1009 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Пет, 03.05.2024 10:59
„ПИН конференција”, која е под закрила на „Пасворд продукција”, објави дека домашните бендови „Луфтанза” (Lufthansa) „Фанк Шуи” (Funk Shui) и „Корпорација Вагина” (Vagina Corporation) се меѓу 27-те номинирани за музичките награди „ХЕМИ” за 2024 година.
„Многу сме возбудени што можеме да пречекаме 27 артисти и бендови на овогодинешните „ХЕМИ” музички награди! Избрани од 27 експерти од музичката индустрија, 27 уметници и бендови од деветте земји на ХЕМИ ќе учествуваат во овогодинешната програма за таленти која ќе ги поддржи да ги зајакнат своите вештини, да се поврзат и да ја шират својата музика преку границите!”, соопштуваат од „ПИН”.
По првата фаза на номинации, во втората има селекција на девет финалисти-интернационални изведувачи, за кои одлучуваат гласови на меѓународно жири од претставници на фестивали и изложбени конференции, музички сали, букинг агенции, музички асоцијации, институции за музички експорт и музичките медиуми.
На ланските „ХЕМИ” една од финалистите беше и Дина Јашари.
Инаку, „ХЕМИ Музички Награди – ХМА” претставува талент-програма за изведувачи, со цел тие да се развиваат, прошируваат и да освојат меѓународна публика и пазар.
„ХМА” се организирани од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ”, европска инцијатива кофинансирана од програмата „Креативна Европа” на ЕУ.
Програмата се стреми да ги поддржи уметниците и професионалците од музичката индустрија во Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.
Извор:https://www.radiomof.mk