Њујоршкиот High Line

08.08.2011 12:02
Њујоршкиот High Line

Иако е отворен пред две години, проектот High Line на њујоршкото студио Diller Scofidio + Renfro, стана иконичен дел на Менхетен.

Двата милиони посетители во минатата година на пренаменетата пруга во оаза на зеленилото сведочи за потребата од ревитализацијата на запуштените делови од градот, но и за нужноста од брендирање на градот со динамични урбани проекти. Така, со големо нетрпение се дочека и крајот на втората фаза на проектот, отворена пред неколку години. Втората фаза на High Line и понатаму ги задржува оригиналните карактеристики на подигната променада, но овој пат нудејќи неочекувани визури на уличната врева во подножјето.

Новост е формирањето на т.н. Flyover ниво, место за прошетка кое се претвора во сеница и балдахин од дрва и магнолии, како и голем простран тревник, како најбаран додадок за сите излетници. Самиот концепт функционира како грижливо одржувана англиска градина, со мноштво неочекувани простори. Дека High Line од запуштен дел на градот стана еден од најбараните, сведочи и целосниот архитектонски бум во овој дел од градот, пополнет со проекти на ѕвезди-архитекти, како зградата на корпорацијата IAC на Гери, еден проект на Нувел, како и екстензијата на Музејот Витни на Renzo Piano.

Брзата продукција на таквата архитектонска продукција, заедно со отворањето безброј галерии, мали ресторани и продавници за висока мода, сведочат за силниот ефект на High Line. Таквиот модел на гентрификација може да се репродуцира во недоглед, но со вистински услови – познати архитекти кои мудро го користат фактот дека ја спасуваат урбаната инфраструктура што се распаѓа.

Оригиналниот проект на High Line секако дека дава одлична и лесно применлива лекција за сите градови и урбанизирани делови кои имаат свои рабни, опасни области. Стратегијата за развој е многу јасна – претворање на потенцијално скришните места која се запуштени и заборавени во шик простори за релаксација за новорастечката буржоазија, со нужност за огромниот капитал и вложувачи кои зачувувањето на градскоста ја согледуваат во бесплатни, некомерцијални простори.

Повеќе за подигнатиот њујоршки парк можете да погледнете на овој линк.

Фотографии: Џејк Добкин преку Gothamist

Извор: pogledaj.to

за момент киднав од скопје.

за момент киднав од скопје. супер препорака, окно! (на линкот мислам пред се', а и на краткиот текст, секако.) фасцинира тоа што high line не е само парк (ќе кажев само обичен парк, но никако не е ОБИЧЕН)туку има мноштво содршини: изложби, храна, едукативни активности за деца... она што американците добро го прават е тоа што во секој можен проект внесуваат елементи на економска оддржливост. овде, во high line,се изнајмуваа простории за кафичи и ресторани, се закупуваат простори за разни настани, и којзнае што уште не.
многу има за учење...

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото