1023 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 10:59
Англискиот писател Џулијан Барнс вели: „Кога ќе ме прашаат За Што Станува Збор Во Романот, често одговарам: За убавите, згодни лаги кои содржат горчливи, тешки вистини“.
Македонската влада три години игра сосема обратна разуздано пропагандистичка игра: зад нејзините „горчливи тешки вистини“ (за идентитетот, древноста, нацијата, големата идеја на Македонија итн.) се кријат „убави и згодни лаги“. Дел од тие лаги не се баш убави, туку се евтини дневнополитички финти за манипулирање со толпата. Но, дел од тие лаги за маѓепсување на граѓаните имаат мошне снажен деструктивен потенцијал, пред сè кон внатре (делејќи го народот по сите можни линии), ама делумно и кон надвор, во хронично, со нарцизмите на малите разлики, раздразнетиот балкански регион.
Владата ладно ги игнорира многубројните укажувања изминативе три години (а особено нагласено последнава година, по катастрофалниот пораз во Букурешт); со оглед на тоа дека се погрешни главните идеолошки начела од каде што произлегуваат сите политики на македонската власт, тоа резултира со несогледлив хаос и на сите микро политички подрачја: од образованието до урбанизмот. Речиси сè е контаминирано (а таа контаминација расте и се шири и надвор од круговите на власта) со нереалната слика за себе, со просто политички-психотичните огледалски игри во кои упаѓа целата нација како Алиса во земјата на чудата.
Само што, за несреќа, главните илузионисти на македонското лудило повеќе наликуваат на „таксистот“ Тревис Бикл отколку на Алиса. Градејќи чудесновишни споменици, индоктринирајќи го бедниот народ со мегаломански идеи за идентитетот, поистоветувајќи се – така мали и ништожни дури и во регионалното опкружување – со империи и императори збришани пред илјадници години, актуелните идеолози-илузионисти наликуваат на Тревис Бикл во сцената кога тој пред огледало вежба повлекување на револверот. Славниот филмски „таксист“ во изведба на Роберт де Ниро во најпознатата сцена на филмот агресивно-снисходливо му се обраќа на сопствениот одраз: „Мене ми зборуваш?“ Оваа суицидална димензија повторно се јавува на крајот на сцената на масакрот кога Тревис, тешко ранет и потпрен на ѕид, со показалецот на десната рака покажува кон пушката насочена спрема неговата окрвавена глава и потсмевајќи се го повлекува чкрапалото, како да вели: „вистинската мета на мојот гнев сум самиот јас“.
Славој Жижек смета дека парадоксот на Тревис се состои во тоа што тој самиот себеси се доживува како дел од изопачената валканост на градскиот живот, која тој сака да ја „исчисти“, да ја искорени на начин што (како што вели Брехт во делото Одлука по повод револуционерното насилство) самиот ќе биде онаа последна дамка по чиешто отстранување собата ќе биде чиста.
Постојат и помалку тревожни анегдоти со „пукање и пеење“ (со пиштоли и огледала). Во култното париско бистро „Closerie de Lilas“, Алфред Жари (творецот на исто толку култниот „Крал Иби“), седнувајќи покрај една дама, одеднаш го извадил револверот и пукал во огледалото: „Сега кога огледалото е скршено, верувам дека можеме да поразговараме“, рекол Жари. (Редовни гости на бистрото биле Готје, Зола, браќата Гонкур, Маларме, Верлен, Рембо, Аполинер, Пикасо, Хемингвеј, Хенри Милер... Според легендата, таму Ленин играл шах со Пол Форт, а на една од тие кафеански маси, летото 1914 година, во еуфоријата со која се дочекувал почетокот на Првата светска војна, младиот Мишел Лерис извикал „Vive l’Alemagne!“, со што предизвикал помали нереди и расправии.)
Можеби, значи, сè уште се клацкаме меѓу мајтапот и трагедијата. Можеби само, евтино маркетиншки, му се додворуваме на народот пукајќи во огледалата (или шашардисувајќи го со нивното умножување, како во лунапарковските соби со изобличувачки огледала), а можеби работава навистина забегува во едно тешко согледливо историско лудило од каде што мошне тешко и мошне бавно ќе се излегува. Допрва, значи, ќе откриваме дали предизвикувачите на националното лудило се измамнички шапшали или опасни идеалистички лудаци од типот на Тревис Бикл.
Се чини дека наци-расистичката политика на Грција е најважната причина за истото такво ирационално однесување на македонските власти, нагласено (авто)деструктивно по фијаското во Букурешт. Како со упропастувањето на сопствениот народ Груевски да ѝ се одмаздува на примитивната балканска политика на јужниот сосед. Но, и тие оправдувања и согледби имаат сè помало значење, како што врви времето и како што безизлезноста станува сè поголема.
Ако пак свртиме на мајтап, можеме да заклучиме дека двете влади, грчката и македонската, се обидуваат сопствениот спор да го решат развивајќи го специјалното смртоносно оружје што првпат го видовме во еден од филмовите на Монти Пајтон: killing joke. Смртоносниот виц го смислија посебните британски служби во Втората светска војна, со цел масовно уништување на германската жива сила. Еве како се употребува смртоносниот виц: британскиот војник нa фронтот, од безбеден заклон, колку што може погласно, го декламира вицот, којшто, па, за него е безбеден, оти не разбира германски. Разорната сила на урнебесната шега (der britische zenze of humour) кај крутите тевтонски непријатели ќе предизвика помор.
Извикувајќи ги, сè пострасно и сè погласно, своите хипермакедонски историски убедувања, и македонските и грчките власти како да се решиле за истата воена тактика за истоштување и шашардисување: смртоносниот виц.
Колажи: Свирачиња
Извор: Утрински весник, 22.06.09.
Респект! За едно 10-20
Испратено на 27 март 2012 од AnonРеспект! За едно 10-20 години, нашите деца ќе се чудат на идентитетскиот инженеринг од почетокот на 21 век и ќе ги отфрлат идеите дека сме потомци на сериски убиец како Александар Велики кој сеел смрт на три континенти.
Другар, Заеби
Испратено на 27 март 2012 од DjangoДругар,
Заеби вицои..него...
живо ме занима автентичноста на една афера која неодамна ја слушнав..имено..еден наш познат андерграунд (уствари сеа е граунд) сликар, толко се надувал и рекол...“абе, сеа коа сме на власт, дај да шупчиме малце и да се заебааме...кај чичко стоилко-порта да има, оргинал иста ко у париз„
живо ме занима другар, дали е ово истина?...
Се поклонувам пред
Испратено на 27 март 2012 од Историчар на уметностСе поклонувам пред генијалните Свирачиња! Парафразата на славната фотографија на убиство од шеесеттите е едно од најдобрите нивни дела досега...
Интересно е што текстот е
Испратено на 27 март 2012 од ХроничарИнтересно е што текстот е напишан пред речиси три години и што ништо не е променето! Како што груевизмот газеше три години, така и си продолжи, непопречуван од никого. Во многу аспекти, режимот само стана полуд и подеструктивен.
Дозволивме Среќна Нова 1949 и
Испратено на 27 март 2012 од ПсихогерилаДозволивме Среќна Нова 1949 и Тетовирање на Попов да станат повторно актуелни и свежи. Дозволивме стиховите на Бора Чорба да се вратат во мода, а Рацин може да ни завидува на инспирацијата која може да ја извлечеме од ова лудило. Очигледно е дека народот има кратко сеќавање, па затоа се тука универзалните пораки на уметниците кои своевремено без страв го кренале својот глас против централниот колективизам на пастирот Тито.
Moze li nekoj ovde da
Испратено на 27 март 2012 од meglenaMoze li nekoj ovde da rezimira , normalno bez da gi spomnuva povtorno Anglija (Monty Payton), Francija(Closerie de Lilas) i Amerika (Travis Bickle), od koga toa u stvari vie mislite deka pocnuva da postoi Makedonskiot narod ( istorisko ludilo). Sto u stvari ste i ukazuvale na vladata vo izminative godini vo vrska so "antikvizacijata"( termin upotrebuvan samo od vasata grupa). Sto e toa pametnoto , sto vladata na Gruevski nejke da go slusa ? I sto na krajot na kraistata za vas prestavuva nacionalisticko ludilo? Koj e vasiot nacin, osven sto ste sokrile i frlate otrov, da ponudite alternativa na toa ludilo?
Samo nemojte Ve molam gluposti od tipot graganski opstestva, koga niedna od tie zemjite sto ve plakaat ne gi praktikuvaat.
Мигрена, ти си забеган
Испратено на 27 март 2012 од СтомакологМигрена, ти си забеган националистички фанатик. Но тоа не би било воопшто проблем кога би имал/а минимум способност за дијалог. Со оглед дека ја немаш, разговарањето со тебе е апсурдна работа (освен во терапевтски или рисјански цели).
Инаку, на нашата влада нема потреба никој на ништо да и’ укажува, зашто Грујо, Тодоров, Протуѓер, бате Саше, кумот Ставре, Бичиклиски, Латас, Мартин Мартиновски, Гоца, Мирка, Јадибурек, Миленко, Јанакиевски, Иво Котевски итн. - се најпаметните луѓе у свет. Нив памет со инка да им сипаш во тиквите - ќе претекува, оти нема кај да собере, напумпани се со ум ко прекоокеански бродови со чамци за спасување.
А тоа што прашуваш, мигренозна тикво (од редот на преродбата, во стакленик да не ве гајат?, што сте така гнецкаво зрели, т.е. умни?), „од кога заправо постои македонскиот народ“, зарем вистинскиот одговор не е: „отсекогаш“? Зарем не е навредлив кој било одговор кој не засега отаде вечноста и праматеријата?!
Бај д веј, антиквизација е сосема регуларен термин, прецизно го опишува груевистичкото лудило и мнозина странски теоретичари глатко го користат, дури и во неправилната англиска форма, блиска до нашата употреба. (инаку, правилно е Antiquity).
Vidis, za komunikacijata so
Испратено на 27 март 2012 од meglenaVidis, za komunikacijata so vas i jas go delam istoto cuvstvo. Mnogu e tesko da se objasnuva covek so vasite "stavovi", od ednostavna pricina zatoa sto stavovi nemate. I koga covek ke ve prasa da izrazite stav, se zestite, i vlagate vo "hejter" mode.
Zosto se plasite da kazete svoj stav vo vrska so istorijata na Makedonskiot narod. Zosto ne ste iskren sami so sebe i so drugite okolu sebe. Zosto mi davate odgovor " otsekogas", odgovor vo koj ne veruvate, a istovremeno e i apsurden. Za drzavata na Makedonskiot narod znaeme koga e formirana. Dali imate odgovor na prasanjeto od koga postoi Makedonskiot narod? Stom vasiot stav e deka "antikvizacijata" e pogresna, togas bi bilo fer da go doznaeme, spored vas, praviot pocetok.
Za zborot " antikvizacija" e totalno bezpredmentno da se rasprava , zatoa sto ne e validen zbor, i e ne mnogu inteligentna kovanica izmislena od vasiot tabor. Kolku ste foliranti i se pratite eden so drug vo glupostite pokazuva faktot deka pola od vas mislat deka zborot stvarno postoi i prestavuva veke dadena referanca za procesi veke videni vo svetot.
Во светот нема процеси од
Испратено на 27 март 2012 од СтомакологВо светот нема процеси од типот „антиквизација“. Тоа има само во Македонија. Инаку, во Европа тоа го имаше пред 300-400 години, во Грција пред 150-200 години, во Србија пред 100-150 години (сегде проследено со рушење на џамии и бркање на последните исламистички остатоци), а кај нас, јебига, денес дојде редот за дизнилендски неокласицизам (меѓу преродбениците популарно познат како барок).
Мигрена, настанувањето на нациите не е никаква мистерија. Речиси сите настанала во последните 300 години (има и задоцнети, а големи нации-држави, Италија и Германија, на пример; една сјајна нација, норвешката, пак, нема никаков проблем со признавањето дека настанала практично на почетокот на 20 век).
Што се однесува до Македонците, општо познато е дека првите појасни пројави на македонството како национален идентитет се околу половината на 19 век. Но, низ народот тоа име почнало повеќе да се шири дури во првите децении на 20 век. Што, се разбира, не е ништо трагично. Слично национално дезориентирани, дури и на почетокот на 20 век, освен Македонците, биле и многу други народи кои денес имаат држави (па и Хрватите се пример за кревка национална идентификација, се’ до дваесеттиот век).
Stomacenvirus, eve toa e veke
Испратено на 27 март 2012 од meglenaStomacenvirus, eve toa e veke stav za koj moze da se razgovara.
Prasanjeto sto samo po sebe se raga od toa , sto bese narodot na nasata teritorija pred polovinata na 19 vek. Bugarski narod, Srpski narod, Albanski narod, pa i narod sto zboruval grcki imalo i pred toa, odnosno od 8 vek navamu.
Velis Makedonski narod nemalo. Ne bile seuste osvesteni. Osvesteni za sto? Bile nekoja bezvezna masa pred toa, bez identitet ili pak bile del od nekoj drug narod ? I od tie bezveznite Kiril i Metodij zemale da pravat jazik, i da otvaraat Ohridska Arhiepiskopija. Od osmi vek navamu se obiduvaat da ne napravat Bugari , i ne ide. Vo sto e problemot?
Se obidoa Srbi da ne napravat- ne ide. Se obidoa Grci da ne napravat- ne ide. Se obidoa Jugosloveni da ne napravat-ne ide. Se obiduvaat Evropjani da ne napravat-ne ide. A zborot Makedonija za teritorijata celo vreme postoi.
Od kade ? Zatoa sto taka pisuvalo na tablata koga ke vlezes vo Tabanovce? Moze pisuvalo - "Sega vlagas vo zemja vo koja ziveat site drugi osven Makedonci, ama zatoa sto jas sakam da se zezam ovaa zemja ke ja vikam " nicim izazvan"- Makedonija."
Vidis, mozebi i vo istoriskoto ludilo ima nekoja logika. Neznaenjeto ne e opravduvanje.
чисто процедурално до
Испратено на 27 март 2012 од Djangoчисто процедурално до меглена:
беЗпредметно=беСпредметно
(ова колко за чистота на македонскиот..не за друго, јербо ако сме македонци, ондак да бидеме и у јазикот...толко)
А може и да почне да пишува
Испратено на 27 март 2012 од АнонименскиА може и да почне да пишува кирилица, не би било лошо..
А зашто ДУИ го толерира
Испратено на 27 март 2012 од СтомакологА зашто ДУИ го толерира имитирањето на Скопје на Атина од пред 200 години? Првата причина ја пеат и врапците: ДУИ е хиперкорумпирана. Но, мене ми се чини дека втората причина повеќе пие вода: одредени структури во ДУИ мислат дека колку полошо им е на Македонците (под Груевски), толку подобро (ќе им биде) на Албанците. Ја следат логиката од Србија под Милошевиќ: оној кој најмногу ги суспендираше правата на Албанците во Србија (Милошевиќ) всушност е најзаслужниот за забрзувањето на историјата и за новата албанска држава, Косово. Мислам дека некои структури во ДУИ тоа многу добро го знаат и шансата Албанците побрзо да раскрстат со Македонија ја наоѓаат токму во лудачкиот национализам на Груевски (кој Европа ја подразбира како „неокласицистичка“ и антиисламистичка - за многумина културни имбецили тоа е едно те исто; тоа е поттекстот на антиквизацијата - Скопје е европско - според теркот на путинестото џуџе - и антиисламско). Сметката на лудакот, се разбира, е погрешна, и стапот ќе го крка Македонецот, пред се’ (грчкиот стап непотребно го кркаме веќе шест години, а и албанскиот стап ќе заигра кога-тогаш, крај ваквиот деструктивен национализам на Фамилијата). Ама не, важно е вакви дебилероси ко Меглена, Миленко, Мирка итн. да се тупкаат во гради и да зборат за најстариот народ на светот. Против кој се намерачил целиот свет. Ама кој е горд итн. Текстот на Милошевиќ. На секој мочан диктатор.
Stomakolog, se gubis. Kako ke
Испратено на 27 март 2012 од meglenaStomakolog, se gubis. Kako ke ja rasturat Makedonija? Albanija e vo Nato, Kosovo e protektorat. Granicite na Blakanot se nepromenlivi. Edinstveno sto mozat sega e da se tepaat na ulica za da ostanat na vlast. Nekogas ne mi se jasni tvoite proekcii. Zasto mislis deka site okolu nas se popamentni od nas, pa nesto znaat sto pravat, a nie jadnite ne mozeme da skontame sto se slucuva.
Uste ednas ke kazam, treba konkretna akcija, ne treba stihovi.
Treba, ako ne ti se svigaat brodovite na Koce vo Vardar, da go otvoris zakonot za zastita na vodite vo Makedonija i da vidis deka Koce nema pravo da gradi nisto vnatre vo rekata Vardar, kako sto nema pravo ni bilo koe gradonacalniche po dolinata na Vardar da mu tekne da ja zagraduva rekata Vardar ili bilo koja druga reka. Makedonija si ima zakon za toa. Ako sakas podobro mesto za ziveenje treba malku poveke trud.
Само шест?
Испратено на 01 април 2012 од МанолиСамо шест?
и по две години откако му ја
Испратено на 27 март 2012 од од странаи по две години откако му ја провалија финтата, гелевски продолжува да си полемизира самиот со себе и со понекоја залутана фанатична душа. свака част, мајсторе! ако се кандидираш за премиер, ќе гласам за тебе, жими мајка!
Батка, стварно си срцка што
Испратено на 27 март 2012 од koljaБатка, стварно си срцка што ќе гласаш за мене, ама има една ситница - не се кандидирам. Ко ќе видам каква све багра ќе гласа за мене - одма се повлекуам. Боље (гр-деливо) да се умножуам по огледала отколку на вас, беспризорните, да ви бидам премиер.
До сите мигрени во
Испратено на 27 март 2012 од PsihogerilaДо сите мигрени во дискусијава. Длабоките корени не ја дефинираат, ниту ја зацрвстуваат нацијата. Барем не во денешно време. Дали Американците како најмоќна нација на светот се никакви патриоти со само пар векови постоење?
Оваа силна кампања на фетишизација на историјата и корените, за посматрачот од страна укажува на едно нешто - Нацијата имала проблем со идентитетот и кохезијата па решила набрзина да склопи нешто. Баш овој хеленизаторски курс ги потврдува и грчките тези - дека ние навистина имаме проблем со идентитетот.
На што би личело, доколку некој почне да ви го оспорува идентитетот вие да одговорите со брзо пресоблекување и глумење? Таквото однесување е во најмала рака инфантилно и укажува директно на проблемот.
Македонците кои немаа проблем со националниот идентитет пред преродбата, немаат ни после неа. Веројатно бидејќи решиле да пружат отпор на инженерингот спроведен од групата која навистина има проблем со идентитетот.
Psihogerila, Grcite nemaat
Испратено на 27 март 2012 од meglenaPsihogerila, Grcite nemaat tezi. Imaat problem so narodot Makedonski, dali od 1945 ili od porano ne im e bas bitno. Imaat problem so genocidot i okupiranata i ukradena teritorija i koja ne znaat kako da ja vklopat vo mitot za Grcija. Niv edinstveno vazno im e da nema Makedonci. Drugo se e OK. Da mislea deka nie imame problem so zamislen identitet ke se sekiraa isto tolku, kolku sto ti se sekiras koga Ciganite vikaat deka se Egipjani.
Alegorijata so preoblekuvanje moze da se upotrebi so samo edna razlika. Nie sega ja izvadivme maskata koja ni ja stavi Jugoslavija, i ocigledno deka toa ne im se dopaga na komsiite. Segasnite diskusii za identitetot so nisto ne se razlikuvaat od onie pred balkanskite vojni 1913, sto jasno pokazuva deka edinstveno identitetsko zatisje bilo za vreme na Jugoslovenskata kamuflaza. Od taa grupa sto nema problem so identitetot pred prerodbata i ni dojde jugoslovensko-makedonskiot identitet izrazen preku bivsa jugoslovenska republika Makedonija. Vi blagodaram.
Interesno kako nekoi raboti dobivaat smisla, koga ke gi postavis kaj im e mestoto.
Партизанските приказни и
Испратено на 27 март 2012 од PsihogerilaПартизанските приказни и приказните за антиката се само приказни. Идентитетски инженеринг со речиси идентична цел - Де јуре јакнење на нацијата, а де факто создавање на лепило кое ќе го одржува централно менаџираниот колектив наречен народ. И покрај тие 50 години постојан инженеринг Југославија не успеа да го промени нашиот идентитет. Зошто Пастирот мисли дека тоа ќе му успее сега? И на крајот, зошто се избегнува да се признае фактот дека има отворен отпор кон сето ова? Зарем не е евидентно? Ако велиш дека сиот тој отпор е платен од странски служби, тогаш алудираш дека македонецот е приглупа и преплашена овца која мора да лапне пара за да се побуни. Или тоа или дека сме предавничка нација, со повеќе од половина гласачи предавници. Ти избери.
Ni na ovaa vlada nema da i
Испратено на 27 март 2012 од meglenaNi na ovaa vlada nema da i uspee da go promeni identitetot ako toa i e celta, kako sto vikas. Ona sto sega go gledame e deka ovaa vlada ne ide kontra identitetot , tuku samo otvara vrati za da mozat Makedoncite slobodno da prasuvaat, da citaat, da istrazuvaat, da kopaat i na toj nacin da se sebedefiniraat. Na plostad od koja sorta da si ke si najdes simbol. I srpski most, i Anticki voin, i Bugarski ( ako sakas da bide Bugarski) car, i Albanski prerodbenik.
Otporot kon identitetot e tocno deka e finansiran od stranski sluzbi. Od prosta pricina sto nikoj drug nema profit od kastriran identitet. Objasni mi go tvojot tvojata zaguba ako Aleksandar Makedonski go vklucime vo Makedonskiot identitet. Sto e toa sto ti kako licnost ke go izgubis? Ili poinaku da go postavime prasanjeto, sto e toa sto ti go gubis ako receme deka dobitnicite na Nobelova nagrada za mir se del od svetskiot kolektiven planetaren identitet od koj i ti si del. Kako si ti licno navreden od toa ? Taka i so Aleksandar Makedonski, koja e tvojata zaguba ako e i toj vklucen vo zaednickiot identitet na ovie prostori. Nema. Ima zaguba samo za nacionalistickite teorii na drzavite okolu nas. Taka da zaklucokot za finansiranjeto e mnogu jasen.
Меглена, признавам, се
Испратено на 27 март 2012 од DjangoМеглена,
признавам, се заебавав досега ама ...имаш контаминирачки тези, полувистини кои се навистина лепило за глупиов македонски народ(дека е глуп, тоа оддамна го тврдам...ми се може, не сум политичар)
имено, викаш...
----ovaa vlada ne ide kontra identitetot , tuku samo otvara vrati za da mozat Makedoncite slobodno da prasuvaat, da citaat, da istrazuvaat, da kopaat i na toj nacin da se sebedefiniraat---
аман меглена...допрва??!!??...сеа македонскиов народ под силно водство стаса да се „себедефинира„??!!??...па нели тоа заврши пред незнам колку години. Нели нациите се „самодефинирани„ пред незнам колку години. Или бугарите имаат право???...Ние тоа допрва???...не сме „дефинирани„ и сега наново треба да се „себедефинираме„??! (еве прочитај се погоре дали ќе ти се верува што си напишал/а)
понатака, викаш...
---Taka i so Aleksandar Makedonski, koja e tvojata zaguba ako e i toj vklucen vo zaednickiot identitet na ovie prostori. Nema----
Богати, колку убаво и „наивно„ кажано. Секој би се сложил со тебе. Дури и јас. Ама контекстот на сето тоа не е обична културолошка наива, туку подмолна контаминација на ионака глупиот македонски народ кој веќе има идентитет и кој, иако глуп (не можам да додржам), го има врежано идентитетот во себе уште пред да дојдат клетите комуњари и соросоиди и сфрј и удба и кос и пичке материне.И во ниеден момент ДОСЕГА, Аце не бил во игра. Аце бил баш тоа-историја од овие простори. И толку. Поише турци изебале наши баби него војници од Аце, веруј ми. Зашто, да кажеме и Сулејман не е убацен на плоштад, а со тоа и во наш „идентитет, себедефинирачки„? ...хахахаха...колку смешна и проѕирна манипулација
(и да ти кажам..стварно пречи...Alt+Shift..а претходно то се сетира у Control Panel ...уствари викни некој копиљ комшија ќе ти го сетира компјутерот да почнеш да користиш кирилица...ко сите пристојни македонци)
Дјанго, (хе хе) еве ти на
Испратено на 28 март 2012 одДјанго, (хе хе) еве ти на кирилица и благодарам за препораката. За себеидентификацијата - нема нисто лошо во себеидентификацијата ако се заснива на вистина. Вистината е она сто треба да се најде и да се вгради во македонскиот идентитет. Дури и тоа да значи дека можеби во некој дел од историјата македонскиот идентитет не постоел. Она што ти велиш е дека знаеме што сме од 1945 наваму и другото не треба да го чепкаме. Од што се плашиш? Сега сме Македонци и постоиме. Фактот дали сме биле од Александар наваму, дали од Словените наваму, дали од 1944 , воопшто не е важно. Важно е дека денес сме Македонци. Тоа во ниеден модус не им оди во прилог на Грците. Факт е дека Грците го поставија проблемот со името пред да се случи "антиквизацијата", така да обвинувањето на оваа влада за разговорување на проблемот со името воопшто не држи вода. За твоја информација Грците го поставија овој проблем во 1913, не 1995. Во Букурешкиот мировен договор нигде не стои зборот Македонија, што значи дека се работело за систематско и намерно чистење на идентитетот на Македонскиот народ. Како инаку го објаснуваш фактот дека Санстефанска Бугарија само една година порано ги декларира сите како Бугари, за една година подоцна сите да се Срби во Вардарска Бановина, Бугари во Пиринска и Грци во Егејска Македонија, проследено со менуванје на имиња и идентитет на сите три територии. Чудно нели? Од три територии и три окупатори на ниеден да не му се погоди идентитетот? На една територија барем да се израдуваа лугето што конечно влегле во матичната држава.
За Александар Македонски треба малку повеќе да се прочита, и јасно ке се види дека бил дел од нашиот идентитет од почетоците на нашата борба против Османлиите. Еве еден извадок од прогласот на Кресненското Востание 1878
-Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт!
Како е тоа смешно Кресненското востание и нивните прогласи од 1878. За кои Македонци и за кој Александар говорат ?
меглена, глеј која
Испратено на 28 март 2012 од Djangoмеглена,
глеј која контрадикторност...
-----Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт!----
ајдеее...не ти се чини ова обичен себеохрабрувачки повик и чиста патетика?...глупости...каква слобода или смрт е поврзана со аце???..па тоа бил крвник и освојувач, за каква па слобода он се борел...абе ајде, ова за мали деца и за циле да им чита на внуците пред спиење
понатака...
све ова што си се изнаприкажал/а за грчката негација на македонскиот народ, се е тоа ТОЧНО... и????
мал народ како нашиот сеа се чатали и иде контра се...демек...гледајте луѓе, чудете се колку сме храбри?...како им покажавме на грчиштата ем на европејските курви а?
мал народ како нашиот единствено „оддоколу„ може да дојде на своето, а со чаталање ќе го загуби и тоа што го има
просто прашање...
зошто грција не се бунеше на кандидатскиот статус?...(потсети се дека со лисабонската декларација не смееше ни М од македонија да се спомне)
прост одговор...
мал народ како нашиот со дипломатија и мудрост го успеа тоа, а на сила тоа можат само американци, македонци губат со нокаут уште у прва рунда...тоа е РЕАЛНОСТ...романтизам умре уште во минатиот век
и на крај, прав патриот ќе го извади овој народ од г..ната у кои се наоѓа, а нема да го брца уште подлабоко
Дјанго, сега за ораторските
Испратено на 28 март 2012 одДјанго, сега за ораторските способности на востаниците од Кресненското востание нема да разговараме, друго беше топикот на дискусија. А и многу логично е дека првите артилкулирани национални поистоветувања ке бидат врзани со Александар Велики- Македонски. Човекот е опеан и во народните песни и е најверојатно покрај името на територијата единствен национален поим за селаните и народот од Македонија. Односно до тој момент единствен војник, крал кој се борел за Македонија. Крале Марко бил опеан во песните но никогаш не освојувал во име на Македонија, туку се борел со Црната Арапина, како заштитник од неговите зулуми. Александар Македонски е поврзан со освојуванње и нели најславните денови на Македонија. Сега да се разбереме, не правиме муабети за историја , правиме муабети за перцепција и народни преданија и уверувања. Да не правиме муабет дека давал многу добро објаснување за народот дека Македонците биле тука пред Бугарите, пред Србите а ги поразил Грците. Те уверувам , востаниците не би го ставиле во прогласот, ако не биле свесни дека тоа е она што ке ги разбуди Македонците на востание.
За Македонците и контрата. Погрешна е твојата перцепција дека одиме контра. Јас би бил најрадосен да одиме контра. Ние само застанавме во повлекувањето, затоа што не доведоа до ивицата на бездната, окното. Еден чекор поназад и ке не нема. Тоа не е контра , тоа е опстанок. Тоа што некои си се храбрат дека одат контра е само " wishful thinking".
Лисабонската декларација беше донесена заради Грција 1992, Привремената спогодба 1995 со нели привремено име FYRO Macedonia, а кандидатскиот статус под име FYRO Macedonia го добивме 2005. Која паметна политика е тоа? Грците само чекаат да инвестираме колку што може повеќе време и ресусрси во реформи, така да кога ке дојде денот за примање бидете доведени пред свршен чин. Селска Грчка трговска тактика. Ќе се ценкате цел ден и на крај пошто сте изгубиле цел ден, да не отиде џабе времето ке прифатите што било.
Истото им го прават на Европа сега со кредитите. На крај Европа ќе биде срекна ако извади жива глава од ситуацијата, а не дали Грција ќе ги врати парите.
Така да не биди сигурен дека ни ставиле петче на рачето зошто сме учеле добро и сме седеле мирно во клупа. Добрите луѓе (наивните) секогаш завршуваат последни. Интересите на другите народи околу нас не можат да бидат наш приоритет. Македонскиот народ треба да научи да биде малку посебичен во однос на својата историја и територија и контрола на своето постоење.
За платеничките тези, доколку
Испратено на 28 март 2012 од ПсихогерилаЗа платеничките тези, доколку вистинити ќе испадне дека тајните служби се најголема странска инвестиција кај нас. И воедно, ќе биде една од најуспешните тајни операции во историјата на балканот, а и пошироко. Според масата на луѓе кои се наводно платени. Тоа значи дека нашиве служби опасно затајуваат во својата работа, а знаеме колку може да бидат ефикасни кога се работи за политички противници. И покрај толку зборување за странските платеници никој не понуди никаков доказ ниту аргумент за тоа.
Ако веќе зборуваме за платен труд, тогаш мигренте перфектно се вклопуваат во описот. Да читаш "платенички" текстови по цел ден и да не се согласуваш мора да си или патолошки мазохист или да си платен. Трето??
Трето, да си ја сакаш својата
Испратено на 28 март 2012 од meglenaТрето, да си ја сакаш својата земја, да се чувствуваш Македонец и да се потрудиш да ги ставиш твоите аргументи на маса, ако мислиш дека имаш што да кажеш. И да бидам прав јас погрешно мислев дека ова тука е да се чита и да се коментира. Очигледно е дека не било така. По твојот коментар излегува дека ова било чешмиче за отров на кој никој не смее да додаде водичка да го разблажи отровот. Може да пишуваш само ако имаш да додадеш малку повеке отров, да го направиш концентратот малку појак.
И после ме прашуваш зошто никој не дал доказ за странски платеници. Што треба повеќе доказ од тоа дека сте на платен список на демек филантроп, и дека не си го заработувате лебот на отворен пазар. Сорос е филантроп за што. Што е целта на Сорос. Граѓанско консумерско општество ? Па тоа е директно спротивно од она што јас го гледам како вредност и содржина во Македонија. Целта на Сорос и целта на Грција е една иста. Македонија без Македонци. За Грција е Македонија со Грци. За Сорос е Македонија со обезличени граѓани. И во двата случаи нема Македонци.
А за моето време , еве ке ти кажам, додека го дискутираме проблемот паралелно проектирам проект на истиот компјутер. Не си ласкај, само мал дел од моето време го трошам на вашите чудни теории. За вас Gratis. "free of charge" .
Погрешно си ме сфатил. Не
Испратено на 28 март 2012 од PsihogerilaПогрешно си ме сфатил. Не велам да не коментираш. Напротив, би сакал да го чујам мислењето на сите, за да се изгради по комплетна слика за природата на проблемот. Само сакав да укажам дека твоето однесување и редовност на окно се чудни, во најмала рака. Ете јас доаѓам на Окно поради интересните содржини и муабетите што може да се развијат. И поради отсуството на провладините пропаганди тука. А ти демек по сопствена воља конзумираш "отров" катадневно и во големи количини.
"Што треба повеќе доказ од тоа дека сте на платен список на демек филантроп, и дека не си го заработувате лебот на отворен пазар."
Ова треба да биде као доказ демек? Значи твојата претпоставка е доказ??? :D И појасни кои сме тоа ние. Коментаторите ли? ОКНО? Колумнистите? Сите што не гласале за грујо?
Проектирај си ти проекти и не си ласкај дека не било каков начин го разблажуваш "отровот", или дека некој мисли дека го разблажуваш. Ти си само добра прилика да се ѕирне во менталниот склоп на еден ум комплетно ставен во функција на одбрана на партијата. Веројатно без знаење и свесност на корисникот.
Меглена, ако не си згрешил/а
Испратено на 28 март 2012 од DjangoМеглена, ако не си згрешил/а (---Јас би бил најрадосен да одиме контра---) ...ти го одредив полот,да знам со кој зборам, зашто сега ќе имам помалку респект, пошто сум џентлмен по убеџење
ја сеа ќе си продужам по скопски и не користам големи букви(као што ми личи), а за тебе:
- Така да = Така ШТО
ај сеа...
1. Во кои тоа народни песни е опеан аце хм?
2. Која е таа колективна меморија за аце, коа ја за него првпат слушнав дека има некоја веза со нас, од онаа несреќа циле?
3. ---Лисабонската декларација беше донесена заради Грција 1992--- Точно
4.---- Привремената спогодба 1995 со нели привремено име FYRO Macedonia, а кандидатскиот статус под име FYRO Macedonia го добивме 2005--- И тоа е точно и грците-зуц не кажаа
5. Зошто сега Грција не припфаќа ни под Former Yugoslav Republic of Macedonia да добиеме датум? ( И зошто ја прифаќаш кратенката FYROM која ништо не значи?...подлегна на грчка пропаганда меглена?)
еве зошто: нашава немушта влада ги загуби сите пријатели...доби статус на дете кавгаџија бетер од грците...не направи несериозна држава на која ни „FYROM„ не и го признаваат
ние сме несериозни, а најмалку „себични„ за своите интереси...па ние работиме контра нашите интереси
И остај тоа ..као грчки трговски финти ова она... Што?...грците демек ги шупчат европејците?...аман
По којзнае кој пат ќе кажам...македонскиот народ е глуп ќускија и ако се вратиме во историјата, тоа само се потврдува...а почнува со фетишизирањето на вмро(не дмпне)до денешен ден...нешто апстрактно...демек македонец=вмро...најголема превара всадена во колективна свест..а што е вмро?...братоубиства, предавства, несреќи, атентати, неспособно да направи држава...и на крај клетите комуњари напраиле јебга 1944
а аце кај беше?
Дјанго, види сега , јас не
Испратено на 28 март 2012 од meglenaДјанго, види сега , јас не можам да ти помогнам. Или веруваш во себе и својот народ или не. Ако мислиш дека народот е ќускија, а само компанијата од Окно е просветлена тогаш јас немам што да дискутирам и го респектирам твоето мислење. Она што не ми е јасно зошто имаш потреба да го декларираш јавно таквото мислење, освен ако не сакаш сите вака групно да не навредиш. Како придонесуваш за позитивна промена во опшетеството со таков пристап.
За Александар Македонски во македонските народни приказни има доста и книги и записи од разни собирачи на народни преданиа во Македонија, кои можеш да ги набавиш ако сакаш несто повеке да научиш за тоа.
А за Грчките финти ако не е добра финта некој да ти прости 100 милијарди долари, тогаш јас не знам што значи финта.
Уништувајќи го нашето модерно
Испратено на 28 март 2012 од СтомакологУништувајќи го нашето модерно наследство груевизмот го прави истото она што соседните пропаганди го прават со децении, тврдејќи дека македонизмот е вештачка творба, коминтерновска измислица, комунистички заговор.
Целокупниот концепт на антиквизација, значи, не е само анти-модерен (реакционерен, ултраназаден), туку е и антимакедонски. Антиквизацијата всушност ги потврдува децениските предрасуди и пропаганди од соседните земји и ја прифаќа здраво за готово тезата дека модерните Македонци се „вештачки“, а дека „вистинските“ Македонци се „антички“.
Со оваа теза како своја идеолошка основа (јасно изречена и од Паско Кузман, пред неколку години, кога се калеше новата, „поубава и постара“ идеологија на античкиот Македонец) груевизмот шеста година жари и пали низ Македонија. Кузман тогаш рече дека борбата за македонското име е изгубена ако современите Македонци се откажат од античкото наследство. Врз таа сосема идиотска теза, велам, изграден е целокупниот лудачки проект на антиквизацијата, проект што груевизмот безмилосно го спроведува и материјализира низ еден насилнички и во совремието ретко виден културен инженеринг.
Груевизмот како да го
Испратено на 28 март 2012 од СтомакологГруевизмот како да го обистини она за што до вчера мислевме дека е непријателска пропаганда: Македонецот е аморфен, без идентитет, т.е. со идентитет што можеш да го смениш со релативно малку пари и релативно брзо. Тоа што го зборуваа пропагандите, тоа груевизмот тргна да го реализира, реално потврдувајќи ја тезата на непријателите: голем дел на Македонците од естаблишментот (кои денес се груевистички јуришници) го поплукаа казанот од кој до вчера сркаа и денес се крстат во нови („антички“) богови. Тоа понижување што груевизмот му го нанесе на македонизмот симболички е најголемото понижување во изминативе стотина години. Тоа понижување е истото кое на словенските Македонци од Егејска Македонија им го приредувале грчките асимилатори, убедувајќи ги дека се наследници на Александар и дека нивниот јазик е грчки, јазикот на Александар.
Значи, сограѓани, Македонци, на удар не се само репрезентативните објекти на македонскиот архитектонски модернизам, туку целото себеразбирање на неколку генерации Македонци. Она што му го направија на мостот „Гоце Делчев“, она што се спремаат да му го направат на објектот на Муличковски (начинот на којшто се маргинализираат и затскриваат од погледот зградите на театарот, поштата, оние од плоштадот итн.), е плукање на она што го живеевме до вчера. Плукање на она во што верувавме, до вчера. Плукање на нешто што е конститутивно, со што сме растеле, што не’ учеле да го почитуваме, нешто што е, најпосле, нашиот идентитет.
Никола Гелевски, Протези за ампутирани духови
Обрнете внимание на
Испратено на 28 март 2012 од СтомакологОбрнете внимание на двосмисленоста на зборот „преродба“: истовремено се препораѓа нешто што веќе било и нешто што е подобро од старото... Иако дел од „преродбениците“ зборот антиквизација го сметаат за навредлив, антиквизацијата е речиси синонимна со преродбата: се создава нешто ем постаро ем поубаво, како што велеше требињскиот градоначалник Вучуревиќ додека го бомбардираше Дубровник... Антиквизацијата, втемелена во митологијата, агресивно се претставува како највисока стварност, на тој начин истиснувајќи ја и заменувајќи ја обичната, нехеројска стварност.
Власта ги промени оградата и
Испратено на 28 март 2012 од СтомакологВласта ги промени оградата и осветлувањето на скопскиот мост „Гоце Делчев“. Како и сите други потфати во чудесновишниот проект „СК 014“, и промената на оградата е: евтина, површна, грда, груба, кичерска, накарадна, недолична, брутална, лажна и измамничка.
Евтино. Интересно е што сите проекти на Груевски, и покрај стотиците милиони фрлени евра, изгледаат евтино, „сувенирски“, како кулиси, како фасади. Најкарактеристичен пример за евтиноста (освен новите огради на центарските мостови) се скулптурите на војниците и лавовите што го чуваат Воинот на коњ. Изгледаат како пластични лебеди и лавови од евтин Кинески пазар.
Грдо, грубо, површно, кичерски. Проектите на Груевски се грди, груби, површни и кичерски зашто потекнуваат од ниски побуди, од јадната желба за широка допадливост и општо прифаќање. Една од наједноставните дефиниции на кичот е: спој меѓу високи начела и ниски побуди („мало чело се напиња да смисли големо начело“). Во проектите на режимот нема сериозен труд, продлабоченост, знаење. Само површни ефекти, политикантско манипулирање со необразованоста и запуштеноста на народот.
Накарадно, недолично, брутално. Козметиката врз оградата на мостот „Гоце Делчев“ е брутален атак врз авторската замисла за најелегантниот скопски мост. Замислен и реализиран како еминентно модернистички проект, вклопен во сличен архитектонски контекст (Зградите на Поштата, Владата, Градскиот ѕид), мостот сега се краде и фалсификува во варварскиот поход на еден насилен културен и политички ревизионизам. Откако, не водејќи внимание за каков било културен или урбанистички контекст, на мостот му ги нафрлија четирите лава, сега следи нова фаза од „преместувањето“ на мостот: „романтизирање“ на прецизното модернистичко дело. Ваквото накарадно исмејување и присвојување на туѓиот авторски труд (како мостот сега да е дел од травестијата „СК 014“) најпластично ја илустрира варварската природа на груевизмот.
Лажно, измамнички. Крајниот ефект на проектите на сегашниот македонски режим е лагата, т.е. измамата. Тие служат за популистички политички маневри или како Потемкинови села во едно разбирање на политиката како војна, а на јавните работи како пропаганда, дрил и дресура. Тие проекти не потекнуваат од културното миље, тие не поседуваат ни минимум уметничка суптилност и немаат подлабоко разбирање на работите поврзани со општеството, историјата и јавните прашања. Намерата на „културните“ проекти на груевизмот токму е измамата: инстантно да се промени идентитетот на нацијата, набрзина да се наштанцаат стотици скулптури, десетици „барокни“ и „класицистички“ згради за да се пополнат „идентитетските дупки“ (така груевизмот ја разбира историјата на нацијата којашто со радикален културен инженеринг се обидува да ја промени: како дупка која чека да биде пополнета од Избраниот). Но, измамата ќе беше измама дури и таквиот национален проект да траеше сто или двесте години (како во Белград, Атина или Софија). Вака, со набивањето и измислувањето цели векови национална присутност во два опустошувачки мандати на една примитивна „револуционерна“ партија, измамата повеќе наликува на фарса.
Груевизмот го третира
Испратено на 28 март 2012 од СтомакологГруевизмот го третира македонскиот народ онака како што го третирал и фамозниот француски конзул во Битола, од почетокот на 20 век, кој на шега изјавил дека кога би имал милион франци би можел да ги преобрати локалните Словени во Французи, смислувајќи им приказна дека се тие наследници на Норманите од крстоносниот поход од 12 век. Така и Груевски мисли дека со неколку стотици милиони евра, со мизерни стратегии на широк културен инженеринг и со масовен и бескрупулозен агитпроп преку ноќ може да го промени себеразбирањето на Македонците. Брејлсфорд (во чија книга, „Македонија“, од 1906 година, се спомнува анегдотата со францускиот конзул) коментира дека Грците издвоиле многу повеќе пари за Македонија, а сепак ја изгубиле. Така, неславно, на ѓубриштетото на најбизарните историски потфати, ќе заврши и проектот на Груевски да ја хеленизира („класицизира“) македонската култура.
Никола Гелевски, Нормани за милион франци
меглена, не сакам да се
Испратено на 28 март 2012 од Djangoмеглена,
не сакам да се повторувам...зошто мислам дека македонскиот народ е глуп ко ќускија?... кажав погоре
а зошто имам потреба тоа да го кажам?...па ми смета меглена..и ја сум дел од тој народ и сакам гласно да кажам дека царот е гол. малку навикнавме на лицемерие...уствари тоа е и дел од генетскиот код на овој народ. затоа и опстанал, во недостаток од борбеност и со кубурата „за секој случај„
и НЕ ...не сметам дека некого „колективно„ навредувам..само сметам дека ја кажувам вистината.само колективна катарза може да го спаси овој народ за да тргне напред.
и ај молим те...за александар македонски има прикаски и сликовници у цел свет...он е во сопственост на цела цивилизација...никако на оваа шака јад од 2 милиони. ај доста небулози...цел свет мајтап не тера.
и уште нешто меглена,сега
Испратено на 28 март 2012 од Djangoи уште нешто меглена,сега видов..
---Ако мислиш дека народот е ќускија, а само компанијата од Окно е просветлена ....---
ова не малку безобразна импутација?...од кај јас нешто такво реков?
за народот ќускија ДА, реков..за окно збор не реков...ми се виде убава темата и дискутирав...а тоа го правам и по форуми десетина години, а на мојот блог 5-6 години...во што е проблемот?...во тебе меглена
ако не си со нас...со другите си...клише
а дека ми се свиѓа окно, ми се свиѓа и користам прилика да се извинам затоа што дискусијава отиде офтопик
Дјанго, јас не реков дека си
Испратено на 29 март 2012 од meglenaДјанго, јас не реков дека си рекол. Реков "ако мислиш" , пошто ако мислиш дека народот е ќyскија, си на иста бранова должина со повекето колумнисти од окно, кои го тврдат истото. Тврдат дека Македонскиот народ е заведен и е неспособен (глуп како ќускија) да размислува со своја глава, и е многу лесно да го заведеш со три пароли и еден споменик. И моите постови се сведуваат на едно исто, односно дека народот не е глуп и точно знае што сака(како колектив) и знае кои му се приоритетите. Декларирањето некого колективно како ќускија точно влегува во матрицата на неколку од колумнистите, затоа што отвара простор за нели , етикитирање некого како фашист , а после се што треба да направите е да изберете некого од илјадниците антисоветски и антифашистички филозофи и да штампате колумни , кои како за чудо како да се направени за Македонија. Трикот е да ја извртите вистината и реалноста до левел да соодвествува на колумната, а не обратно. Не дај боже да напишете нешто оригинално кое ке тргне од реалноста. Полесно е да си добиете copy/paste материјал, а реалноста треба само да ја доведете да личи на колумната. Како главен предуслов тоа да можете да го направите, како што реков, ви требаат две работи. Диктатор и народ глуп ко ќускија. Декларирајте ги тие две работи на почеток на колумна и после можете колку сакате да лепите изјави од разни филозофи, кои зборат токму за тоа, диктатори и народи глупи ко ќускија.
И нормално кога истиот тој народ ке ви врати и ке рече, зошто викате дека човекот е диктатор, кога го бираме на избори, одговорот е... ќути ти си глуп и индоктриран. И така ќе се мотаме до бесвест, нерешавајќи ниеден од стварните проблеми на општеството.
Целта на тие неколку колумнисти е лесно видлива, бидејки се работи за лица кои се партиски определени и индоктрирани ,односно членови на совети на СДСМ, а тука на сајтот се продаваат за независни мислители и ослободени од било какви директиви. Луге кои доброволно одбрале да им даваат директиви, попуваат за слобода на говор и лесно заводливи народи.
И мене ми се допаѓа Окно, затоа сум тука, затоа што на едно место можам да прочитам и осознаам работи кои не можам на други сајтови. Меѓутоа кога ке видам вакви колумни кои во најмала рака се лицемерни, не можам а да не коментирам. Сакам сите да пишуваат за сите проблеми во општеството, мегутоа сметам дека на почеток на секоја колумна треба да се даде дисклаимер кој јасно ке даде до знаење кој е човекот, на чија партија припаѓа, и кој го плаќа за колумната. Се разбира ако нема што да крие. Верувам дека тоа е најмалку што може да се направи да му се овозможи на тој истиот народ да заклучи што е цвеќе а што коров. Затоа што веке заклучивме нели, дека е глуп како ќускија.
ах Меглена ах И хитлер беше
Испратено на 29 март 2012 од Djangoах Меглена ах
И хитлер беше избран на регуларни избори. И ?...Колку катарзични освестувања имаше германскиот народ? Тоа е веќе себеспознавање и „признавање„ на колективната заблуда.Значи народ глуп ко ќускија во 1933, се освестил и спремно и чесно и со ментално широко отворени очи, ги трга последиците до ден денес.
За Хитлер, зборува историјата и самиот германски народ, а можда има тајни агенти на Окно и во Германија хм?
Значи....
Не зборам за глупот македонски народ, зборам за глупиот германски народ, кој за разлика од македонскиот, глупоќата си ја признал, колективно....и работи на себеспознавање, а не се удара у груди дека е антички.
Хитлер никогаш не победил на
Испратено на 29 март 2012 од meglenaХитлер никогаш не победил на избори. За тоа и порано пишувавме тука. Напротив два пати изгувил на претседателски избори. Како и да е и ти влагаш ладно во матрицата опишана погоре. Немаш аргументи а се обидуваш да ги отвориш очите на некој друг.
А за антички прочитај ова што ке ти го напишам. Ако нема никаква врска никој со антиката, цивилизацијата ке беше одамна изумрена. Од околу 50-60 милиони луѓе на светот во времето на Александар сега сме околу 7 милијарди. Значи, ова за поети како вас го пишувам, пошто знам дека тешко ви иде математиката, математички е невозможно овие седум милијарди луѓе да немаат врска со античките луѓе. Второ твојата желба да немаш врска со антиката, јас не ти ја спорам, влечи си ги корењата од каде сакаш. Најверојатно имаш свое генеолошко дрво, со свој Адам и Ева. Не знам зошто , ама не ме чуди. Трето , еве ти уште малку бројки за коментирање. Византија, источното римско царство во времето на големата преселба на Словените на почетокот на 7 век била околу 17 милиони луге и се простирала на територијата на цел Балкан и Мала Азија. Со преселбата на Словените, Византија го губи Балканот од контрола и е редуцирана на малозаискиот дел и Грција и брои околу 10 милиони жители. Според тоа на Балканот пред Словените живееле околу 7 милиони луѓе. Каде отидоа овие луѓе ? Како седум милиони луѓе заборавија да зборат на својот јазик и го земаа јазикот на новодојдените неписмени Словени. И колку у ствари тоа Словени се доселиле за да имаат ефект врз оваа 7 милионска аморфна маса. Не мораш да ми контрираш. Само препопачај ми каде да прочитам за да можам да си ги отворам очите. И јас сакам малку да прочитам од тоа истото место каде што "просветлените" го црпат своето знаење. Овие бројки што ти ги дадов се земени од книгата на Warren Treadgold -A Concise History of Byzantium издадена 2002.
Инаку, се што кажав погоре е
Испратено на 29 март 2012 од DjangoИнаку, се што кажав погоре е едно општо место, кое изгледа треба да се повторува наново и наново. Туѓите грешки и доблести се најбезболен начин да научиш нешто и за себе ама изгледа тоа не пали, се додека не сетиш на своја кожа.
Мојата мисија е веројатно Меглена да ги отвори очичките
Ниеден народ не е природно
Испратено на 29 март 2012 од ПсихогерилаНиеден народ не е природно глуп. Глупоста како колективен хендикеп се јавува кога некоја багра од примитивци ќе почне да го индоктринира народот со митови, емоции и ирационално реакционерство. Глупоста станува општ параметар за коректност. Но, не се работи за глупост, туку за опијанетост, многу слична на верскиот фанатизам. Рациото е суспендирано за да може да профункционира внатрешната идеолошка матрица. Но, ова е само времена состојба која може многу лесно и брзо да колабира. Затоа не е чудно што големите диктатори често не ни успеваат да избегаат од освестеното стадо.
Се разбира постои и одреден дел на вистински хард кор морони кои во ваква клима добиваат шанса да бидат гласни. Не се многу, само се гласни и ги има насекаде. За жал овие морони го дефинираат мисловниот курс на опијанетите.
Нема излагање од матрицата.
Испратено на 29 март 2012 од meglenaНема излагање од матрицата. Мора во текстот и коментарот да има и диктатор и морони, и стадо и опијанета маса. Интересно, изгледа дека ако не ги ставите овие неколку елементи , немате што да кажете. Ај пробајте следниот пат без дикататор, пијано стадо, морони, фашизам, Скопје 2014.
Еве уште еден факт за сите што читаат. Погледнете ги само "search" зборовите под колумните. Се ке ви стане јасно. И кој се и што е целта.
Еве ги "search" зборовите за оваа колумна:
ХАОС став смртоносен виц пропаганда политика национализам наци-расистичка политика Монти Пајтон македонија деструкција Грција Груевски
Психогерила, може да кажам
Испратено на 29 март 2012 од DjangoПсихогерила,
може да кажам дека се согласувам,можда користам и малку „радикални„ изрази но, сепак тука сме негде... ама...шо праиме сос меглена?..ја мислам дека попросто го кажав, колко за во уше да му влезе
(меглена жифти мајка, ома се бранам...психогерила не ми е таен ортак од окно, па сеа као сме се удружиле)
Абе Магдалена грешнице...ај
Испратено на 29 март 2012 од костурчанецАбе Магдалена грешнице...ај објасни ми мене, необразованиот и неначитаниот, на кој јазик зборувале тие 7 милјони??!!! античко -македонски на битолски дијалект (Тентов)?
хахахаха...меглена си игра со
Испратено на 29 март 2012 од Djangoхахахаха...меглена си игра со математички (демек) срочена теорија на заговор
меглена ...тукушто ме потврди...зборуваме за ОПШТО МЕСТО
имено...викаш...
----Мора во текстот и коментарот да има и диктатор и морони, и стадо и опијанета маса.----
да де, ИМА све тоа...не само во коментарот...риалити има
а ако како што викаш...
---Интересно, изгледа дека ако не ги ставите овие неколку елементи , немате што да кажете. Ај пробајте следниот пат без дикататор, пијано стадо, морони, фашизам, Скопје 2014.----
го направиме тоа...ондак меглена си ставаме розови очила...тоа ти е (ви е ) интенцијата??
море гоните се...
(џанго се уздржава од псовање)
Костурчанец, сега ме збуни.
Испратено на 29 март 2012 од meglenaКостурчанец, сега ме збуни. Јас мислев дека сите тие што велат дека Словените дошле во 7 век, знаат на кој јазик збореле лугето пред тоа на Балканот. Една таква "мала ситница" ви избегала од објаснувањето за стартот на Словените на Балканот? Не ви текнало да прашате , или во нешто друго е проблемот. Во таа истата книга кај што си прочитал дека Словените дошле во 7 век на Балканот, сврти две страни порано, мора да пишува. Ако не пишува , а не си се запрашал досега тогаш не ти било ни важно. Така да не се секирај. Твојот старт е од 7 век наваму. Не си ја полни главата со неважни ситници.
Мори Магдалено мојот старт
Испратено на 29 март 2012 од костурчанецМори Магдалено мојот старт бар се знае, а твојот се губи некаде во времето на амебите...море и порано, некаде во метеорот кој го донесе првиот микроб, македонокока, на земјата..
Што се случи? Не пишува во
Испратено на 29 март 2012 од meglenaШто се случи? Не пишува во книгата, или ти фалат страници во твоите книги. Ај кога сме кај јазиците, еве уште едно прашање за тебе. си зе запрашал ли некогаш на кој левел треба да е јазикот на Словените за да можеш да ја преведеш Библијата на Старословенски. Стариот и Новиот Завет заедно имаат околу 14000 различни зборови и поими. Малце тешко би било да преведеш дело како Библија на примитивен јазик кој имал зборови само за секојдневна употреба. Ако почнале од 7 век , номадски племиња од Север , тешка работа дека имале повеке од 4-5000 илјади зборови во вокабуларот. Можеш да пробаш ако сакаш, да ја преведеш Библијата на јазикот на Чироки Индијанците, чисто вака да видиш колку е лесно. Чироки јазикот има околу 1000 зборови од кои се комбинираат сите други. Ја имаат преведено библијата , мегутоа морале во процесот да си создадат и да си позајмат зборови од англискиот. Од кого позајмиле зборови Старите Словени ?
Ајде еден лингвистички
Испратено на 30 март 2012 од ВселенецАјде еден лингвистички предзвик, зошто упорно зборуваш за јазиците, ама не ти се некои работи јасни. Библијата на старословенски е достапна на интернет и може да се симне. Ако знаеш да читаш на таа кирилица јас се кладам дека ќе разбереш најголем дел од зборовите. Зборови позајмиле од византискиот грчки, патем речено. Освен тоа, мудри биле преведувачите, па преведувале зборови со калкирање и созадавале нови зборови. Има доста текстови за тоа како се кодификувал и збогатувал старословенскиот, ако ти се чита слободно можеш да си прочиташ.