официјално ќе потврдеше дека нашиот став е за која било идеја за кој било предлог ќе мора на референдум да се одлучат граѓаните.

Никола Груевски, 29.05.08.

03.03 2011
Здрава и напредна држава

Верувам колегите од СДСМ не веруваат дека опструкцијата на политичките процеси може да биде издржана опција. Претпоставувам дека и тие самите препознаваат дека оваа партија станува заложник на политичката кариера на Бранко. Но процесите мора да течат. Сите треба да го дадат својот придонес во изградбата на здрава и напредна држава.

Илија Димовски, „Дневник“, 02.03.11.

02.03 2011
Стравот се гледа

Од месечината освен Кинескиот ѕид се гледа и стравот на Бранко Црвенковски од предвремени избори.

Никола Груевски; „Телма“, 28.02.11.

01.03 2011
Боли уво

Баш ме боли уво дали СДСМ ќе бојкотира избори!

Мирка Велиновска; „Нова Македонија“, 25.02.11.

28.02 2011

Историјата, исто така покажува дека во тешките моменти се гледа кој е маж и патриот, а кој е педерче и кукавица. Исто така, дека таа иста историја покажала дека македонците секогаш меѓу себе имала мажишта (ама и женишта кои имале поголеми муда од многу мажи: Мирка Гинова, Мара Бунева и секако Мирка Велиновска), кои знаеле да го дадат највредното во корист на својот народ и држава.

Миленко Неделковски

27.02 2011
1
Удар врз идентитетот

И ова последното со реконструираната црква музеј на скопското Кале исто така не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонските цркви и споменици во северна Грција.

Г.г. Стефан; Точка, 20.02.11.

24.02 2011

Ivana Dragsiqi tolku znam bicikliski, tvoe e da ja razberes ili ne metaforata, taa e nesto kako tvojata desna zagrada...

Aleksandar Bicikliski prvo ne se pisuva "metaforata" se pisuva "metafora" ili ja preskokna taa lekcija ))) toest i prezimeto neznaes da si go napises pravilno a jas baram da debatiram so tebe)))

Александар Бичиклиски, портпарол, на Фејсбук дели лекции по писменост; 22.02.11.

Виц икона
23.02 2011
1
Горд во сите варијанти

Да ја искористам можноста да потенцирам дека се чувствувам и помалку горд бидејќи сум бил пратеник во состав кој решил сам да си го скрати сопствениот мандат, а и повторно сум во состав на парламент кој е спремен повторно да се соочи со граѓаните и со нивните потреби.

Илија Димовски, Дневник, 22.02.11.

22.02 2011
Угнетено мнозинство

Наместо функционална држава, добивме самопрогласени коти на демократијата. Нема мнозинство и малцинство. Сите се мнозинство, при што реалното мнозинство (етничко, религиозно, културно, јазично, политичко) е блокирано, уценувано, угнетувано, тормозено од мнозинството, кое е реално малцинство (етничко, религиозно, културно, политичко).

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 18.02.11.

18.02 2011
Оперетка

За среќа, ние сме држава која нема посериозен капацитет. Како што не сме кадарни да си ги решиме поголемите проблеми, така немаме капацитет ни да создадеме поголеми проблеми. Сето тоа на крај се сведува на оперетка. Тоа е наша среќа, зашто кога би биле поспособни, досега, најверојатно, ќе нè немаше.

Петар Арсовски, „Утрински весник“, 17.02.11.

17.02 2011

Полицијата достојно ги изврши задачите, а ослободувањето на неколкутемина приведени од навивачката група „Шверцери“ е тактичка одлука.

Гордана Јанкулоска, Mинистерка за внатрешни работи; Нова Македонија, 16.02.11.

16.02 2011
1

Антисемитот е личност која ги мрази Евреите повеќе од потребното.

Ѓорѓе Иванов, Светомир Шкариќ, во учебникот „Политички теории – антика - преземено до Шпиц

Виц икона
14.02 2011

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото