Ветено - остварено!
„Сè што ветивме, остваривме“, обнароди на „отчетот“ Груевски, кој во март 2009 вети осум милијарди евра инвестиции во стратегиски инфраструктурни проекти, меѓу кои и изградба на нуклеарка.
Атентати?
"Сепак, времињата кога Македонија беше сива зона, кога царуваше шверцот на нафта и цигари, кога исчезнуваше дрога од депоата од МВР и кога мистериозно се редеа атентати врз поранешните претседатели, завршија."
Гордана Јанкуловска транспарентно изјави дека во Македонија ниту има, ниту пак ќе има, шверц, исчезната дрога, и „шпекулативни“ претседателски атентати. А убиства на плоштад за време на прослави на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има ли?
Србомаќедонија?
„Да се вклучиме во сојуз со југословенските држави. Бидејќи се граничиме со една од нив, со Србија, физички и следствено е сојузот да почнува со Белград. Колку Албанците овде повеќе се закануваат, толку ми е Белград поблизок од порано. Сојуз воден од интерес против заедничка закана.“
„Пораки“, Драган Павловиќ - Латас – прво македонско патриотско перо, со „тапија“ од МВР дека не е српски шпион.
Султани и султанисти
„Затоа, слабеење и уривањето на султанските партии и на нивниот свет на конечни решенија, на харизматски пастири и на мрачни непријатели, е проект за заздравување на националното ткиво, за слобода за граѓанството и за упатување на РАЗУМЕН плурализам на партиски опции“
Љубомир Д. Фрчкоски, кандидат за претседател и долгогодишен министер на една од „султанските“ партии.
(Не) веднете глава!
„Јас, на пример, мислам дека наведната глава сабја jа сече“, изјави Груевски за „Капитал“ и продолжи да сече (не)наведнати новинарски глави.
Лева рака, десен „малака“
„Не лажеме, не крадеме европски ’народни пари’, не муваме и не фалсификуваме. Веќе се уверив дека Груевски има доволен капацитет да комуницира и спроведува непријатни и штетни европски директиви. Кога можеше да амнестира злосторници против човештвото, ќе му пружи рака и на грчкиот ’малака’ оти е од некаков мешовит комитет за соработка.“
Мирка Велиновска, наоѓа добри зборови за „пастирот“, не само кога амнестира злосторници против човештвото, туку и кога му пружа рака на „грчкиот „малака“.
Живи мртовци
„Среќавам многу живи мртовци по улиците, станале вистинско семејство. Фино им оди: фино се слагаат, фино си молчат, фино се плашат едни од други, фино се кодошат, фино се презираат, сами себе, другите, целиот свет, но најмногу сами себе. Точно е дека најмногу себе се презираат, но не можат поинаку, избраа да бидат мртви, да глумат мртвило за да бидат поштедени.“
Колаж: Свирачиња
Убав избор, секако не е тешко
Испратено на 09 ноември 2011 од Зомби ВокерУбав избор, секако не е тешко да се соберат бисериве,со ваков интелектуално политички крем.
Најсмешен (во почеток) ми беше пресот на Баш-пендрек бајан, веднаш си замислив некаква атентатџилница ко од цртан филм,па удри атентат,удри уште еден, удри,мавај брус ли, поби ги сви, а овие нашиве мртви ладни: дај друго дете. После се замислив, знае ли бре оваа што збори, СЕ РЕДЕЛЕ АТЕНТАТИ!? Па колку ги имаше, маму му ебем, да не преспав некој? Ова е сериозно, ако Горда-ана - чиста-дана знае за повеќе обиди за атентат, го замолувам горенаведениот орган да не информира, согласно законските права и обврски.
Однапред неблагодарен,
не се потпишувам
и онака ќе ме најдете