Портрет на еден револуционер од Волстрит

20.10.2011 11:36
Влад Теихберг

За Огорчените (од шпански: Indignados) од Волстрит се тврди дека немаат водач. Па сепак, меѓу нив се наоѓа еден човек без кој ова движење никогаш немаше да постигне меѓународна препознатливост.

Станува збор за Влад Теихберг, 38-годишник, кој изгледа десет години помлад. Со делумно занемарен изглед и добри манири на интелектуалец образован на престижниот универзитет Принстон, заедно со група пријатели, преку интернет ги пренесува случувањата од улиците на Њујорк.

Син на руски дисидент, Влад не е обичен американски Indignados. Заедно со својата сопруга, која по потекло е од Мадрид, го „извезе“ ова движење на незадоволство од Шпанија во САД. Во Шпанија беше дел од групата која го надгледуваше порастот на бројот на демонстрантите, а во Њујорк претставува главен контакт за сите поважни прашања. Кога еден градски службеник дисркетно ги посети, Влад бараше да им се донесат лампи за греење: „Белки, не сакате пред очи некој од демонстрантите да ви умре од студ“, му рече.

Овој њујорчанец уште од првиот ден обебеди постојана видео покриеност на настаните. Целта е на овој начин да се шири „вирусот“ на протестот, но и да се заштитат демонстрантите од полицијата.

„Има многумина кои настојуваат да го дискредитираат нашето мирно протестирање, но транспарентноста игра во наша корист“, вели Влад.

Всушност, фотографиите кои го прикажуваат односот на полицијата кон демонстрантите само одеа во прилог на движењето. На почетокот, ги привлекоа незаинтересираните големи американски медиуми, а тогаш настанаа и некои од слоганите како: „Ние сме 99%“, алудирајќи на оние 1% кои во своите раце ги имаат моќта и богатството.

За заканата на финансикото лоби по демократијата и влијанието на Волстрит врз американската влада, Влад зборува од сопствено иксуство. Математичар по професија, и самиот работел како тргувач на Волстрит пред да стане активист за „вистинска“ партиципативна демократија и да ѝ се придружи на подземната група видео-уметници од Њујорк – Glass Bead Collective – во која ги користат новите медиуми и уметнички изрази за да ја ангажираат јавноста за учество во расправите за современите проблеми.

Проектирањето фотографии во 2007 г. кои ја критикуваат војната во Ирак на фасадата од зградата со поглед на Граунд зеро (Ground Zero), му донесе проблеми со полицијата и ФБИ кои, според него, ја користат војната против тероризмот за да ги прогонуваат поддржувачите на слободата на говор.

Влад веројатно го наследил бунтовничкиот дух од татка си кој бил приморан на прогонство откако го осудил антисемитизмот на советскиот режим насочен против еврејските математичари во текот на 1980-те. „Најмногу од сè ја мразам неправдата“, изјавил татко му.

Меѓутоа, Влад не е идеалист ниту радикален револуционер. Тој едноставно бара „помалку корупција, повеќе транспарентност и вистински јавен дијалог за нашата иднина“.

Движењето на „Огорчените“ не преживеа во Шпанија. Има ли „Окупирајте го Волстрит“ во САД поголема иднина?

„Апослутно“, вели Влад.

На тајно место на Менхетен, кое се согласи да ни го покаже, во подготовка е и телевизиска станица на движењето. „Ќе ги прикажуваме настаните од еден до друг град директно преку интернет. А доколку ФБИ нè најде, нека знаат дека сè е веќе кодирано“, извикува револуционерот од Волстрит.

Извор: Le Figaro

ОкоБоли главаВицФото