Минамисанрику - градот кој беше проголтан од цунами

14.03.2011 12:15
Минамисанрику - градот кој беше проголтан од цунами

На сликите што ќе ги погледнете можете да го видите речиси целосно збришаниот јапонски пристанишен град Минамисанрику. Се претпоставува дека бројот на загинати изнесува околу 10 000. Овие фотографии се сведоштво за разорната моќ на природата.

Предупредуваме дека сликите можат да ве вознемират.

Зборот цунами настанал од јапонските зборови за „пристаниште“ и „бран“.

Цунами, егзотичен збор кој последниве децении навлезе во секојдневниот речник, претставува поместување на големи водени маси, како што се делови од море или океан, и тоа најчесто после големи подводни потреси.

Дел од морското дно се крева или спушта како последица од насилното движење на земјината кора, а цунамито може да постигне брзина како млазен авион.

Создадениот расцеп исфрла огромна количина вода која се движи како бранови кои се способни да прекријат големи далечини над отвореното море. Во мигот на настанување цунамито има релативно мала височина на брановите, со оддалечени врвови. Меѓутоа, како што брановите се приближуваат до бреговите, се зголемува притисокот од дното на морето, намалувајќи го растојанието меѓу врвовите на брановите и значително зголемувајќи ја нивната височина.

За оние што се наоѓаат на брегот, прв знак за надоаѓање на цунами е повлекувањето на водата, по што следи надоаѓањето на огромни бранови.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

Извор: jutarnjilist.hr, TVSA.ba

Jas sum Makedonka i ziveam vo

Jas sum Makedonka i ziveam vo Kjoto-daleku od pogodenite podracja za sreka..ama imam japonski prijateli koi ziveat tamu;i za koi veke 4 den nemame nikakvi vesti..i dodeka zivotot vo Kjoto tece recisi normalno,ziveeme vo neizvesnost za dragi luge za koi samo posakuvame da se vo zasolnishte..
Slikite se strasni,ama uste postrasen e faktot sto na niv veke gi nema-lugeto..

Даниела, жалиме со вас.

Даниела, жалиме со вас. Примете ја макар нашата вербална поддршка, кога веќе сме неспособни, во оваа јадна долина на плачот и самосожалувањето во која живееме, да организираме некаква рационална помош за Јапонија (не само на државно ниво, иако државата ни е најголем хорор).
Веруваме дека јапонскиот народ, заедно со вас кои таму живеете, е доволно голем да ја надмине и оваа несогледлива трагедија.
Ви благодариме за мејлот и ви посакуваме што поскорешно консолидирање на приликите!

Слични содржини

Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото