1016 hPa
87 %
11 °C
Скопје - Пон, 07.10.2024 05:59
Кога уметникот Аи Веивеи исчезна, неговите почитувачи започнаа потрага по него; кога кинеските власти му одредија казна од 2,4 милиони долари поради неплатени даноци, тие му праќаа пари. Сега, кога уметникот се соочува со истрага за ширење порнографија, неговите почитувачи се соблекоа голи.
Како што пишува весникот Guardian, интернет корисниците почнале да испраќаат свои голи фотографии откако властите го испитувале неговиот фотограф поради сликата која го прикажува Аи со уште четири голи жени.
Многу современи кинески уметници досега се имаат фотографирано без облека, но Аи сепак предизвика реакција кај властите и покрај тоа што се работи за обично позирање. Притворањето на Веивеи и обвиненијата за даночно затајување борците за човекови права ги толкуваат како казнување поради неговиот активизам и критиката кон властите во Пекинг.
Додека некои интернет корисници објавија на Твитер неколку свои целосно голи фотографии, други смислија малку подекоративна и луцидна варијанта на истата тема. На пример, некои од нив објавуваа својата бебешка фотографија, а на една слика има девет голи жени со залепени лица на овој кинески уметник на двоите гениталии и гради.
Вео Јунчао, блогер од Хог Конг кој постави две свои фотографии на интернет, за Ројтерс изјави: „Ова е прашање поради кое многу граѓани се лути. Интерпретацијата на човечкото тело е индивидуалн слобода и облик на креативната слобода. Исто така, ние не гледаме никакви порнографски елементи во неговата фотографија и затоа го користиме овој екстремен метод за да го изразиме нашиот протест“.
Жао Жао, фотографот кој ја сними оригиналната фотографија на Аи минатата година, за Ројтерс изјави дека пекиншката полиција го испитувала околу еден час, велејќи му дека фотографијата е опсцена. Веивеи за истата новинска агенција изјави дека и него полицијата го испитувала поради евентуалната „скриена“ конотација на фотографијата. Тој вели дека не постои скриена политичка порака и дека не ги критикувал властите, но истакна дека во секој случај тие можеле да ја видат како „бунтовнички чин“.
Извор: e-novine