Грујо е самар?

18.10.2011 11:23
Никола Груевски

По една година или две кога ќе се соочиме со фијаското од тактиката, двете земји ќе бидат многу подалеку од решение, отколку што се сега. Ова прашање не се решава со сила, особено не на ваков начин, кога целиот притисок се става на едната страна, а на другиот скоро и да нема притисок. Нашиот народ вели: „не можат по атот, па по самарот“.

Никола Груевски најавува уште поголема тензија со Грција; „Вест“, 17.10.11.

Идиоти! Самар е Македонија не

Идиоти! Самар е Македонија не Грујо, на тоа се мисли, само неписмените необразовани новинари си го работат своето.

Па, извештаите ги критикуваат

Па, извештаите ги критикуваат политиките на владата на Груевски, а не ја критикуваат Македонија (што и да е тоа). Ама, Перо, идиоте, те разбирам: Црниот-Златниот е Македонија, се друго е сумљиво, он е еманација на Македонија (што бе еманација, он Е Македонија, прав си, Перо!), а ние другите, или сме чувари на еманацијата (т.е. на отелотворената Македонија) или сме предавници... Ете така, Перо, ти бодигард лично на Македонија, ја, јебига, предавник...

Браво како само погодивте

Браво како само погодивте !
Ваква острумност нема никаде!!
Браво браво браво !
Алал да ви е !
Интелектуалци пар екселанс!

Николае Грујабе вели (не само

Николае Грујабе вели (не само што вели, тоа е клучната точка на целата негова идеологија и технологија на владеење), дека западњаците (ЕУ, НАТО, САД) го (т.е. нè) малтретираат исклучиво за тој (т.е. ние) да попуштиме пред лудачките барања за промена на името. И вели пастирот дека тој води совршени реформски политики, а сето друго само му го пакуваат злите предавници, слугите на Грција, шиткачите на идентитетот итн.
Но, би рекол, СОСЕМА Е ОБРАТНО! Грујабе три години по ред добива релативно позитивни извештаи исклучиво зашто се обидуваат да го смилостават во однос на правењето компромис со Грција. За тоа време малиот талентиран Грујабе (славниот наш Златен-Црн, т.е. Мал-Голем) направи пичвајс од целава земја, т.е. целата земја ја претвори во негова партија. Ако ти се свиѓа неговата партија - океј, моеш да дишеш. Ако не - одјеби, кој ти е крив коа не моеш да направиш правилен избор.
Повторувам: западњаците се екстремно толерантни кон Грујабе (му го простуваат евидентно недемократското владеење, плус криминалите на Фамилијата) само за пастирот да нема аргументи дека е потлачен! Без разлика на тоа, дури и со умерените аргументи дека земјава е нејцрниот вилает во Европа, пастирот пак цмиздри и ни најавува уште потешки времиња оти, јебига, сакаат да ни го земат идентитетот, а он нема го дае, макар морал да владее уште сто години.
Ало, Македонци! До тој степен ли сте идиоти за на ваков начин да си игра пипиревка (т.е. дрндупка) со вас еден забеган манипулатор и демагог кому баш и не му се сите овци на број?!

Ako Grujo e samarot, vie od

Ako Grujo e samarot, vie od Okno ste magarinjata.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото