Фотографијата како единствена врска со минатото

15.11.2011 14:15
Фотографијата како единствена врска со минатото

Во март годинава силен земјотрес, проследен со цунами, ја погоди Јапонија. Десетици илјади лица настрадаа или исчезнаа, а половина милион останаа без своите домови. Меѓутоа, штетите не беа само од физичка и материјална природа – цунамито со себе ги понесе и спомените. Со цел повторно воспоставување на животот во областите погодени од оваа природна катастрофа, беше започната акција за спасување на изгубените фотографии.

Сегашните и поранешните вработени во компанијата Fujifilm, заедно со нивните семејства, се вдадоа во спасување на фотографиите кои беа најдени во урнатините по природната непогода. Нивната работа се состои од чистење на фотографиите од земја и солена вода, отстранување на мувлата која вомеѓувреме се фатила на нив, сушење и нивно складирање. Потребно е да се вложи големо внимание, бидејќи сето тоа треба да се направи без дополнително оштетување на фотографиите.

Некои од фотографиите се оштетени до непрепознатливост. Меѓутоа, и ним им се пристапува со потребното внимание бидејќи можеби некоја реченица напишана на нивната задна страна може да помогне при наоѓањето на сопственикот на албумот од кој потекнува истата.

Целта на оваа акција е да се вратат фотографиите на нивните сопственици. За да се олесни пребарувањето, спасените и обновените фотографии се класифицирани според географските зони каде што се најдени. Оние среќници што ја преживеале катастрофата и ги нашле своите фотографии, се чувствуваат небаре повторно воспоставиле врска со минатото. На тој начин фотографиите стануваат материјална врска, за многумина единствената, со животот пред непогодата.

Извор: pogledaj.to