Нова граѓанска војна

31.10.2011 12:59
Нова граѓанска војна

На почетокот на октомври, Херман Каин, еден од плашливата галерија поединци кои се кандидираат за републиканската номинација во трката за претседател на САД, искрено го нападна движењето „Окупирај го Волстрит“. Вака изјави: „Немам податоци со кои би го поткрепил ова, но верувам дека овие демонстрации се планирани и оркестрирани за да го оттргнат вниманието од изјаловената политика на владата на Обама. Не го обвинувајте Волстрит, не ги обвинувајте големите банки, ако немате работа и не сте богати, самите сте си виновни! Ако некој успеал, не значи дека морате да го обвинувате поради тоа“. Се разбира, политичарот не зборува така, но многумина од нив така мислат. Што е уште полошо, многу луѓе го мислат истото.

Набрзо потоа политичарите во предизборна Америка почнаа да изразуваат разбирање за демонстрантите. Имено, движењето ја придобиваше наклонетоста на јавноста. Дури и Мит Ромни, уште еден републиканец кој би сакал да стане претседател, кој инаку претставува совршено отелотворување на она против кое протестираат на Волстрит на другите места низ државата и светот, ја искажа својата сочувствителност: „Гледам што се случува на Волстрит и си мислам, разбирам како се чувствуваат тие луѓе... Луѓето во земјава се вознемирени“. И Херман Каин ја сврте плочата. А бидејќи политичарите почнаа да пејат невообичаени арии, мораа да се огласат и банкарите, оние од големите банки, кои успеале во животот. Овде-онде и некој од нив покажа разбирање кон протестирачите и нивните чувства, а нината основна порака кон јавноста гласеше: не нè обвинувајте нас, обвинете ги политичарите! И погледнете колку милионери седат во владините министерства, додаде еден од нив. Политичарите на тоа не одговорија. Банкарите ги предупредија да молчат. И политичарите замолчеа. Што беше она што му се испушти на сенаторот Дурбин пред две години? Да бидам искрен, банките го поседуваат парламентот, изјави тој тогаш.

Сега се чини дека политичарите се двоумат меѓу две решенија на проблемот: или да дозволат движењето само да си го отпее своето, или да го растурат. Во прилог на првата опција оди времето, зимата која доаѓа, непосредно-демократските блокади и раздорот кои почнуваат да се навестуваат во њујоршката гранка на окупациското движење. Втората можност минатата недела ја испитаа во Калифорнија, кога над протестантите во Оукленд им се с’снаа со хеликоптери и посебни полициски единици, засилени од други градови. Буквално настојкуваат да го задушат протестот – со солзавец и димни бомби.

Многу знаци – и бројните познавачи кои ги читаат и толкуваат тие знаци – укажуваат дека ова протестно движење сè уште нема да се распушти. Преголема е количината на незадоволство од кое се напојува. Премногу луѓе од премногу градови се премногу незадоволни и гневни за протестите да испарат преку ноќ. Легитимноста, во која се облекуваше и потпираше сегашната констелација на богатство и моќ, почна да се ситни, да се губи. Вербата во системот (да речам, индокринацијата?) која во првата земја на слободниот свет беше толку жива, сеопфатна и толку голташе сè што секој европски тоталитарец од последниот век само би можел да посака нешто слично, таа верба во системот ја губи моќта. Додека поголемиот дел од населението живее релативно удобно, на разликите во богатството, моќта и угледот (ако под овој збор подразбираме натпросечна доза рефлектори и медиумско внимание) може да се гледа како на исход од личните заслуги и божја волја, и да се живее со нив. Кога овие разлики растат, бидејќи сè помало малцинство се збогатува повеќе, додека истовремено сè поголемото мнозинство од останатите живее сè полошо, и кога тоа мнозинство почнува да се сфаќа како 99% од запоставените, изиграните и обесправените, тогаш овие разлики стануваат сè потешки за надминување. Кога воедно станува очигледно дека не станува збор за фер игра, дека прекумерното богатство и влијание не се резултат на имитација на вредните лични квалитети туку непријатни лични црти и сомнителни пракси, меѓу кои се искористувањето на врските, познанствата и повластиците, шпекулирањето, заведувањето, измамата и грабежот, изигрувањето на законот, изнудувањето и грабежот меѓу помалку малигните, и кога станува очигледно дека тие и уште полоши пракси не се санкционирани, дека законите не се еднакви за сите, дека оној 1% е законски заштитен или е над законите, во луѓето почнува да врие. Додека т.н. елита се обидува да ја „реши кризата“, за од неа да излезе уште побогата и посилна, на другата страна се шири сознанието дека на тој начин повеќе не може да се оди напред.

Еден протестирач во Оукленд еден ден по полицискиот напад врз демонстрациите носеше транспарент со натпис: „Кога богатите крадат од сиромашните, тоа е деловно однесување; кога сиромашните се бунат, тоа е насилство“. Најсериозното насилство е на друго место. За него почнува да се зборува и во т.н. централни медиуми. На пример, Financial Times на 13 октомври објави писмо од читател кој полемизира со мислењето на некој правник дека деловниот криминал треба да се казнува поблаго од криминалните дела. Читателот аргументира дека ефектот на стопанскиот криминал убива. Не станува збор само за самоубиствата на поединците оставени на улица. Милиони Американци, пишува тој, поради стресот што го предизвикува сегашната депресија ќе умрат неколку години порано. За кратењето на нивните животи ќе придонесе и недостатокот медицинска нега поради кратењето на буџетот. „Корупцијата од Волстрит најверојатно ќе убие повеќе Американци отколку Ал Каеда“, заклучува тој.

Даниел Дефо и Џонатан Свифт, критичарите на финансиските шпекуланти во периодот кога финансиската трговија беше сè уште нова, нивното однесување го означија како граѓанска војна. Дефо напиша дека овие финансиски силеџии, таа „пеколна корпорација“, водат нов вид граѓанска војна со „оружје кое е полошо од мечевите и пушките. Бомбите можат да ги запалат нашите градови и трупите можат да нè преплават и ограбат. Но овие луѓе го уништуваат човекот тивко, го разоруваат и осиромашуваат со недофатлива итрина, како отров кој делува од далечина; луѓето се доведени до уништување, ги измамуваат за нивните пари со нечуените измислици како каматите, попустите, трансферите, пресметките, серитификатите, акциите, проектите и самиот ѓавол на сите бројки и тешки имиња“. А што би напишал Дефо денеска! Оние 1% се во војна против останатите.

Извор: dnevnik.slo

Илустрации: Карлос Каркамо

Gee wililkres, that's such a

Gee wililkres, that's such a great post!

ОкоБоли главаВицФото